Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Немам што да напишам.... Со сите тие поминати години, спомените само натежнуват. Одам или веќе стигнав, не сум сигурен до точка дека шо повеќе може и да немам зборови да ти кажам како и што се осеќам. Само спомени шо ми минат низ очи на секоја ситница, на секоја песна, на секој стих ми е останато и ништо друго...

 
Па види вака, те немам видено скоро цела недела тоа значи дека сега кога ќе те видам има да добијам фибрилација на коморите на срцево фор шр. :rolleyes:
... челинџов ај лајк ит.
 
ме мрдна и шизна скроз на скроз
 
Знам да сум ти најубава, знам да те палам, знам да ме сонуваш и да си луд по мене со години. Сеа сум само твоја преубава како ме викаш...
Те сакам V!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Ќе звучам лудо. Ама гледав како Северна Кореја гордо се спротиставува на Америка и светот и цело време химната на СССР ми минуваше низ глава додека се каравме и ми ги наметнуваше сите повреди и твоите грешки успешно ги правеше мои! И така и јас се спротиставував на твојата повредена душа од многумина што ја лекуваше на мене.

Веќе 3 недели и неколку дена не сум со тебе и многу сум горд на себе поради тоа. Воопшто не ми недостигаш, сфатив дека вредам многу повеќе, се гледам во огледало и се сакам самиот себе и почитувам и ценам. Си простувам поради секое празно верување дека нешто било моја вина кога не било.
Понекогаш кога одам по улица чувствувам слобода во градите. Повеќе не сум со таа на која и дадов се, а кога ќе побарав нешто добивав само негативен одговор и фрази како „па таква сум себична сум, не заслужувам ништо“ и емотивни манипулации.

Оди сега да те видам. Се прашувам себе што ако те видам со друг и гајле ми е да ти кажам. Дошло до тој степен и не верував дека ќе биде вака, ама биде. А тоа што уште те спомнувам на кајгана не е поради тоа што ми фалиш туку ставам јагодка на шлагот. Се осеќам победнички бидејќи застанав еднаш засекогаш позади самиот себе.
Да си најдеш добро маже што ќе те сака и чува и ич да не му се сеќираш. Јас сум добро и животот ми тече совршено.

На лото да ми се паднеш, назад ќе те вратам. :)
 
Поминаа 3 години.Ми веруваш, 3 години...
3 години во обид да те заборавам ама ете имаше и такви денови каде постојано те спомнувам, каде трчам по минатото и каде се сопнувам на твоето име. Сакам да кажам дека сеуште лутам низ твојот профил како странец,Сега видов дека со восхит имаш уште една титула. Со среќа.Искрено ти посакувам среќа. Меѓу време јас седам и пишувам а надеж дека еден ден целосно ќе бидеш избришан од меморијата. Не сакам да се паметам ништо. Или можеби сакам.Ама бар додека те паметам тебе некој да биде извор на љубов.
На нашата приказна одамна се има ставено точка. За среќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom