Само е прашање на време кога ќе воведат и данок на вдишен воздух.
Ќе не пратат на пулмологија да ни измерат капацитет на гради, па после ќе плаќаме паушал за воздухот што може да го вдишеме во текот на целата година.
ЌЕ ЈАДЕМЕ ЛЕДЕНИ КОЦКИ НАМЕСТО ШЕРИ!
Кои глупости човече. Ко божем и алкохолот го забранија, па еве, оваа нова година имаше рекордни 66 интоксикации со алкохол на токсикологија. Повеќе од очигледно е дека казните се замислени за да се музи народот, а не како некаква превенција. Почнувајќи од алкохолот, па завршувајќи со цигарите.
Али, најинтересно е што секогаш има идиотчиња кои размислуваат во стил: "Браво, конечно им текна да воведат ред" или "конечно ќе можам да одам во кафич без да мирисам на чад од цигари".
Иако, сите знаеме дека повеќе шанси имаш да загинеш од такви возачи кои положиле со врски, или да се разболиш од загадениот воздух кој го дишеме затоа што фабриките немаат филтри на оџаците - отколку од продажба на алкохол после 19 часот или од „пасивно пушење“.
Тоалетна хартија ќе смееме да користиме после 22 часот, или само со „тоаљетна вода“ ќе може да се замиваме? Ебате животот, ебати.