cyberlady
стара чупа
:pop: 18. Јануари ВОДОКРСТ е строг пост. На 19. Јануари е БОГОЈАВЛЕНИЕ. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан не просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух. http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1017 На овој ден традиционално се фрла светиот крст, па скокај, Ламбе! На 20. Јануари е СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ.
Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму. Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 7 јануари. Меѓу евангелските личности околу Спасителот тој има посебно место: и според начинот на доаѓањето во светот, и според улогата на Крстител на луѓето за покајание, и како Крстител на Месијата, најпосле и според трагичното заминување од овој живот. Се одликуваше со толкава морална чистота што навистина можеше попрво да биде нарекуван ангел одошто смртен човек. Меѓу сите Пророци Свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на Светиот Предвесник се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна. http://mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1018