2(Maw) од Hanatrash
(Harsh Noise, Japanoise)
Hanatrash се едни од основачите на првиот harsh noise бран што започна во Јапонија, а нивниот уникатен стил е со силен нагласок на изведбата. Нивната втора издадена аудио касета од 1987 е еден од поомилените концептуални албуми од постарата генерација на познатата japanoise врева. Употребувајќи "сечи-лепи" пристап, албумот изобилува со звуци кои делуваат како да се напикани во блендер и потоа исповратени како хаотични мини-колажи. Плетора од разноразни звуци пролетуваат, варирајќи од грубоста на бетонски кршачи, до јавашлукот на капки вода и чкрипењето на истриен балон.
Има еден значаен момент на средината од втората страна на касетата каде што бендот може да се слушне како крши порцелански садови за да создаде примитивен ритам. Во втората половина на албумот можат дури да се слушнат некои урнебесни noise експериметни како траки од 5 секунди, пискави - насилнички вокали и акустичен фидбек. Омотот на албумот лично не го осеќам толку хипнотички колку што го осеќам како соголена жица што те треска и пржи со нејзините диви, непредвидливи структури.
На некои места филингот малку делува погрешно и станува тешко да се земе сериозно, но со таква уникатна offbeat атмосфера, извонредни преоди и ненормална креативност, никој кој е заинтересиран за врева не би требало да го пропушти овој албум. Од овој албум па натаму, кариерата на Hanatrash зема нагорна линија, соработувајќи со имиња како Masonna и Lee Ranaldo.
Целиот албум, по редослед: