Лажел дека полага за возачка, за да го сними тестот
...Од извршените разговори во полицијата е дознаено дека Д.М. досега два пати го полагал теоретскиот дел и не положил, по што од својот инструктор дознал дека во Куманово постои Авто школа која за одреден надомест од 500 евра нуди помош со која кандидатот сигурно ќе го помине и ќе го положи целокупниот возачки испит. Денеска пред полагањето на тестот тој отишол во авто школата каде што му ги инсталирале горенаведените електронски уреди за далечинско видео и тонска комуникација по што добил прецизни инструкции дека треба само да слуша што му зборуваат преку преносниот уред и тие одговори да ги внесува во компјутерот...