Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Значи си имав јас и профил и све ама очигледно сум застарела па ми давате сега втора шанса :D Нејсе, за ова пак се регистрирав ма o_O

...Какво е ова срамежливо платонско развигорче што ја вее мојата сигурност. Ја соблекува од мене. Ме прави слаба и незаштитена. Ја разголува мојата вистина. Неуморно се чепкам, се чешам каде што не ме чеша. Допирам, поднаместувам. Таму навистина нема ништо. Едноставно се усмерувам за да не се забележи дека мислам на она онаму, каде што има нешто. Има, толку многу, има. Повеќе од што можев да замислам. А и тоа нешто ме има мене. Ме гали, ме голта со сиот глад што го чуваше, ме пие со сета жед, но се така фиктивно. Мечтателно, ко во сон... Срамежливо, избезумено, толку нежно сетилно растреперено. Понекогаш и сензуално, но толку длабоко допира до мене што и кога не е до мене неговата светост тлее во просторот. Се отсликува како фотографски негатив и се запечатува. Се оцртува во мене како длабока лузна. Како никоја друга лузна. Ја тетовира мојата душа, па дури злонамерно и пакосно прави да копнее. А копнеењето трае. И трае... И трае...
 
Секој ден ми даваш причина зошто да бидам горда на тебе... Секој ден правиш да се заљубам одново и одново.. Ме правиш срекна со ситници... ми даваш мотивација да продолжам со моите планови... ми даваш храброст и утеха да издржам се до денот кога ке бидам повторно во твоите прегратки. А денот се ближи но јас немам трпение. Немам... посакувам да можев сега да бев покрај тебе, до тебе... да си играм со твојата коса колку и да е кратка, да те скокоткам а ти да ме кренеш во раце и да ја скршиме повторно стаклената масичка од невнимание и да се смееме како мали дечиња. Тоа го сакам... Сакам кога се грижиш за мене и ми кажуваш што е правилно и како да постапам... Ти си мојот учител, мојот водич низ животот... Ти си моето се во животот. Мојот прекрасен сопатник.. Моето најмило суштество, најмило од сите кои досега сум ги имала во животот...
Сакам и кога се смееш поради моите глупости, и ми велиш: Само ти знаеш да ме насмееш така...
Сакам да те гледам насмеан а јас да бидам причината поради тоа. Ке се трудам и понатаму, секогаш да имаш насмевка на твоето лице...и денес и утре, секогаш... Тоа е мојата мисија, да те сакам и усрекувам.
 
Со еден пост три муви да отепам може?
Муво број 1. Бивша муво, како сум те љубела боже.. не верував дека рамнодушноста ке ме совлада олку брзо. ...дека јас сум сама и среќна,а ти со атлетичарчето коскесто,и ем беден,ем несреќен.
Муво број 2. Мост мегу првата и третава, шо ти згрешив толку за да ме отпишеш? Не ти кажав дека иам само негативни страни? Ти кажав, ако испливаме од моиве гомна заедно,ти ветувам нирвана. Да ти ибам тоа недораснатиот..сакам да ти кажам дека не си материјал за врска,и на 28 години си сериозна конкуренција на средношколциве. Терај, бар ти имаш прилики.
Муво број 3. Само шо слета и сакам да ти кажам дека за тебе би ги скротила демоните ама не би замолчала,би ги фатила уздите но не би ги повлекла,за тебе би го смирила ветрот во моите мисли и би нашла фокус. Прекрасно лице имаш. Трај..
 
You told me one last lie....
- I love you.
:)
 
We talk. И пак на истото завршиме. Вака до кога? Не можам вечно, јас нема да живеам вечно. Имам еден живот, пушти ме да го живеам така како што сакам. Со тоа што ме држиш упорно до тебе, не значи дека ќе ме додржиш крај тебе. Напротив, така уште повеќе ме бркаш од себе. Соземи се, подигни се, исправи се, стабилизирај се, па барај ме. Знај дека ќе свртам кога ќе викнеш по мене. Тоа е најмалку што можам да ти дадам. Најмалку!
 
Вечер идеш на една ебана куќна журка пијана а се спремаш купуваш гардероба као да треба да импресионираш некоја цура таму.... Знам да тоа ти е филм..Убаво реков јас желен си за женско внимание да ти билдат его, сеуште си недораснат за зрела врска. Ти треба уште пи*ки да поминеш да сватиш дека убавината е да останеш со една но вредна девојка.
Заведувај билдај си и храни его вечерва со небитни ку*ви кои утре нема ни да ги познаваш, но ме губиш вака засекогаш со тоа што правиш..
Сега глуми фраер, сам ! Без мене. Бај бај еб*чу.
 
И вечерва пак ќе го земам плишаното срце што ми го купи,ќе легнам на креветот и ќе го гушнам силно..за да макар на момент помислам дека те имам до мене и дека те гушкам. Ми недостасуваш многу. Те сакам.:(
 
Mnogu mi nedostigash mila moja. Te sakam premnogu..

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 985 using Tapatalk 2
 
Ништо.
И филмот е реалност, иако мислиш дека само во тој фиктивен свет е можно се.
Ќе му залепев шамар на тој што ќе дојдеше и ќе ми речеше "еден ден и тоа ќе се случи".
Како можев да го гледам "Never say never" и да не ја сфатам поентата? Очигледно тогаш уште ме палеше Ким Бесинџер, па свесно заборавив што сака Шон Конери да каже.
И не само тогаш.
Да знаев дека вака ќе завршиме, никогаш немаше да ти вратам на таа порака пред години кога ме чекаше карши Амсм. Не за друго, немаше потреба.
Денес и двајцата ќе немавме такви лузни, што траат додека си жив. Поарно да истетовирав јна-зомби-големо-цицлеста-сирена кај Симон.
Не знам дали е уште 1:1 или 100:100, а не е ни битно одамна.
Што вика Лешко "младоста ми ја земa, младоста ти ја зедов"... а сега ко старци од бившо комунистичко доба си ги лечиме фрустрациите и комплексите врз некои други, нови, битни, небитни, знајни, незнајни души. Тие не се криви воопшто.
Jас и ти сме.
Цркни <3
 
Еј, знаеш посебно си ми убав така несреден со разбушавена коса и подрасната неколку дневна брада. Се губам во твојата прегратка, се топам како снегулка на дланка. Знаеш дека те сакам иако ретко ги изговарам овие зборови, ќе се вообразиш, не за друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom