Возевме: Range Rover Evoque

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да беше возило произведено било каде освен во UK, во првата минута ќе беше заглавено, а останатите 7 ќе ги потрошеа на објаснување како е ѓубре, канта и како они имаат подобри возила.
 
Да беше возило произведено било каде освен во UK, во првата минута ќе беше заглавено, а останатите 7 ќе ги потрошеа на објаснување како е ѓубре, канта и како они имаат подобри возила.
Воопшто немам добиено впечаток дека Топ Гир се, или биле национално пристрасни - дури попрво би го рекол спротивното.
 
Воопшто немам добиено впечаток дека Топ Гир се, или биле национално пристрасни - дури попрво би го рекол спротивното.
не само топ гиар, сите британски ревјувери на јутуб и други емисии, прај од мерцедес г класа ревју на пример и одма ама ренџ ровер вака ренџ ровер така, и за сите теренци, модел за споредба им е ренџ ровер.
 
Воопшто немам добиено впечаток дека Топ Гир се, или биле национално пристрасни - дури попрво би го рекол спротивното.

Ако ТopGear, или британците воопшто, не се пристрасни, не знам кој е.... Еден куп документарци, емисии за нивната индустрија која се сведува на Ланкастер бомбардерот, E-type и Range Rover... Знаеш, и 1963 Corvette StingRay е убава, ама E-type ти е милина бре... Кога зборуваат за нивните производи строго во суперлатив. Ако на ова видеото наместо Evoque беше Тигуан, Jeep Compass, не дај боже некое Хјундаи или било кој ванаби теренец произведен надвор од Велика Британија имаше да се изнаслушаш погрдни зборови. Погледни ги видеата каде "тестираат“ источно европски возила (Лада, Полонез, па и Југо) и види како ги оцрнуваат. Тоа што најголем дел од нивните возила произведени во тоа време се или ограда, или се продадени на големи корпорации никаде не го спомнува.
 
Прво, Топ Гир е британска програма - не светска - и нормално е дека нагласокот (донекаде) ќе биде на британска авто-индустрија и воопшто британски теми. Дали им бил Е-тајпот најубав, а тебе Корветата - субјективна работа, мене можеби ми е најубава некоја друга кола - па што. Во секој случај, не еднаш сум гледал како зборуваат во суперлативи за други (не-британски) класични коли.

Второ, Топ Гир е (барем во последните години) повеќе шоу отколку реална документарна програма (гледај Фифт Гир за реалистични споредби и анализи). Како таква програма, имаат потреба за “објекти за исмевање“ кои ги наоѓаат во источноевропските возила - кога ќе најдат такви возила, им ги нагласуваат (или пренагласуваат) негативностите, а ги занемаруваат квалитетите (ако воопшто ги има) за постигнување комичен ефект. Никој не им замерува за ова затоа што никој од гледачите реално и не е заинтересиран за купување на некое од тие возила (не ни можат да купат некое од нив, освен Лада Нива мислам) - па затоа им е многу лесно да се зафркаваат на нивна сметка. Но, јас сум слушнал многу пати замерки (и исмевања) и за нивниот Ровер, на пример, за старите Јагуари и многу други британски марки.

Еве, кажи кое од британските возила го “форсираат“ нешто посебно, освен стариот Е-тајп и евентуално Рејнџ Роверот кој им е омилен теренец. На страна Бентли или Ролс Ројс кои и реално немаат конкуренција во своите категории и за кои не е точно дека “преќутуваат“ дека се купени од други фирми - јас баш од кај нив имам и дознаено кои се нивни сопственици. Па на сите британски авто-новинари омилен хечбек и репер во класата им е - Голф. Омилен седан им е БМВ 5 (по можност М). Омилена луксузна лимузина - поделени се меѓу С класата, А8 и седмицата. Спортски коли - Порше, Ферари, Ламборџини, Ауди Р8 од “поефтините“... На сајтот на Топ Гир баш скоро го критикуваа Астон Мартин Оне-77... Џереми Кларксон во еден прилог рече дека Шкода Јети е “најдобрата кола на светот“... итн, итн.
--- надополнето: 8 ноември 2012 во 16:41 ---
не само топ гиар, сите британски ревјувери на јутуб и други емисии, прај од мерцедес г класа ревју на пример и одма ама ренџ ровер вака ренџ ровер така, и за сите теренци, модел за споредба им е ренџ ровер.
Дај линк. И нормално дека ќе го споредуваат со РР - тоа е најпродаван и најраспространет теренец во Велика Британија.
 
Мислам дека нешто му недостига на целата идеја...
Не велам дека текстовите т.е репортажите се досадни, него едноставно не ми ја доловуваат сликата онака како што очекувам, им фали нешто интересно, некој интересен податок... нешто што ќе ме натера во еден здив да ја прочитам цела репортажа.

Мислам дека не ви треба Мишко Барзов или Јелена од октани, за да направите клипче од 10 минути во кое некој кој се разбира од коли ќе ги кажи неговите импресии онакви какви што се и нема да чита од проспектот. Не зборам да го соберите првиот од улица и да глуми Кларксон, то би било самоубиство, ама сум сигурен дека и на форумот има дечки кои возеле баги различни коли и можат да ја одработат задачата.

Во секој случај, доста интересна содржина на сајтот, keep up the good work (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom