текстов го превзедов од фб група прочитајте и све ке ви е јасно аир да не видат политичарите
Mасакрот во Вејце 2001
Јавната тајна која ја знаат сите влади од 2001 до денес а никој ништо не превзеде.
Вистината за масакрот информациите се од неколку извори
Ќе бевме помирни ако загинеа во директна борба со непријателот.Но,најмногу боли тоа што повеќето беа убиени во заседа, на подмолен и кукавички начин. Државата ги заборави, а на нивните гробови плачат само најблиските. Ги амнестираа злосторниците и наместо зад решетки ги сместија во собраниските фотелји.За разлика од нив,семејствата на загинатите сè уште талкаат по институциите на системот, барајќи ја правдата и вистината зошто им погинаа децата.
Македонската јавност не смее да ги заборави македонските херои.
Сведокот вели дека нападот беше поставен на добра локација, терористите беа распоредени во форма на потковица околу кривината а македонските безбедносни сили беа нападнати со гранати и куршуми од сите страни. Неколку од нив, кој сепак успеа да излезе од возилата биле збришани веднаш. Три куршуми на единствениот преживеан, но успеал да скокне во бездната. Неколку стотини метри сретна еден Албанец .Ранетиот војник побара од албанецот да го однесе до првиот полициски пункт. Албанецот предложил да го крие него во сеното и го влече кон Тетово до најблискиот полициска патрола.
Како што имам читано од извештај за настанов, единиците што западнаа во заседата се сретнале со единицата што се вракала од претходната патрола на истото место, па мислам дека едниот џип подзаостанал бидејки разменувале информации за теренот со единицата што се вракала од таму. Кога пристигнал последниот џип, нападот веке бил започнат, па џипот проценувајки ја состојбата се одалечил од местото за да помогнат оддалеку, мислам дека се убиени и неколку терористи.Знам дека возилото што малку подзаостанало, само што се доближиле до кривината позади која била заседата, се повлекле и отвориле оган од мала дистанца, за тоа време терористите проверувале кој е жив и го масакрирале, ама бидејки џипот што заостанал отворил интензивен оган на терористите, не успеале да ги "проверат" сите повредени, па така некои преживеаа.
14 години се навршија вчера од ѕверското убиство на осум македонски бранители кај тетовското село Вејце, за кое се уште не е покрената истрага, иако Управата за Безбедност и контраразузнавање во МВР има документ во кој се напишани сите учесници во ова ѕверско убиство!
На 28 април 2001 година комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени "Волци" при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени. Целосно се уништени и запалени една лада нива и еден хамер.
Од ЕСН "Волци" загинаа: Роберт Петковски (27),постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески(26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски(30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа:Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадинов-ски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдов-ски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и ИлчеСтојановски (24), с. Породин, Битолско.
Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени. Од „Волците” со тешки повреди се здобија Бранко С. Јонче Д. и Тоше К. а од „Полицајците-ПЕП” Горан К. Јовица Б. и Златко Ј.
Полициската белешка, насловена како „сознанија за грозоморното убиство крај селото Вејце, Тетовско”, била заведена под број 470/13.11.2001
Акцијата ја предале од македонска страна началникот на СВР Тетово - ИГОР МАНОЈЛЕВСКИ и негови соработници и локални припадници на ДБК.
Единствено тој знаел каде, во каква формација и во кое време ќе се движи комбинираната патрола за Вејце. За продадената информација бил награ ден со околу 700.000 швајцарски франци. Наредниот ден по масакрот е уапсен и задржан две недели во притвор. Кај него дома се најдени парите за кои не можел да го докаже потеклото. На брзо потоа е суспендиран од тоа работно место и е префрлен во Скопје повторно на началничко место во полициската станица 'Карпош'. Од другата страна соработувале:
ТАЛАТ ЏАФЕРИ (1962), од Форино, Гостиварско.
- дезертер од АРМ, еден од главните офицери во касарната во Тетово до почетокот на војната.
- поранешен заменик министер за одбрана во владата на СДСМ од 2002
-поранешен министер за одбрана во владата на ВМРО ДПМНЕ од 2013
- уапсен 2008 за учество во изборни инциденти, па ослободен
- беше нападнат во Собранието од роднините на исчезнатите Македонци, поради криење на информации во врска со нивните роднини
ШЕВАЉ ЕТЕМИ од Палатица, Тетовско
- бивши гардист во АРМ и бивши припадник на Агенцијата за Разузнавање (АР) при АРМ
- дезертирал од АРМ по акцијата на тетовско Кале
- учество во случајот Мавровски работници и 12-те киднапирани
Многу докази укажуваа дека терористите биле известени преку радиоврска за движењето на мешаната полициско-војничка патрола.Беа фатени и сигнали од разговор помеѓу лица од касарната во Тетово и терористичката група лоцирана кај Вејце, која ги чекала во заседа македонските бранители после нивното тргнување на доверените војнички задачи.
Според полициската белешка масакрот го раководеле Исмаили Шинаси или попознат како командант Хоџа, Цека Иљаз-Ќори, и Цека Билал-Брада, тројцата од Косово. Цека Иљаз бил задолжен со два милиона германски марки да ги исплати странските војници-платеници од западните земји, муџахедини и доброволци од земјава. Цека Билал, пак, бил припадник на Косовската разузнавачка служба и еден од главните организатори на снабдување на ОВК со оружје.Масакрот го извршиле муџахедини, а со групата командувал Даут Харадинај - брат на косовскиот политичар Рамуш Харадинај.Очевидци тврдеа дека злосторството го извршила група од десетина луѓе со бради и долги ножеви. Терористите убиле со пукање само една од жртвите, додека другите седум биле сечени на парчиња или биле живи изгорени.
Даут Харадинај бил шеф на Косовскиот заштитен корпус, а било лесно да се идентификува, бидејќи бил без една рака откако ја загубил другата при инцидент со мина. Неговиот брат Рамуш Харадинај, исто така, е под сомнение дека е одговорен за убиствата барем на 50-ина косовски Срби.
Од „домашните” учесници во акцијата, покрај поранешенниот градоначалникот на Тетово Хазби Лика, кој претходно беше и заменик-министер за внатрешни работи, а за време на конфликтот 2001 попознат како командант Чела, бил еден од дваесетината учесници во масакрот крај Вејце,биле наведени и Лика Иса-Илир заменик директор на Царина после војната.Братучед на Хазби Лика, убиен во 2006 поради крвна одмазда,РАИМ САМИИ - ЗОГУ од Шемшево, Тетовско, MИЛАИМ АЈДИНИ Министер за транспорт и врски во владата 2002 – 2004.ИЗАИР САМИИ - Баци /Командант Шурли од Шемшево,Тетовско
- внук на Абдурахман Алити, поранешен амбасадор во Софија.
- учесник и во нападот на ПС Теарце на 22.01.2001 (заедно со неговиот брат Рами Самии, Даут Реџепи - Лека (1966), Муарем Велиу и Сами Хебиби (1973), главниот лик од видеото после акцијата во Бродец, кој е уапсен за ова дело после нецел месец и по своеволна наредба на тогашниот заменик министер Рефет Елмази, е пренесен до Косово од неговиот личен возач Сулејман Мустафа ) кога загина полицаецот Момир Стојановски (30) од Крива Паланка, а тројца беа тешко повредени.
- учесник и во измачувањето на работниците на ГП Маврово, киднапирање и мачење на Македонци по автопатот Тетово - Скопје и замешан во случајот на 12 исчезнатите лица заедно со Астрит Беадини и Шеваљ Етеми
- потврдено учество во киднапирањето на Илко и Васко Трајчески, Ѓоко Синадиновски, Боби Јакимовски кои уште се водат како исчезнати.Ги киднапирале заедно со Ибраим Сулејмани, нивни комшија.Овие двајца заедно со Даут Реџепи - Лека, на испитување во ПС Гази Баба признале дека ликвидирале најмалку 6 од 12-те киднапирани лица,а другите 6 се однесени на Косово (поради трговија со органи).ДБК е најверојатно исчистена од тие документи, за мир на тогашната и идните коалиции
- учесник во убиството на матурантот Ванчо Јосифовски.Бајрами Асим-Пуча, Рифати Енвер-Џаџи, Абдурамани Исак, Велиу Муарем, Вејсели Екрем, Османи Фадил, ЛУЛЗИМ ИСМАИЛИ - командант Лули од Нераште, Тетовско Емини Ибрахим, Џемаили Џават, Башким Рустеми-Кими, Османи Хајри, Хисен Џемаили, Емини Абаз и Емини Рамадан. Повеќето од нив се од Тетовско, а неколкумина од селото Вејце.
Дел од извршителите биле добро обучени како поранешни припадници на ОВК од Косово. Тие неколку дена пред нападот се подготвувале и вршеле обука во логорот во Косово кој се наоѓал во непосредна близина со границата со Македонија. Диверзантско-терористичката група имала конкретно задача да ја ликвидира живата сила од патролата и да ги уништи возилата и воената техника. Тие, во содејство со група терористи од Тетовско, ја организирале заседата и го извршиле терористичкиот напад врз патролата на македонските безбедносни сили, за што имале широка поддршка и од месното население. По нападот некои од нив се засолниле во селата Вејце, Бродец и Бозовце, а некои се повлекле во Косово, при што го минирале патот по кој се повлекувале
