Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Што убаво дојде да ги подучиш и да им се изнасмееш на овците.

Проблемот е, а и не е во казните. Е затоа што полицијата ама никогаш ја нема баш кога се дешава сообраќаен хаос на некои локации, период кога ваквите дечки сакаат највеќе да се истакнат, али затоа во петок/сабота навечер кај 00 - 01 кога и сообраќајот не е толку густ ќе те сопре со надеж дека си лупнал у брзо време едно пиво или си немал зимски гуми и на раат ќе ти ја пише казната. А не е затоа што суштински проблемот е во немањето на никаква сообраќајна култура, денеска ако возиш со 50 - 60 на главна улица веднаш или почнуваат да блендираат или ти свират, мислиш на задно седиште му умира некој. А ако е некој од браќава почнува и да ти се лепи отпозади, демек мисли ќе убрзаш така, а пошто мене инат ме фаќа уште повеќе успорувам и дур ме претицува гледам што поубаво да ме примети дека му пцујам се најмило. Коренот на проблемот и не лежи во сообраќајната култура, самиот менталитет на единките од простата маса кои се привикнуваат на функционирање на овој систем се води од девизата дека потребно е да ги прекршиш и заобиколиш правилата доколку сакаш да си ја оствариш целта. Инаку решение за момците зад волан со висок адреналин е да им се направи така подолга стаза за трки со прилично оштри кривини, па што помасовно да ги посетуваат со тоа пимпаните коли и што помасовно да гинат, со надеж дека ќе погинат пред да одземат живот на недолжен човек. На крај краева и така се лупаат пари на се и сешто, нека земат соодветна опрема за видео надзор на сообраќајот не она глупостине од камери кои не знам ни дали функционираат, па секој што ќе му се повторува повеќе пати да вози со неприлагодена брзина да одговара кривично ко да имал обид за убиство плус висока парична казна. Па ако треба и одземање на возилото ако е на негово име.

Да не си ме гледал мене вчера?
00.15 часот,5 минути после испиено пиво,0.62% алкохол и казна 250ЕУР...

Никаде ги нема кучињата каде што има потреба од нив,али затоа лаат на секоја коска фрлена од Mrs.ШуПраиш зашо нели,20% покачување на плата...
 
Возачот кој го прегази девојчето по распитот е пуштен на слобода

Уште еден настан кој ќе се влече бутка под чергиче ....
ИНАКУ МЕНЕ НАјИНТЕРЕСНИОТ МОМЕНТ ми е каков владата на република македонија се справува со сето ова од една страна имаме
Во Скопје 24 сообраќајки за три дена
- 30.03.2015

Од друга страна ги имаме супер-одличните мерки на владата која успеа преку кампањи да го спаси животот на иљадници граѓани безбедноста во сообраќајот го доведе на високо ниво и што се случуваме го имаме следново МИСЛАМ АПСУРД Е ДА КАЖЕШ КАКО СИ ВОВЕЛ РЕД кога од друга страна секојдневието те негира драстично и ве молам немојте да мрсите како сте вовеле ред немојте ве молам

Се намалува бројот на сообраќајки и жртви во Скопје

Само еден ден пред да се објави информацијата за колку тоа сите сме безбедни стига моментот 24 сообраќајки за 3 дена

САМО ЕДНО ПРАШАЊЕ УШТЕ КОЛКУ ФРОСИНИ ЌЕ ИМАМЕ ?


Место да студира да заврши место да се вработи место да има среќно опркужување маж деца нејзиниот живот и сите нејзини соништа завршија на пешачки премин жално за родителите и за нејзините другарки кој биле точно на самиот настан неми сведоци немоќни да сторат било што пошто од другата страна го имаме ники лауда кој мисли дека пехарот го чека после пешачкиот искочил на слобода СЛОБОДА
ЕЈ СЛОБОДА
ЧЕСТО КАЖУВАМ И ПАК ЌЕ ПОВТОРАМ КАЈ ЌЕ ВИ ОДИ ДУШАТА АКО ВООПШТО ЈА ИМАТЕ?
frosina.jpg
 
Јас како возач на автомобил сум имал прилика да видам како пешак ми поминува пред мене а воопшто не ја врти главата дали има автомобил, зборувајки на телефон.
Им свирам на таквите но нема ефект.

Дали ова одлика е разумно однесување затоа што пред се се работи за нивниот живот?

Ова сум го забележал кога е екстремно топло во лето најверојатно тоа влијае на нивната концентрација, но сепак треба да се превземат мерки и за пешаците.
 
Последно уредено:
Премногу жртви на овие секвенци има...Решението на Кајзер со радарите и камерите е некое оптимално решение, но ќе се најде некоја будала која што ќе се реши да не почитува такво нешто.

Подземни премини на неколку критични места се некое решение кое ќе ја намали фрекфенцијата на пешаци и со тоа намалување на бројот на сообраќајки.
 
Колку жртви отидоа, а ниеден возач не е осуден. Сите невини бе.

И според "експертите" секогаш испаѓа дека пешакот што е прегазен бил некој пијан кој лежел на лентата, дрогиран, изнемоштен старец кој не знае каде оди, човек кој "случајно" срипал врз хаубата, поминувал на црвено, не била на пешачки....

Не дека ги бранам пешаците и нив ги има секакви како и возачите. Во градска средина посебно пред места каде има пешачки премин и семафори треба да си попретпазлив. Ако возиш со брзина колку што е дозволена, големи се шансите да застанеш пред пешакот или тој да помине со полесни повреди.

