Враќање на легендата – Iveco Campagnola

  • Креатор на темата Креатор на темата viktor_mak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Веб-сајт
forum.opsesija.mk
Враќање на легендата – Iveco Campagnola


campagnola-%282%29.jpg

Добрите познавачи на теренците ќе кажат дека најпрооден теренец на сите времиња е Fiat Campagnola. Незабележливиот малечок теренец се произведуваше од 1951 до 1987 година и се уште победува на многу оф-роуд трки низ светот.
campagnola.jpg

Ако пак ви е чудно зошто Iveco го прави новиот модел, веднаш да спомнеме дека Fiat е сопственик на овој производител на лесни и тешки товарни возила. Има и уште едно изненадување – дизајнот го потпишува Guigaro!
campagnola-%281%29.jpg

Новата Campagnola е всушност специјална верзија на теренецот на Iveco, Massif, со три врати и четири места за седење. За погонот е задолжен 3,0 литарски турбо дизел мотор со максимална сила од 176 КС и вртежен момент од 400 Nm. Менувачот е мануелен со шест степени на пренос, а достапни се и сите механички блокади на погонот без кои не може ниту еден добар теренец.
campagnola-%283%29.jpg

Iveco Campagnola секако не е наменет за оние кои сакаат да купат BMW X5, Audi Q7 или Mercedes ML, туку за авантуристите и за оние кои знаат да го ценат теренскиот потенцијал на ова возило.
campagnola-%284%29.jpg

campagnola-%285%29.jpg



Е ова тоа што јас го викам теренец а не Лада Нива :)
 
Стара вест е оваа. Заштитни знаци на џипов се фудбалери. Мислам дека Анри. Не се сеќавам ич. Во основа е Ланд Ровер Дефендер. Искрено? Сто пати поубав ми е Ланд Роверот. Е сега МОЖЕБИ ќе нуди поголем луксуз бидејки ЛР нема ништо. Чисто спартанско возило, за кое треба да одделиш 30,000 евра. Точно е дека ќе те однеси секаде. Но затоа имаш Лада Нива за 8-9000 евра. Плус то имаш Лада нива со 5 врати.

Lada+Niva+2131+rear.jpg


Само не знам зошто не ја носат кај нас!
 
Мислев станува збор за некој возач кога го прочитав насловот на темава :) И, ајде спореди го со лада, зошто му даваш предност? Си ги возел и двата модели?
 
Предност? Се знае дека квалитетот е подобар на талијанецот ама пак 30,000 евра? Пеер и Пасат ќе купам и Лада нива за истите пари :):pos2:
 
Давам предност на ова дивдејќи е Iveco кој што претставува синоним за квалитет во индустријата на камиони. А Lada?! Lada е руска автомобилска компанија која прави возила само за пазари со мала потрошувачка моќ како нашиот т.е. нешто како Zastava.
 
Фиат-Ивеко-Застава-Лада сите се чеда на Фиат. Така што исти курац. :)
 
Давам предност на ова дивдејќи е Iveco кој што претставува синоним за квалитет во индустријата на камиони. А Lada?! Lada е руска автомобилска компанија која прави возила само за пазари со мала потрошувачка моќ како нашиот т.е. нешто како Zastava.

A aко фукнат цена на Ладата во америка пример 25.000 долари, а на ивекото 12.000 долари, шо ќе каже некој амер - која е поквалитетна кола? :)
 
A aко фукнат цена на Ладата во америка пример 25.000 долари, а на ивекото 12.000 долари, шо ќе каже некој амер - која е поквалитетна кола? :)
Абе остај ги ти нив. Ја нигде не спомнав цена. Плус сигурно и амерот ќе купи Ивеко бидејќи се многу попознати од Лада. Исто така заборавив да ги напоменам и патничките и товарните комбиња на ивеко кои се најквалитетни комбиња после оние на Мерцедес (бар на нашиов пазар).
 
Читав пред извесно време во едно списание дека Лада Нива нема конкуренција кога се работи за теренско возило.Иначе мој фаворит е убедливо УАЗ модифицаран со мерцедес мотор и диференцијали од Волга .
 
Гораздс: Не си имал можност да ја пробаш нивата со дизел машина (верувај дека е многу моќна, со мојата имав ФАП камион влечено на угорнина), затоа така мислиш. А тој уазот кој ке ти го модифицира? И побитното... Мерцедес мотор ок, ги има колку сакаш, се става, ама кардани од волга мнооогу тешко се наоѓаат.

Во контекст на темава... Ке биде продавано џипчево, гарант дека армијата на Србија, Италија и некои други земји ке го купат :) (па нели кај нив се прави срамота е тие да возат друга марка), значи пазарот горе долу им е обезбеден. Вака не се лоши, но сепак бе.... 3.000 кубици за бедни 170кс. Тоа го наследува моторот од Ивеко комбето. Башка Фиат кампањола се легенди, докажани, покажани и проверени. А ова сега за сега е парче железо кое се базира на стара слава, а колку ке биде успешно во офф-роад условите ке видиме (сепак ни еден теренец неможи со БМВ Х6. па вие појма немате, тенк е тоа возило нема кај нема да излезе, само треба да му ставите други гуми зимски, и 3 вреќи цемент за да тежи назад подобро да оди :baeh: и нормално на првиот поголем предизвик ке барате некој да ве шлепа).

А за Америте.... ниту ке купат ниту ке возат. Научени се тие бато на в8 мотор кој лапа ненормално бензин и има над 350кс. кај тој ке ти возел Лада Нива, или Ивеко..... За нив се знае што е, нивните Џи-Ем-Си, и Хамер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom