ЛеоЛе07
Не биди трол
- Член од
- 8 октомври 2010
- Мислења
- 879
- Поени од реакции
- 375
Колку и да изгледа, на прв поглед, парадоксално тврдењето дека враќањето на визниот режим, тоа може да донесе некакви придобивки за Македонците. Вака го почнува текстот во Нова Македонија Тони Науновски, доктор по филозофија (умен на баба и на мајка). Според „експертов“ ние во Македонија сме непрокопсани растурикуќи кои одвај чекаме да ја здувнеме во ЕУ, па поради тоа добро би било таа ЕУ да не затвори како овци во трло со помош на визите.
„Зошто и како Македонците донесуваат одлука да си заминат од своето парче земја, е прашање што останува енигма.“ за нашиов ем доктор, ем филозоф.
На Тони не му беше доволен просторот што еднаш неделно му го дава Нова Македонија, па откако неговата колумна доби голема (не)популарност, реши да одговори во коментарите:
Епа докторе, од такви како тебе мене ме фаќа сафра која ме тера не од државава да се иселам, туку од Сончевиов систем.

Тони Науновски
Оние кои ја нарекуваат идејата за задржување на Македонците во Македонија глупава, односно мојот текст го нарекуваат глупав, веројатно се глупави - колку и да не сакам да го употребам истиот некултурен, несоодветен израз... зарем е можно навистина да мислите дека желбата да се остане во нашата држава, и таа да се направи подобра во секој аспект, е глупава? Конечно, токму заради ваквите луѓе дојдовме до ова дереџе како Македонци и како држава...и којзнае, можеби на мојата држава и ќе и биде подобро ако заминете некаде...мојот избор, мојата судбина е Македонија! за вас, кои ме нарекувате глупав, не знам и не ме интересира - без трошка почит кон своето и само свое парче земја, невоспитани, без лична култура...каде и да одите, ќе бидете она што сте!
Епа докторе, од такви како тебе мене ме фаќа сафра која ме тера не од државава да се иселам, туку од Сончевиов систем.