Ska Maniac
Бараба
На кратко сумирано :Моето мислење е малку покомплексно и е поврзано со Земјени циклуси поврзани со Големата Година која трае 26 000 години и е поврзана со бавната ротација околу оската односно прецесија на рамноденците. Поради таа ротација околу оската доаѓа до повеќекратни циклуси од прилика 4 големи климатски промени и геофизички настани во кои настанува ресетирање на цивилизациите и губење на стекнатото знаење на човештвото. Дел од елитата се подготвува за овие настани и зачувуваат дел од знаењето и така доаѓа до 'breakaway civilizations'.
Дел од технологијата е најдена во ископини, дел од знаењето е зачувано и пронајдено во Археолошки ископини.
На пример денес Long Now фондацијата со помош на Џеф Безос градат часовник кој ќе трае повеќе од 10 000 години, на место преку 2000 метри висина длабоко во планина, часовникот ќе ја прати и прецесијата на рамнодениците и ќе функционира без човечко одржување, во склоп на истиот проект и на истото место ќе има мал диск на кој се зачувани преку 15 000 страници од 1500 јазици, начин како да се дешифрираат јазиците и најпотребните текстови за опстанок на човештвото. Дискот ќе може да се чита без модерна технологија и струја, со помош на микроскоп. Тоа во иднина ке биде археолошка ископина на древно знаење. Исто така во 'Slavabard doomsday vault' чуваат преку 1 000 000 жита и растенија круцијални за човечко преживување во случај на масовна катастрофа. Се наоѓа на остров на Северниот Пол длабоко во планина. Со други зборови се подготвуваа за масовен ресет и целата оваа фама околу глобално затоплување предизвикано од човекот е само маска.
На долго на кратко, нема ништо ново под сонцето, се е циклично итн. Инаку има и дел со 'ангели и демони' односно еволуција на душата ама да не ширам сега ептен...

А за еволуција на душата здравје. Во некој следен живот, со некои други реинкарнации ќе се читаме.
Последно уредено: