ВОДОКРСТ - БОГОЈАВЛЕНИЕ - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

  • Креатор на темата Креатор на темата cyberlady
  • Време на започнување Време на започнување

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
12
Веб-сајт
www.facebook.com
:pop: 18. Јануари ВОДОКРСТ е строг пост. На 19. Јануари е БОГОЈАВЛЕНИЕ. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан не просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух. http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1017 На овој ден традиционално се фрла светиот крст, па скокај, Ламбе! На 20. Јануари е СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ.
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1018
 
Jas sakam da im go cestitam imeto na site koi se vikaat Jovan ili slicno i site koi cekaat domasna slava na ovoj datum.
 
Именден

Jas sakam da im go cestitam imeto na site koi se vikaat Jovan ili slicno i site koi cekaat domasna slava na ovoj datum.

Благодарам, Britney'85, затоа што и мене ми е именден на Св. Јован. Имам софистицирано име кое има три корени : првиот е библиски Жана, на француски Јана (скратено од Јоана или Јована), вториот е македонски по снегот што паќа во зима Снежана, а третиот е романтичен, односно така се викала принцезата бела како снег, црвена како крв што знаела дека еден ден нејзиниот принц ќе дојде.:pipi:
 
нека ти е срекен именденот ама несто ова со првата зена во библијата несто не ми штима
 
За многу години нека е празников, Бог сите да не дарува со мир во душата! На сите оние кои го празнуваат овој ден да им е вечен! Честит именден на сите кои го носат името на Свети Јован Крстител.

Бог се јави! Навистина се јави!
 
Добро бе, знае ли некој дали денес се пости (во Православието)?

Среќен Празник!
 
Значи се пости денес?

Денес се пости, среда е! Ама некои мрсат денес. Мајка ми пости секоја среда и петок и денес бидејќи е среда си пости. Јас постам само за Велигден 7те недели, ама денес мрсам. Значи, вчера беше строг пост, а денес се пости бидејќи празников се падна во среда. Не знам дали ме сфаќаш?!
Според каноните: понеделник (монасите постат), среда и петок (сите постат и монаси и обични луѓе) се посни, а останатите денови се мрси, освен ако не се Божиќни, Велигденски Петровденски или Богородични пости. (кога има пост нема мрсни денови :toe:)

П.С. Во претходниот пост сум погрешила! Ги измешав деновите мислев дека е четврток. :kesa:
 
Денес се пости, среда е! Ама некои мрсат денес. Мајка ми пости секоја среда и петок и денес бидејќи е среда си пости. Јас постам само за Велигден 7те недели, ама денес мрсам. Значи, вчера беше строг пост, а денес се пости бидејќи празников се падна во среда. Не знам дали ме сфаќаш?!
Според каноните: понеделник (монасите постат), среда и петок (сите постат и монаси и обични луѓе) се посни, а останатите денови се мрси, освен ако не се Божиќни, Велигденски Петровденски или Богородични пости. (кога има пост нема мрсни денови :toe:)
Аууу ама било ова комплицирано човече! Се пости ама и се мрси......мајка ми пости....јас мрсам......замрсено како горделиев јазол! :pos::pos:
Не знам дали ме сфаќаш?!
Чисто сумњам дека и Ајнштајн би го сватил ова! :pos2:
 
Аууу ама било ова комплицирано човече! Се пости ама и се мрси......мајка ми пости....јас мрсам......замрсено како горделиев јазол! :pos::pos:

Чисто сумњам дека и Ајнштајн би го сватил ова! :pos2:

Па, по правило понеделник, среда и петок се пости. Празниците кои се паѓаат во овие денови се сметаат за посни празници. Има луѓе кои си постат секоја среда и петок, ама јас не постам. Јас постам само за Велигден.
Денес сум сакам кажам не знам речам :smir: Се надевам дека сега сум појасна. :kesa:
 
Она си пости според нејзините можности, а мајка и според календарот на МПЦ. Ја постам ко мајка и. И според календарот на МПЦ, денес се пости, али не ми беше баш јасно да не има некој исклучок заради вчерашниот пост.
Во календарот се обележани само повеќедневните и нередовните пости. Додека редовните пости (среда и петок) се наведени надвор од календарот со реченица.
Во Православието, колку што знам, секој пости според своите можности.

--- надополнето ---

Па, по правило понеделник, среда и петок се пости.:
Не. Календарот на МПЦ (наменет за мирјаните) никаде не наведува дека и понеделник се пости.
 
Она си пости според нејзините можности, а мајка и според календарот на МПЦ. Ја постам ко мајка и. И според календарот на МПЦ, денес се пости, али не ми беше баш јасно да не има некој исклучок заради вчерашниот пост.
Во календарот се обележани само повеќедневните и нередовните пости. Додека редовните пости (среда и петок) се наведени надвор од календарот со реченица.
Во Православието, колку што знам, секој пости според своите можности.

Тоа сакав да го кажам!
Секој си пости како што може, најважно е со душата да постиш, не е важна храната. Џабе е храната, ако на секој чекор правиш зулуми. Баба ми постеше според старите црковни правила. Понеделник, среда и петок, ако не беше некој од големите постови, си постеше без мрсна храна и без масло, а за големите пости го постеше монашкиот пост, од изгрејсонце до зајдисонце на вода, а потоа посна храна без масло и за време на Велигденските пости јадеше риба само на Благоец и на Цветници. Сега се изменети многу работи!
 
Јас постам духовно за телесно имам забрана од доктор :icon_lol:.

Ако нема месо јајца сирење гладен сум јас, а и духовното повеќе тежина имало така се воздржувам од лоши мисли да повредам некого од сексуални нагони итн.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom