Анабел од сегашноста
Извршна команда
Значи си имав јас и профил и све ама очигледно сум застарела па ми давате сега втора шанса
Нејсе, за ова пак се регистрирав ма 
...Какво е ова срамежливо платонско развигорче што ја вее мојата сигурност. Ја соблекува од мене. Ме прави слаба и незаштитена. Ја разголува мојата вистина. Неуморно се чепкам, се чешам каде што не ме чеша. Допирам, поднаместувам. Таму навистина нема ништо. Едноставно се усмерувам за да не се забележи дека мислам на она онаму, каде што има нешто. Има, толку многу, има. Повеќе од што можев да замислам. А и тоа нешто ме има мене. Ме гали, ме голта со сиот глад што го чуваше, ме пие со сета жед, но се така фиктивно. Мечтателно, ко во сон... Срамежливо, избезумено, толку нежно сетилно растреперено. Понекогаш и сензуално, но толку длабоко допира до мене што и кога не е до мене неговата светост тлее во просторот. Се отсликува како фотографски негатив и се запечатува. Се оцртува во мене како длабока лузна. Како никоја друга лузна. Ја тетовира мојата душа, па дури злонамерно и пакосно прави да копнее. А копнеењето трае. И трае... И трае...