Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.736 79,0%
  • Не

    Гласови: 461 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.197
Има само еден мал проблем во сето ова... Најблиската галаксија е оддалечена повеќе од милион светлосни години. 80 000 години се малку за да стаса пораката до нас...

Може да била пратена од џуџе галаксиите кои го има во изобилство и во Млечниот Пат, а и кај Андромеда.
 
Може да била пратена од џуџе галаксиите кои го има во изобилство и во Млечниот Пат, а и кај Андромеда.

Ама во текстот пишува дека е од галаксија...
 
+ во џуџе галаксиите колку што сум запознаен нема ѕвезди ...

А може и едноставно на тоа пораката е да гледаме да не се уништиме сами :)
 
Вонземјани постојат според мене ...бајаги сум гледал и слушал на оваа тебе преку емисии ,документарци итн. Еве неколку примери по кој се показува дека постојат и некои други освен нас.
Прво се поставува прашањето на пирамидите, пирамиди има секаде и кај нас и азија и африка и во јужна америка ,па прашањето е како во тоа време во кое немало некоја страшна комуникација мегу континентите значи не се знаело ни дека постојат сите тие дрзави а сепак секаде ја гледаме истата градба на повеке локации на скроз различни места ....како знаеле сите да ја градат ? Бидејки горе-доле сите пирамиди се исти они од негде мора да ја знаеле градбата ,да ја вишле или некој да им ја ПОКАЖАЛ.
Второ ,е за Наска тоа е место негде во јужна америка мислам и тамо има фигури на земјата во песокта од мајмуни ,птици итн НО тие фигури што е многу чудно не можат да се видат од земјата ,што значи дека се направени за некој од горе да ги види ,работава е АЛОО, ТУКА СМЕ ,тоа е исто интересно .
Трето,направен е експеримент во поноваа историја пред 40тина години негде во африка ,каде со авиони им се давало храна на на некое загрозено село или така нешто во африка .По завршување на поделбата со храна ,облека итн на африканците им фалеле тие авиони и они почнале (бидејки не знаеле што се) да ги градат од слама од дрва за да ги повикаат пак да дојдат ,играле околу нив и гледале во небото дали ке се вратат тие чуда за да им дадат храна...Се поставува прашање дали и античките луѓе ги граделе тие пирамиди тие божества за да повикаат некого,не знаеме?.
Толку од мене подзрав
 
Има само еден мал проблем во сето ова... Најблиската галаксија е оддалечена повеќе од милион светлосни години. 80 000 години се малку за да стаса пораката до нас...

Мене малку не ми е јасно во врска со светлосниве години.
Како што знам јас, една светлосна година е еднаква со растојанието кое ќе го помине светлината за време од една земјина година.
Па ме интересира отприлика колку километри содржи една светлосна година ?
 
Точно. Тоа е растојанието од една светлосна година.
За да пресметаш колку километри е тоа.... треба да помножиш: 60*60*24*365*300 000=?
Кога ќе ги помножиш тие бројки, ќе добиеш колку километри изнесува 1 светлосна година.
300 000 е брзината на светлината, километри во секунда.
60 се минути, сати, 24 се сати во денот, 365 денови во годината...
 
Фала за одговорот :)
Помножив 60 х 60 х 24 х 365 х 300.000 и добив резултат 94.608.000 (девеесет и четири милиони и шестотини и осум илјади километри).
Значи една светлосна година има 94.608.000 километри.
А ти претходно напиша (те цитирам) „Најблиската галаксија е оддалечена повеќе од милион светлосни години„
Да ти кажам искрено се наежив од самата помисла на толкава огромна далечина и тоа до нашата најблиска галаксија (односно 1.000.000 светлосни години х 94.608.000 километри = ??? ) до нашата најблиска галаксија, а тек колку други милиони галаксии и универзуми има .... почна да ми се мати во главата од цифриве.
 
Фала за одговорот :)
Помножив 60 х 60 х 24 х 365 х 300.000 и добив резултат 94.608.000 (девеесет и четири милиони и шестотини и осум илјади километри).

