ФФМ со нов статут до крајот на април
Претставници на ФИФА и на УЕФА им ги презентираа измените на општинските сојузи
Во присуство на раководството на Фудбалската федерација на Македонија, како и на претставници на ФИФА и на УЕФА, во саботата во хотелот „Александар палас“ во Скопје пред општинските фудбалски сојузи беа претставени измените и дополнувањата на новиот статут на ФФМ. Тој треба да биде изгласан на редовната годишна седница на Генералното собрание на Федерацијата, а мора да биде адаптиран најдоцна до крајот на април.
Новиот статут на ФФМ, со предложените измени и дополнувања, на присутните им го претстави Марсел Бенц од правната служба на УЕФА. Присуствуваа и Ева Пасквер, сениор менаџер за развој во ФИФА и Стефани Марквалдер од правната служба на ФИФА.
Претставниците на ОФС-и ги изнесоа своите забелешки и предлози и беше заклучено во најкраток можен рок, најверојатно на 13 април, да биде одржана седница на Управниот одбор, на која ќе биде формирана работна група што ќе изготви нацрт-статут во рок од десет дена. Тој потоа ќе биде доставен до општинските фудбалски сојузи, кои исто така во рок од десет дена треба да ги достават до УО своите забелешки во писмена форма.
УО треба да обезбеди услови новиот статут да биде усогласен со Законот за спорт, со Законот за здруженија на граѓани, како и со статутите на ФИФА и на УЕФА, стои во соопштението на ФФМ.
извор
--- надополнето ---
УЕФА И ФИФА ВИДОА ХАОС!
Актуелното раководство ќе биде единствениот виновник од евентуални санкции по мак-фудбалот од меѓународните институции
Паднаа во вода уште "милион" тези и лажни приказни на Хаџи-Ристески и неговите соработници. Гостите од Швајцарија на саботната средба со претставниците на ОФС од земјава се соочија со вистината. Дојдоа на барање на 9 ОФС кои побараа меѓународна интервенција за спас на мак-фудбалот, а не по волја на ФФМ како што тврдеа од "куќата на фудбалот" во изминативе недели. Со тоа барање и со оглед на се она што се случуваше во саботата првиот човек на ФФМ немаше начин како да ги оправда пред гостите неговите досегашни ставови, но и потези со кои тој и неговите најблиски соработници се обидоа да направат ХАОС за средбата во "Александар Палас" да не ја постигне посакуваната цел.
Марсел Бенц од УЕФА и дамите Пасквер и Марквалдер од ФИФА го слушнаа гласот на фудбалските работници, гласот на незадоволните ОФС и делегати во собранието. Со факти, докази и со поткрепени излагања гостите се запознаа со проблемите во Македонија и стана јасно дека мора брзо да се интервенира и да се бара решение за спас.