Само што ја прочитав темава , ми текна дека веќе имаше ваква , и дека ова го имам пишувано пред повеќе од година дена.... еве го тој пост:
а еве и линк до темата
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=5575&page=2
-------------------------------------------------------------------
Пред да почнам да зборувам за времето....ќе мора да го разгледам просторот.
Замислете две точки одалечени на некое растојание меѓу себе, од таа почетна позиција едната точка почнува се движи кон местото на другата со некоја постојана брзина.Кога тогаш ,таа ќе се најде на половина пат и ќе продолжи да се движи.Така движејќи се таа повторно ќе се најде на средина од преостанатата половина и ќе продолжи да го дели растојанието на се поситни половини.Но до кога? Несомнено е тоа дека ќе постои моментот во кој точката ќе се најде на средината од преполовеното растојание.Ако можеме така вечно да го делиме просторот на половинки....Заклучокот е неизбежен.Точката никогаш нема да стигне до втората позиција.Но ние можеме да видиме не само дека точката ќе го пропатува одреденото растојание туку и ќе го премине.Како е тоа можно точката да ги препатува тие бесконечно многу половинки??
Можно е затоа што не се бескончно многу.Ги има во конечен број.Просторот ќе се најде во неделива состојба.Во состојба каде што нема да има ништо поситно.Ќе се сведе на нешто единично и основно и повеќе неделиво.Што е тоа незнам!!! Ама мора да го има, инаку движењето низ просторот не би било возможно....никој нема да стигне таму каде што тргнал.Помеѓу две такви единици на просторот ќе има нешто што се нарекува “ништо”.A Патувањето од една таква заокружена целина во друга мора да се одвива инстантно и со скокови ,патот нема да биде непрекинат.Затоа што повторно би навлегле во иститот “зенов парадокс”.Преминот ќе изгледа буквално магично.Во едниот момент е на едно место , а во наредниот скока во соседството без да пропатува.А впрочем , неможе да патува преку ништо,затоа што нема простор меѓу единиците.
Но ајде да ја тестираме оваа теорија.
Соодветен пример имаме во делот од науката кој се занимава со веројатноста.Тоа е дисциплина која се занимава со изучување на крајниот исход на одредени експерименти за кои не сме во можност да ги предвидиме однапред.Повторно да земеме една отсечка.Ако го ограничиме некој интервал од отсечката и сакаме да знаеме која е веројатноста некоја “случајно ” избрана точка ќе се наоѓа во истиот.Тогаш таа ќе се определи така што должината на интервалот ќе ја поделиме со должината на отсечката.Веројатноста ќе има вредност помеѓу нула и еден 0<x<1.
0 ќе значи дека настанот нема да се случи а 1 дека сигурно ќе се случи.
А која ќе биде веројатноста да избереме точно определена точка од истата отсечка??
Тоа ќе се пресмета на тој начин што ќе ја поделиме должината на точката со должината на отсечката.А бидејќи точката има должина “нула” тоа значи и дека веројатноста да ја избереме точката е нула т.е не е возможно да се случи.Но дали е навистина така.Ако на изборот на некоја точка е невозможен, тогаш тоа ќе важи и за сите точки од таа отсечка.А од што е градена истата ако не од точки.
Е сега ќе ја тестираме претходната претпоставка.И нема да замижуваме со тоа што ќе ја разгледуваме како
математички проблем* , туку како нешто реално.
Проблемот е многу лесно решлив со тоа што ќе кажеме дека таа точка и не е точка, туку тоа е таа најмала единица на просторот која има цел и неделив број на должина(односно треба да се тргне од неа како референт и да се земе како цел број) .Од тука веројатноста нема да биде нула при нејзиниот избор...колку и да е мала таа, сепак ја има.
Сега после теоретскиов тест на теоријава можам да се опуштам и да кажам дека просторот е дискретен а тоа значи дека мора да постои честичка која исто така е неделива и кончна.
хухх.......
Сега е 5 саатот посабајлечки, у 12 попладне полагам веројатност и статитика. Очигледно не ми бега паѓање на колоквиумот.
уффф времето од секогаш било проблем....
Ајде да го разгледаме и времето .Да претпоставиме дека е во постојан тек.Дека нема прекини (сега си викате" па како инаку....зар може да прекине да тече времето"). Замислете дека цел универзум се "замрзнал" и нема никакво движење.Ако времето продолжи да тече ,тоа значи дека е апсолутно независно од материјата и просторот.Штом е независно тоа значи дека неговото постоење нема да има никаква ама баш никаква смисла.Нас не не интересира нешто со што нема начин да кореспондираме.Тоа за нас не постои .Единсвен начин за спознавање на светот е преку интеракција.Ако нема интеракција, значи не постои.Но сепак го осеќаме времето.Тогаш што е тоа.
Времето не е ништо друго освен показател дека материјата се придвижила .Тоа е директно поврзано со движењето.Во моментот на премин на честичките времето не тече.Затоа што така би ја затекнало материјата во состојба на непостоење.Односно во одреден период таа не би постоела затоа што не би се наоѓала никаде во просторот, заглавена меѓу две единици простор односно "никаде".Времето едноставно отчукува како што материјата се движи.Времето и просторот не се непрекинати како што обично си ги замислуваме.
Доколку ти драг читателу го прочита ова и барем малку се потруди да ме разбереш што сум напишал, ќе те замолам да ме известиш за тоа на било кој начин
*
математички проблем....математиката е јазикот на природата.Односно нејзин модел,што јасно укажува дека математичките правила се изведуваат како заклучоци од набљудувањето и сознавањето на сето она што не опкружува.Во некои делови од математиката потребни се изменувања на правилата......професорката предава предава и вели дека решението за веројатноста да се погоди точно избрана точка е нула и од никаде вади заклучок дека е скоро нула, таа се чеша за глава ....јас за брада...си викам жено не си у право, ама ако ти го кажам тоа. никогаш нема да положам