Грешка си направил, резултатот е многу поголем.

--- надополнето ---

9 460 800 000 000

Олку е резултатот. Во километри.

Девет трилиони, 460 милијарди и 800 милиони километри. :)

Што е мнооооогу. :)
 
Грешка си направил, резултатот е многу поголем.

--- надополнето ---

9 460 800 000 000

Олку е резултатот. Во километри.

Девет трилиони, 460 милијарди и 800 милиони километри. :)

Што е мнооооогу. :)

Незнам како сум направила грешка, ги помножив бројките како што ми кажа и го добив тој резултат (94.608.000) , али ако е 9.460.800.000.000 километри ... немам коментар не помислував дека волкава е цифрата на 1 светлосна година, а тек ти како што кажа нашата најблиска галаксија е 1.000.000 светлосни години оддалечена од нас, што останува за другите галаксии кои што се којзнае колку милиони....:nesvest:
BTW женско сум :helou:
 
Незнам како сум направила грешка, ги помножив бројките како што ми кажа и го добив тој резултат (94.608.000) , али ако е 9.460.800.000.000 километри ... немам коментар не помислував дека волкава е цифрата на 1 светлосна година, а тек ти како што кажа нашата најблиска галаксија е 1.000.000 км оддалечена од нас, што останува за другите галаксии кои што се којзнае колку милиони....:nesvest:
BTW женско сум :helou:

Растојанијата е незамисливи...
Замисли си колку се 10 километри одење пешки.... 2 саати? 100 километри би биле 20 саати одење без прекин... или 1 саат со кола... понатаму, 1000 километри се 10 саати со кола, што ретко кој вози толку без паузи... 10 000 километри за кола се премногу, а 100 000 километри за авион се премногу.... следува 1 милион километри, а најдалеку човекот што бил е Месечината на растојание од 380 000 километри.
Е сега замисли си, 10 милиони, милијарда, 10 милијарди.... тоа е огромно растојание, НО тоа преставува само мало делче од светлосната година.
Милион светлосни години.... :nesvest:

ПС, извини, мислев дека си машко. Аватарот најверојатно е крив. :)
 
Јас сега првпат дознав дека е толкава огромна (незнам ни дали зборот ОГРОМНО е доволно да се опише растојанието) на цифрата на само 1 светлосна година, а тек 1.000.000 светлосни години се потребни за да се стигне до нашата најблиска галаксија:cheeky1:
Ништо, нема проблем, многу мислат дека сум машко поради Доберманот на аватарот :)
 
Абе шо бараме по други Галаксии едвај неколку сонди на интерстеларно патување имаме :pos:
 
Абе шо бараме по други Галаксии едвај неколку сонди на интерстеларно патување имаме :pos:

Неколку??? Ниедна речи.... :)
Тие што се лансирани досега го немаат напуштено сончевиот систем.... мислам дека само 15-16 милијарди километри имаат поминато....

--- надополнето ---

Јас сега првпат дознав дека е толкава огромна (незнам ни дали зборот ОГРОМНО е доволно да се опише растојанието) на цифрата на само 1 светлосна година, а тек 1.000.000 светлосни години се потребни за да се стигне до нашата најблиска галаксија:cheeky1:
Ништо, нема проблем, многу мислат дека сум машко поради Доберманот на аватарот :)

За нас луѓето уште не е достапен ни крајот на нашиов сончев систем.... далеку сме од праќање сонди на други ѕвезди, а камоли пак галаксии...
Иначе за големината.... имаше едно клипче за тоа колкави се некои ѕвезди.... навистина се зачудувачки огромни...
 
Неколку??? Ниедна речи.... :)
Тие што се лансирани досега го немаат напуштено сончевиот систем.... мислам дека само 15-16 милијарди километри имаат поминато....

--- надополнето ---

За нас луѓето уште не е достапен ни крајот на нашиов сончев систем.... далеку сме од праќање сонди на други ѕвезди, а камоли пак галаксии...
Иначе за големината.... имаше едно клипче за тоа колкави се некои ѕвезди.... навистина се зачудувачки огромни...

А само еден парсек :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom