Возачки испит ќе се полага електронски

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Јас вчера положив тестој, со последнио воз за обичните и утре ќе си ја пробам среќата со возењето.
 
Еее, у мое време се полагаше ручно со пенкало и хартиjа.. а не ко денес компjутерски
 
3 од 3 теста... Последен пат сам учил пред 8 години.. Активен возач...

Само се стресирате, тестовето са повеќе од лесни..
 
Епа кој се спасил, се спасил. Од сега ќе се учи :)
 
А што пред тоа не се учеа тестовите?На лепе очи да не се поминуваше?

Може овака ќе има малце повеќе материјал,ама затоа ќе биде поубаво објаснето све...
Не дигајте паника без потреба,тие се правилата на раскрсниците,нема ништо ново...
 
Положив!
A6negewCUAA93cv.jpg:large
 
Вртеш на десно и кочеш бе... така само аирбего ќе ти сокрше дланките и ќе ти ги забие прстите у очите...

Детешка работа. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Тестот ќе остане иста цена како до сега или ќе има промена во цените?
 
Има да одбериш за поголемо одделение некаде, или со иста вредност се сите?
 
помош каде да најдам прашања за ц денес полагав ама ке паднам..тие со ги имав не се паднаа
 
цело време ист тест го врти или мене така ми се чини?
 
Во испитните центри во Скопје, Куманово, Тетово и Штип вчера за полагање се пријавиле вкупно 127 кандидати. 100 од нив паднале на теоретскиот дел.
Во Скопје пријавени биле 53 кандидати од кои положиле само 8. Од 45 пријавени го Тетово испитот го поминале 9 кандидати.
Во Куманово за полагање биле пријавени 6 кандидати, а само половина од нив поминале. Само 7 од пријавените 27 го положиле испитот во Штип.
За време на полагањето имало кандидати кои сакале испитот да го полагаат во печатена верзија. Сепак и тој испит е дел од многуте комбинации од електронското полагање, а не од тестовите кои во минатото се полагаа.
Со воведување на електронските тестови МВР очекува да се добие пореален приказ за познавањето на сообраќајните правила и прописи од страна на кандидатите а наедно и да се зголеми знаењето на идните возачи.
 
:facepalm: :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

:facepalm:

Од дека цитираш резултатите?
:facepalm:

Дисклејмер:

овија фејспалмови са за сите инволвирани у процесо на полагајне, не само за учениците кандидати.
 
пробав на симулацијата, не е воопшто тешко немав негативни, инаку имам положено па не му се секирам многу
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom