Врева

  • Креатор на темата Креатор на темата Антоние
  • Време на започнување Време на започнување
Lettera 22 - Dieter Tapes (NNA Tapes, 2012)
(Musique Concrète, acousmatic)

Lettera 22 е дуо создадено од Матео Кастро и Рикардо Маѕа, двајца брилијантни артисти од првите редови на богатата италијанска noise & experimental сцена. "Dieter Tapes" е еден вулгарен колаж од запустено аудио, адаптирано за абнормална цел и уништено од борбата на човекот версус машината. Lettera 22 употребува екстремни текстури и динамика градејќи високи нивоа на погрдна тензија, а потоа загазувајќи ги во какофонија од скршени флаши од скопско и старо железо, оставајќи позади костур од кркорлива тишина и телевизиски бел снег. Темен, валкан и запуштен албум, правејќи те да се осеќаш како да си сведок на тепање во темна уличка.

Preview:
http://www.junodownload.com/products/dieter-tapes/1941365-02/

Ако треба линк слободно побарајте.
 
Fatale од Pedestrian Deposit
(Harsh Noise, Pedal Noise)

Едноставно обожавам кога noise артистите вметнуваат нешто како нежна пијано трака или некој друг вид на пријатна инструментализација како слој врз самиот harsh noise.

Поготово кога се вкрстени на еден ваков прекрасен начин.


Ако треба линк слободно побарајте.
 
Jamie Saft и Merzbow, одлична комбинација на dub и noise. Се потсетив на ова кога го слушнав пијаното во noise траката погоре.

Еве и ова помрачно и погрубо
 
Harmony in Ultraviolet од Tim Hecker
(dark ambient, drone, glitch)

Тим Хекер е талентиран артист кој позади себе има плодна дискографија на албуми. Поминувајќи низ неколку фази како на пример 2003 кога експериментираше со клавијатурите на Брајан Ено, или 2004 кога беше обземен со My Bloody Valentine и нивната агресија и деструктуираност. Албумов претставува своевиден врв во неговото достигнување во полето на вревата.
Harmony in Ultraviolet e еден драматичен албум со темен и океански вајб. Од една страна извртнини и сводови, а од друга внимателно испланирани промени во структурата, стаза и концентрација. Почетните траки се Хекер во неговите најотсликувачки и евокативни моменти. Милозвучни пејсажи како во сонливата соната "Chimeras" кои го носат расположението на слушателот на едно темно и непријатно место. Од тука натака, албумот е како еден тобоган од нежно и валкано грубо, пријатно и непријатно менување на амбиентот. Преовладувачката тема во "Harmony in Ultraviolet" според мене звучи како борба за поврзување или конекција. Како еден разговор кој се надева дека ќе биде пренесен низ оголени зарѓавени жици кои постојано осцилираат, причинувајќи го сигналот на разговорот кон дезинтегрирање во облак од врева. Тоа што сака да биде пренесено не се веќе гласови, туку во суштина, информации.
За разлика од претходните албуми, тука мислам дека Хекер солидно ја има совладано употребата на динамика, пред се затоа што преодите од нежно шепотење до експлозивна врева се јасно мапирани. Некаде кон средината на албумот која што е сочинета од движењата "Harmony in Ultraviolet I, II, III и IV", Хекер почнува да те вовлекува во изопачената метал гитара, чии што вриштења се далеку понагласени во неговиот нареден албум. Првиот дел почнува со нежни дронови и слаб минимален глич нагласок, вториот дел е нешто налик слушање на dub свирка под вода, со високотонски хармоники сврзани во кружно коло, третиот е со полесен амбиент и четвртиот претставува едно крешендо од дисторзија завиткана околу ладни тонови.
Висината на албумот се достигнува во делот од две движења "Whitecaps of White Noise" каде што сето тоа лудило и сите тие изливи на изобличување и меланхолија претставуваат една од најдобрите апстрактни музики од модерната ера.




ПС: кога сме веќе кај Брајан Ено, оваа среда во кино Фросина во МКЦ, со почеток во 23:00 часот ќе има прикажување на документарна програма за ликот и делото на легендарниот амбиент артист како дел од фестивалот Cinedays.
Се гледаме таму.

http://www.cinedays.com.mk/selectedarticle.aspx?cid=1192&l=15&scID=628
 
Tokyo Anal Dynamite од The Gerogerigegege

Еден од најбитните и најзначајни изданија на Јапонската harsh noise сцена. Во суштина се работи за снимка од еден нивни настап од 1987, поделен во 75 траки. Секоја трака ја следи истата формула: кратки спастични изливи на врева, потоа Јунтаро, вокалистот, кој е надалеку познат по неговите уникатни настапи почнува да пцуе и да се дере од петни жили на искасапен Англиски и Јапонски јазик, за да на крај кулминира со експлозија на избистрена дисонанца со примеси на панк. Некаде при крајот на албумот, Јунтаро почнува да снемува глас од толку дерење и нагласокот се поместува назад на скатолошките спазми(концепт од кој се роди и омотот на албумот) и агресивната изведба.
Омотот на албумот(прикажан на видеото подоле) претставува солидна припрема за тоа што ве очекува во наредниот половина час.

Целиот албум:
 
Souvlaki од Slowdive
(shoegaze, dream pop)

Последниве неколку недели постојано го слушам овој албум додека се возам од/до читална, претежно навечер и можам да кажам дека албумот е феноменален. Едноставно ги зема сите улични светла и полу-осветлени окружувања и ги претвора во топка од урбан-дигитален гниеж кој се бунтува безнадежно против своето неминовно распаѓање.

 
Пост под пост ќе испадне билдање, поминале 120-те минутки.

Fenn O'Berg има слушано некој? Проект на Fennesz, Rehberg и O'Rourke.

Антоние, имаш слушано Jetone; другиот проект на Тим Хекер?
 
Пост под пост ќе испадне билдање, поминале 120-те минутки.

Fenn O'Berg има слушано некој? Проект на Fennesz, Rehberg и O'Rourke.

Антоние, имаш слушано Jetone; другиот проект на Тим Хекер?

Nope, појма немав дека Тим Хекер има други проекти. Стави нешто да слушнеме :)

Инаку, го имам слушнато "The Return of Fenn O'Berg" еднаш или двапати. Ми се допаѓа начинот на кој е имплементирана прекрасната романтична оркестрална музика во албумот. Мислам дека е на еден начин совршен контраст на раштраканата врева. Ми звучеше мошне драматично.
 
Nope, појма немав дека Тим Хекер има други проекти. Стави нешто да слушнеме :)

Инаку, го имам слушнато "The Return of Fenn O'Berg" еднаш или двапати. Ми се допаѓа начинот на кој е имплементирана прекрасната романтична оркестрална музика во албумот. Мислам дека е на еден начин совршен контраст на раштраканата врева. Ми звучеше мошне драматично.

Албумот оди од поденси ствари ко ова:


до врееееева ко:


Два албуми има издадено ко Jetone. Ова е од вториот. Првиот го симнав пред некој ден, ќе одвојам време за него деновиве.


Еден дечко шо ми го препорача ZigZag, има прекрасни ствари, мулти-жанровски.


А гледам и никој ги нема спомнато татковците на дронот - Коил, и нивниот Тајм Машинс проект.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom