Заборави... како да не постоело.
Каде си тргнал толку касно?
- бегам друже!
Гледам!!! А од што бегаш поточно?
- од себе друже, од себе бегам.
Со 160 на саат?
- што да и правам, толку оди!
Затемнати стакла, прекорачена брзина... не смееш да возиш после 11, појас не носиш... што да ти правам човеку? луд си? ќе убиеш некого... ќе се убиеш себе си!
- удри бе брат, удри најдобро што знаеш...
И каде вака? Зошто брзаш?
- бегам од неа... таа избега пред година дена, јас вечерва.
да го чуваш некого како леб насушен... да му кажуваш колку е убав иако не сака да се погледне во огледало, да го воспеваш кога сите го критикуваат...
ја сакав, немој да ти падне на памет да ме прашуваш зошто... никогаш нема да знам што е точниот одговор на тоа, едноставно ја сакав, таква, несовршена, никаква! моја!
и беше.
беше како ниедна друга... и на крај замина.
нати слепец очи е премалку, повели срце, душа, чебови искинати, патики што сами идеа под твоите прозори и до порти те испраќаа во мугри (есенски, на сред зима, во пролет и при летна спарнина), еден куп напишани страници, милион бакнежи, прегратки, сите убави зборови на овој свет и по некое парче од и онака испарталеното срце, сè што имав.
да ја носиш по болници, буквално секој месец - барем по еднаш... да ја спремиш за операција, да ја накрениш после тоа, да ја вработиш, да ја насмееш, да ја прошеташ, да кршиш глава за таа да има, а ти не (никогаш не ти било битно колку си имал за себе)... да замижиш пред цел свет само за да е твоја, да си нејзин. да те гледа како очите, да ја чуваш како срна и да ја убијат на крај.
да ја убијат љубовта, среќата, детето во тебе, детето во неа... сè.
и сега како да и кажам дека никогаш повеќе нема назад?
после долго време...
далеку е ноќва таа пријателе мој, далеку сум и јас, срцево одамна престана да ја бара... но понекогаш, ете вака, бега од неа. бега од себе.
ако ја сретнеш бегај и ти, не си играј со судбината
од тој вртолом тешко се излегува
и ако ја сретнеш... кажи и брате, нека заборави, како да не постоело.
а сега удри, казнувај...
18.06.2016, пред полноќ