И овој од ѕидот сообраќаен самиот си кажа дека кога го видел пешакот не се ни обидел да закочи туку бегал на друга страна. Никаде не пиша дека останал на местото.
А сиротиот бараше и да му кажат после колку метри ќе закочи ако вози со 30км на час, а пешакот е 7 метри пред него. Со оваа брзина би требало да закочи пред пешакот, а според него судскиот вештак во ваков случај одредил 12.5 метри. o_O

За брзина 30км на час да пресудиш дека му треба 12.5 метри бе да застане. o_O
 
Сите овие денес што бараат било какво оправдание за возачот, те не било 160 на саат, те може пешакот на црвено прошол, те срипал на хаубата, се сите со путер на главата, т.е. што прават екскурзии со колите по градов.

Јасно е дека има и такви де, имало и случаи каде пребегани од Бардовци што сакале да се самоубијат, ама нема апсолутно никаква поента на денешниов ден да се спомнуваат и да се поистоветуваат со девојчево.
 
Сите овие денес што бараат било какво оправдание за возачот, те не било 160 на саат, те може пешакот на црвено прошол, те срипал на хаубата, се сите со путер на главата, т.е. што прават екскурзии со колите по градов.

Јасно е дека има и такви де, имало и случаи каде пребегани од Бардовци што сакале да се самоубијат, ама нема апсолутно никаква поента на денешниов ден да се спомнуваат и да се поистоветуваат со девојчево.

Апсолутно, мене ретко, но сепак ми се случува понекогаш малце да ми стисне ногата повеќе на гас низ град, и после си размислувам, особено па кога ќе прочитам вакви вест, колку среќа имама што не ми се десило ништо, си викам зошто бе идиот, кој ѓавол те тера да си го заебеш и својот и нечиј туѓ живот. Нема оправдание, и 80 да било, и тоа е над дозволената брзина, иако да си признаеме, сите возиме 80 по скопските булевари, особено кога нема многу сообраќај.
 
Сериозно е пуштен моронот? Значи ситуацијата достигнува до она ниво кога веќе ништо не ти останува освен правдата да се тера по примерок: око за око, заб за заб.
У оваква држава не останува ништо друго освен родителот да ја пронајде ова гомно и да му ги искорне ноктите и да му приреди бавна и спора смрт.
И исто така ги поздравувам овие гомна од МВР што одлучиле да го пуштат копилето истата вечер ( кое патем заслужува да се спржи на електрична столица )
Свесни ли се дека со тоа охрабруваат безброј морони да возат како луди. Знаеш, ке си кажат: ајде бе и да удрам некој за 1 саат ке ме пуштат.
Браво банана државо, проклета да си !!!
 
Се плашам над 120 на автопат да возам, камоли во град. Не се моторните средства за секого. Чим е пуштен на слобода овој има јаки врски со МВРО, со минимална парична казна ќе помине.
 
А сиротиот бараше и да му кажат после колку метри ќе закочи ако вози со 30км на час, а пешакот е 7 метри пред него. Со оваа брзина би требало да закочи пред пешакот, а според него судскиот вештак во ваков случај одредил 12.5 метри. o_O

За брзина 30км на час да пресудиш дека му треба 12.5 метри бе да застане. o_O

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: Жално е ова.

Со 30 км на саат, пешак 7 метри пред тебе , треба у место да ја закопаш колата. Освен ако не возел некоја карантија од 70тите.
 
Чим е пуштен на слобода овој има јаки врски со МВРО, со минимална парична казна ќе помине.
Претпоставувам дека девојчето ќе го направат криво. Ќе потврдат дека поминала на црвено, не се свртила да види дали иде кола..(и уште 300 работи што не би ми паднале на памет), и него ќе го казнат само за брзо возење.
Изгледа дека ќе има многу :pusigo: од негова страна.
 
А зошто стоката е со иницијали ставена? До кога оваа држава ке штити убијци? Ако го знае некој нека залепи слика тука, сите да го видат гомното, за да утре кога ке излезе во град да не знае од која страна му прети опасност.
 
Секако дека колку и возачите се виновни толку и пешаците ако општо правиме паралела. Но во случајов со девојкава, детето кај католичка, па и дедото со моторот, секој здраворазумен би завземал страна која би имала непобитни аргументи.
Случајот со девојката може надолго и нашироко да се изнесуваат аргументи против возачот, тажното е што куртонот ќе го снајде помалото зло, исто како и оној кај католичка. 160 при здрав разум не се вози ни на нашиве автопатишта, не па во централно населено градско подрачје.
@Kaiser све е тоа убаво што кажуваш, жалното е што као што Џену спомна ќе го јадеме ти, јас и остатокот common people за цвикнато штоп светло и немање ланци на гумите во март месец, додека Милојко кој секојдневно си тера по 100 просек и уво не му чуе дека ќе носи некој на душа (а можно е и да не му е девојчево прва жртва) ќе коси и ќе продолжи да коси низ градов. Се надевам за таквите шупаци ќе ги снајде истата судбина ко во рекламата за неплатен данок со Сенко Велинов.
Од друга страна имаше споредба пешак vs. возач што тука нема крај на дискусијата. Исто колку што е непромислено да возиш 160 на час, толку е непромислено да преоѓаш една од најпрометните дупли троленташки кај зелено пазарче, особено со количка со бебе/продукти. Да не се повторам, ги гледам секој ебан ден. А има и похрабри кои одат по семафорите на црвено. И не е занесеност тука во прашање. Во црпката им фали, глупи се до ниво на mentally challenged.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom