Вработување надвор од МКД

  • Креатор на темата Креатор на темата Плавооко
  • Време на започнување Време на започнување
Не ојте во странство, може дрогираши и педери да станете!!1!

И тука има такви,мада тоа е желба,а човек ако тоа не го влече,независно од тоа дали е дома или во странство.
 
не знам зошто така зборате...дали така ви се погодило или јас сум сречко не знам шо е работата..кога бев Америка побарав работа во фабрика за преработка на грашок.Го чекав газдата 4 дена и на крај се појави.Тој беше турчин..и поминаа сите оние основни прашања колку како шо...не беше баш задоволен...кога ги побара моите документи и ме виде дека сум од Македонија ми рече ,,Не ми требаат работници ама дека си од Македонија ке те земам да работиш кај мене''.Ова беа точните зборој со кои ме прими на работа.Познавал многу македонци живеел во Канада 7 години.Работев по 12 саати и бев платен 12 долари од саат.Свака му част.После тоа заминав за Детроит во ресторан бев вработен зато шо имаше 3 вработени од МК и бил многу задоволен од нив..па ме прими и мене.Мислењето на странските бизнисмени за македонските работници се на високо ниво..не ми е јасно зошто толку плукате...не велам дека сите не сакаат но во глобала да

Точно... Добро што си налетал на турчин они секогаш не подржуваат. Лошо е ако почне де те гледа ко балканец највеќе ради србиве и брачава
 
Како мисли дечково да го вработуваме во странство? Да идеме од фирма до фирма да прашуваме слободно место за Македонци има ли? И тоа после работно време :)))
Дечко ако некој нешто ни каже или побара од нас ние веднаш пренесуваме на Кајгана. Али честопати се случува да не се оствари тоа, бидејќи тоа не се наши зборови него туѓи зборови. Ние само пренесуваме. И предупредуваме ако се сомневаме во преваранти.
Мислам дека секој знае како се бара работа, има веб страни, аплицираш со сиви и чекаш да те одберат па да те викнат на интервју. Ако им се бендисаш те вработуваат.

Работа има! Јас не знам што не ви е јасно...
#Спиро :D
 
Каде отиде директно, де подобјасни малку може и други директно ќе заминат? Што работеше, со што образование си, итн.

Токму ова и јас го барам од сите..ги читам се фаќаат каква била улицата,какви биле комшиите,дали пица била 2е или 7$....инаку отидов 2005год,буквално САМ.немав ни познат,ни роднина...никој! Заминав како турист,да прошетам демек со 500е во џеб,а излезе дека останав цели 3 месеци.Се работи за Данска,која и те како е проблем да се влезе,не пак работна дозвола или слично да се бара.Во зградата каде што бев сместен имаше студенти кои таму беа на студирање. Низ муабет кои сме,од каде сме испадна дека повремено работеле во фирма за каблирање и одржување на мрежи. Е ова е најдобриот дел...седиме пиеме пиво и едниот вади некаква шема што требало да ја монтираат наредните денови и мене ко што ме дал Господ,да се најдам во секој муабет,одма му кажувам ова вака е подобро,она бриши бла бла...и типов наредниот ден ме кажал на работа.Имам ваков и ваков до мене.Се јавија на еден....не знам дали беше англиски,германски,француски...тоа се измешано,ама се разбравме дека сакаат да ме видат.На самото интервју немаше кој си,од каде си,дај факултет и слично...туку,еве ти просторија,имаш 2 дена да смислиш како ќе ја опремиш со 2 сервера,24 клиенти...кога почнав да си чкрабам со пенкалото врз листот,прво ме гледаа чудно во смисла абе ај не зезај....за после 2 саата да речат ПРИМЕН! и тоа со документи!!! ни пасош,ни амбасади ни ништо.Самата фирма си ја брка таа работа....поентата ми е,не се залетувајте ваков пасош таков пасош,бирајте тоа што НАВИСТИНА ЗНАЕТЕ да го работите,па ќе видите дали МК пасош е проблем...моментално бркам уште некој сертификат од Microsoft и рикверц надвор...а потоа имам намера да направам Водич,каде да одите,каде да прашувате и што да прашувате...буквално сервирано на тацна до последна ситница ;)
П.С. Заборавив да наведам дека сум со средно и немам намера да тупам мозок по факултети
 
На запад моментално се бара IT кадар.Не е важен факултет,туку кликер и знаење....знам дека ова е погрешна тема,ама морам овде да го ставам..... https://www.microsoftvirtualacademy.com ... направете маил на hotmail.com и со среќа учење,додека е безпари ;) и без трчање по звучни теми,почнете од почеток :) часовите се full,значи по 50 и повеќе минути,целодневна настава,но никој не ве брка да мора сите да ги гледате во еден ден,колку можете,кога можете...информација плус е голема работа
--- надополнето: 28 мај 2013 во 16:11 ---
Лаву копај си го бунарот што се замараш со странство?
И ти имаш факултет па не те сметам за паметен, напротив. Ти си дел баш од тие широки народни маси за кој зборуваш.

Туку дечко само едно прашање до тебе, имаше среќа во газот или немаше?:) Мислиш ли дека баш така може да се вработат сите?

среќа е релативна работа...ако ја имаш,а не ја препознаеш исто како да ја немаш нели? ;) знаење само,ништо друго....инаку диплома од факултет е за во wc,полесно да ти ..... :ROFLMAO:
 
Мене ми боде во око она со зградата и дечките. Дали се познаваше уопште со некој (со дечките од зградата претходно) или сварно си имал среќа и се магично ти се случило,да ја одбериш таа зграда,и да ги сретниш тие дечки. И да....јазик ?
 
На запад моментално се бара IT кадар.Не е важен факултет,туку кликер и знаење....знам дека ова е погрешна тема,ама морам овде да го ставам..... https://www.microsoftvirtualacademy.com ... направете маил на hotmail.com и со среќа учење,додека е безпари ;) и без трчање по звучни теми,почнете од почеток :)
--- надополнето: 28 мај 2013 во 16:11 ---

среќа е релативна работа...ако ја имаш,а не ја препознаеш исто како да ја немаш нели? ;) знаење само,ништо друго....инаку диплома од факултет е за во wc,полесно да ти ..... :ROFLMAO:

Секаде се бара ит кадар, тие имаат предност на ова време. Диплома од факултет без искуство и знаење ти е исто како да ја немаш. Не е работата само да имаш ете и лавот има па нема врска. И шуто и сакато има диплома од факултет сега, само подоцна се слчува елиминацијата, кој вреди и колку вреди.
Патем јас само еден начин знам за вработување во ЕУ, а да не е тоа работа како келнер која се бара на сличен начин кој ти го опиша. Имаш страни за вработување, аплицираш, те викаат на интервју и ти даваат договор за работа. Лесно и едноставно, не ти треба нит посредник, нит пријател. Ако вредиш ќе те викнат, ако не никој не те вика. Не сум ит струка, туку со економски сум за кој се вели дека не го примаат во ЕУ нели.
 
Може и со средно да се работи во странство, ама платите од £60k можеш да ги сонуваш со средна школа.За големи плати мора да влезеш во менаџмент, а за таму диплома од факс is a must've.
 
Секаде се бара ит кадар, тие имаат предност на ова време. Диплома од факултет без искуство и знаење ти е исто како да ја немаш. Не е работата само да имаш ете и лавот има па нема врска. И шуто и сакато има диплома од факултет сега, само подоцна се слчува елиминацијата, кој вреди и колку вреди.
Патем јас само еден начин знам за вработување во ЕУ, а да не е тоа работа како келнер која се бара на сличен начин кој ти го опиша. Имаш страни за вработување, аплицираш, те викаат на интервју и ти даваат договор за работа. Лесно и едноставно, не ти треба нит посредник, нит пријател. Ако вредиш ќе те викнат, ако не никој не те вика. Не сум ит струка, туку со економски сум за кој се вели дека не го примаат во ЕУ нели.

ова се е супер,само има еден проблем.еве да речеме имаш пуштено ЦВ на едно 20 места,нека бидат во иста држава. и еве,нека сите се заинтересираат за тебе,да отидеш на интервју. и нека не биде којзнае каде,нека биде Словенија,најблиску е. Карта до таму (повратна) е 110е со бус и 1 ден пат...би отишла 20 пати??? Само колку да те видат,да си направиш муабет,еве и пробно ден два...м? не викам дека е погрешно твоето,но економски не е исплатливо...сега имаш коментар од типот - па не мора баш на сите,ќе си одбереш кај кого...и како по правило ќе го одбереш оној што нема да те вработи затоа што еден прамен од косата ти е посветол од другиот дел,или црвена си во очите од спиење во автобус по автопати...нели? :( ..а за економскиот,бараат сметководство и ревизија,па уште ако познаваш стандарди....примена си во истиот момент :)
 
Ќе зборам конкретно за Германија бидејќи имам само од таму искуство. Во Македонија кога аплицираш на интервју викаат и по 100 души. Овде кога аплицираат сивито е карта за влез, тоа треба да содржи се што бараат во огласот и воедно да го поседуваш. На интервју викаат двајца до тројца, честопати и само еден. Кога веќе те одбрале за интервју шансите за влез на работа ти се 70%. Ептен треба да се оплескаш на интервјуто да не те примат. Барем овде така функционира. Така да економски е исплатливо да отидеш да поразговараш.

Да дополнам во некои компании интервјуто го прават и преку скајп ако го одберат твоето сиви. А некои големи компании и патот ти го плаќаат кога веќе го одбрале твоето сиви, плус те сместуваат. Зависи од позиција и компанија.
 
друштво,јас отидов на учење :) се надевам нема да ве најдам подоцна "нашминкани" ;) сите сме во иста каша,помагајте...и онака светот е поделен веќе,не остана ништо да се дели :)
 
Ајде иди учи. Секако дека ќе не најдеш со Лион по темиве ние сме вечно на спортивни страни :)
 
бејби јас веќе бев надвор....ни веб страна,ни цв ни ништо...само директно

Да да убаво кажано, само директно, ако идеш преку посредници тие сите пари ќе ти ги земат.
--- надополнето: 28 мај 2013 во 16:53 ---
Заминав преку факултет Work & Travel програмата со 4 месечна виза.Бев во Северна Дакота со работа од тука најдена..а фабриката беше како second job... месец дена пред истекот на визата заминав за Детроит и испратив барање преку Македонија т.е. други ја бркаа таа работа во америчката амбасада во Скопје за да добијам туристичка виза.. секако ова ми го кажаа други кои го направиле истото.Барањето не мора да биде само за туристичка виза туку можи да биди во стил на барање твојот факултет да го продолжиш во USA..работна виза итн.Е сеа финтата е тоа што процедурата трае 7-8 месеци дали ке ти дозволат да земиш виза или не.За тие 7-8 месеци ти слободно можиш да си работиш.И се разбира резултатот на барањето се знаеше дека ке биди негативно..тоа и беше намерата..да не добијам виза но да седам и поработам во Америка уште неколку месеци...а ако добиев тоа ке беше уште подобро :)
Единствена лоша работа е шо за странците и не берат многу гајле таму..мене кола ме удри па не ни ја заведија несреќата..како воопшто да не се случила..ке отворам тема за тоа ми треба и мене помош за нешо.Во глобала е тоа..визата од тука се зема многу лесно...тие шо беа по-шутраци обично земаа виза...имаше и такви шо беа одбиени..но тоа беше затоа што се правеа многу големи енглези.

Си бил преку work and travel во Детроит, други ти ја бркале работата за виза и си заработил 14000 долари за 2 месеци (така си пишал во темата за Мекдоналдс) :pos:иди бе фарбај некој друг што незнае :LOL:
 
тие 14 илјади беа за рок од 3-те месеци во кои ти се фалеше дека си зел 9 илјади и ги споредуваше со некојси оти си бил господ во америка...не беше крај на мојата приказна..затоа што не беше ни тема ни место за тоа ...друго нејасно ? И шо е толку смешно шо ојдов преку Work & Travel?А и случајно да не требаше да се вратам од Америка кога убаво пиши во постот дека целта беше да не добијам виза туку да си ја продолжам мојата работа за уште некој месец...пу таман си рече ме зафркна...:drk:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom