Возевме: Toyota GT86

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.433
Поени од реакции
35.161
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Минатиот месец стартувавме со нова рубрика на Кајгана, наречена „Возевме“, каде се подруживме со Audi Q3 2.0 TDI Quattro S-Tronic :)

Денес ќе се подружиме со новата и атрактивна Toyota GT86

Toyota со концептот FT-86 најави враќање кон своето богато спортско минато полно со атрактивни спортски автомобили. Интересниот концепт влезе во сериско производство како Toyota GT86 - а како и сите останати, со нетрпение чекавме да го тестираме, фотографираме и се разбира да направиме по некоја „шкрипка“.



На пазарот на кој доминираат СУВ моделите и економичните фамилијарни автомобили кај кој акцентот е ставен на комфорот и на безбројните електронски додатоци, Toyota реши да претстави модел со силен спортски дух, кој е многу забавен за возење и нуди освежување во нивната понуда. Секој вистински „петролхед“ по дружбата со GT86, покрај желбата да го поседува, од автомобилот ќе излезе со искрена и широка насмевка.


ДИЗАЈН

Спортско купе, иако носи име инспирирано од претходните спортски автомобили на јапонската компанија, во поглед на дизајнот и изгледот, е сосема нова приказна што Toyota ја најави со неколку концепти. GT86 е ниско компактно купе со две врати, кое се одликува со динамични и агресивни линии и допадлив дизајн.

Нема сомневање дека изгледот, а во одредена мера и звукот ќе привлечат погледи од минувачите, а многу е веројатно дека дел од возачите на „Мерцедеси“, „Аудија“ и „Бе-ем-веа“ ќе сакаат да се „тркаат“ со вас. Ниското лежење, спортскиот дизајн и црвената боја привлекуваат многу интерес од секого, а дури и да не ја возите, со задоволство би ја чувале и би уживале во нејзиниот изглед.


ПЕРФОРМАНСИ, УПРАВУВАЊЕ И ВОЗНИ СВОЈСТВА

Toyota GT86 располага со природно аспириран 2.0-литарски бензински боксер мотор со 200 коњски сили кој развива максимална брзина од 226 километри на час за верзијата со мануелен 6-степен менувач. Многумина ќе замерат за тоа дека автомобилот нема турбо, па забрзувањето од 0-100-ка е околу 7,2 секунди. Сепак, стартноста не е главен акцент на овој автомобил, туку акцентот е ставен на стабилноста, можноста за влегување во кривини со големи брзини и се разбира способноста за дрифтање...

Повеќе + видео + галерија = тука


-
 
Баш ме интересира дали авторот на текстот Димитар Петровски свртил појќе од крукче околу колата...
Секако, автомобилот беше оставен на тестирање (повеќе од едно кругче).
 
Незнам дали црвенава боја му дава таков изглед....ама количево изгледа како да е ефтина пластика,и му дава некој чуден Кинески лик(ко евтина копија).

п.с тоа си е мое мислење,околу изгледот....а за машината не смее ни да стане збор,бидејќи e Јапонец.:)
 
Секако, автомобилот беше оставен на тестирање (повеќе од едно кругче).

ГО возеше?? Дај поопширно кажи вака другарски муабет какво беше возењето :D Преубаво ми е количето
 
ГО возеше?? Дај поопширно кажи вака другарски муабет какво беше возењето :D Преубаво ми е количето
Ако сакаш да го возиш оди во Тојота и би требало да имаат тест возење бидејќи го имам видено таму како стои како промо возило.
 
Ако сакаш да го возиш оди во Тојота и би требало да имаат тест возење бидејќи го имам видено таму како стои како промо возило.

Ама ако идат БТ :D
 
Помини во Скопје на една екскурзија... ем ќе прошеташ ем ќе пробаш нешто спортско :)

Уфф одвај чекам, месец се договарам со еден другар да одиме онака од кеф, со надеж дека ке го пробам ова плус ми дава мотивација и изгорен сум и за Opel Mokka да го повозам, се заљубив и во тоа :D
 
Уфф одвај чекам, месец се договарам со еден другар да одиме онака од кеф, со надеж дека ке го пробам ова плус ми дава мотивација и изгорен сум и за Opel Mokka да го повозам, се заљубив и во тоа :D
Епа почни да се преправаш дека си загреан купец и закажи си тест возење со време...
 
Уф за перформансите на автомобилот од мене само пофални зборови, а дизајнот на јапонците не ми се допаѓал никогаш меѓутоа има по некоја muscle линија на автомобилот што ми го привлече вниманието. Имав и јас неколку тест возења на возилото од кое што добив само позитивни импресии. Пред се кога ја правеле колата дефинитивно највеќе внимание потрошиле на управливоста, дефинитивно секој може да го вози овој автомобил и воедно да не го загуби животот во рок од една недела.. :D Иако има солидни перформанси нема некое вчудоневидувачко забрзување што според мене се должи на недостатокот од турбо полнач. Сепак тоа не е препрека да за само неколку секунди постигнете брзина од 200 km/h без никаква потешкотија. Автомобилот при возење во градски услови си е цивилизиран и тивок и е дури помек од мојата Ибица што ме зачуди многу, ама кога ќе се залепи за автопатот при брзина поголема од 100 km/h станува потврд. И како и секоја македонска работа тест возилото беше чукнато од напред од некој помлад "заинтересиран купувач" во нашите градски услови каде што се знае како треба да се вози.. ама тоа е... ако некој има 32000 евра или стан во Кисела Вода за продажба може да си го приушти ова количе кое за возврат ќе пружи многу забава.. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom