хе,хе занимливи муабети....,
но многу се големи растојанијата и шансите да се сретнат слични цивилизации кои би можеле да се " видат " меѓу себе на било кој начин...практично се никакви...,од друга страна ..веројатно е неможно да се контактира со цивилизации на различни нивои со што се ствараат непојмливи разлики...
...на пример, кому од луѓево на земјава му успеало да комуницира
со еден мравјалник.... ??? ..освен евентуално да го уништи...случајно или намерно...
Кој ти знае кои се "природни " појави всушност воопшто не се природни

..од друга страна забележливо е дека биолошки поддржаната интелигенција е само преодна фаза до НЕЖИВАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА која е ВЕЧНА , за неа не важат поимите време и простор..и веројатно е веќе сегде присатна...,но во принцип не комуницира со такви како нас...или ептен ретко кога тоа и е некаква нужност во некое нејзино дејствие... како кога некое детенце разговара со шарена пеперутка...