Трамп: Да ја земеме нафтата од Либија
Доналд Трамп смета дека е фер либиските бунтовници да му се оддолжат на Запад за помошта за преземање на Триполи, со отстапување на нафтата во земјата.
“Војуваме, а ништо не добиваме. Зошто не надоместуваме?“ прашал Трамп.
Американскиот бизнисмен во телевизиската емисија Fox & Friends посочил дека порано кога некој ќе извојувал победа во војна, кај победникот завршувал пленот, предлагајќи во случајот на Либија, САД да ја земат нафтата.
“
Ние сме НАТО. Ние ја поткрепуваме Алијансата со пари и оружје. Што добиваме од тоа? Зошто да не ја земеме нафтата? Зошто да не си надоместиме?“ прашал Трамп.
Доналд Трамп уште забележал дека “додека САД се во тешка положба, бунтовниците ќе бидат побогати од Американците затоа што ќе им остане целата нафта.“
На крајот од неговите коментари за Либија, прашан дали повторно ќе размисли да се кандидира за претседател на САД, Трамп рекол дека му е добро каде што е во моментов.
Превземено од
Он.нет