Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Осеќам дека одамна не сум пишала на темава...
Различни причини од различни ситуации направија да заборавам што сакам да ти кажам во врска со љубовта..
Не знам дали приметуваш, ама почнувам да се менувам.. Не знам дали е тоа од твоето влијание врз мене, или пак од многуте непријатни случки и караници на кои решив да им кажам доста.Затоа што верувај, и мене ми е преку глава од нив исто колку што ти е и на тебе.Секоја минорна глупост периодов ме вади од кожа, прави да се осеќам бедно и безвредно.Се што правам со најдобри намери оди во обратна насока, и тоа само прави да се нервирам повеќе, а и очигледно да ги нервирам сите други околу мене..
Се надевам, како што сум истрајна во другите работи кои ги правам, и оваа задача ќе успеам да ја извршам како што треба.А ти, само остани покрај мене, опушти се, и уживај во патувањето .
 
Врне дожд чувстото е прекрасно за пишување,нека сите гревови ми бидат пролеани со него.
 
Мило ми е што полека почнуваш да сфаќаш некои работи во врска со животот и во врска со љубовта!
 
Си го добивме двајцата тоа што го сакаме,јас сум независен и слободен.Двајцата сме среќни тоа е најбитно другото се е излишно.
 
Епа еве ме ....разлистував низ Кајганава па да си пишам на мојата омилена тема....Помина долго време од она нашето ...веќе 2 и пол месеци те немам видено... Интересно беше чувството да те гледам низ ходниците а да те немам... Бев среќна што можев да те гледам барем...Но се префрли, во друго школо си ... :) Тоа беше најдобро за тебе. Се надевам дека си успеал таму..со нови луѓе, нов начин на живот... Тоа ти беше потребно. И доста тапа ден ми беше кога ми кажаа дека си отишол...без поздрав. :) Па ваљда и премногу барам...
Ти посакувам се најубаво и да успееш во се што си зацртал. Ах да, сеуште ги слушам твоите песни и оние "нашите" ... и после толку време пак ми доаѓа насмевка на лице и солзи во очите... Ми фалиш, искрено ми фалиш. Се надевам дека ќе помине што побрзо. И да ..едвај чекам да дојде септември за да те гледам барем во автобус :)
Хм.. Те сакам :)
 
А јас уживам во тоа што го немав порано!
 
Хммм ... ветив дека ќе бидам фина нели?
Епа, се премислив. :p
 
Долго време мислев дека освен во твоите, во ничии други очи нема да посакам да потонам, дека освен во твојата прегратка во ничија друга нема да посакам да се засолнам...се додека не се појави тој...кој има поубава насмевка и од твојата, очи помили и од твоите.Се заљубив пак, онака слатко и наивно како во тебе што бев...Тоа ми дава некоја надеж дека ќе можам повторно да сакам, дека во животот може да се сака вистински повеќе пати...
Сеуште е рано за тоа...Сега за сега, среќна сум што полека те снемува од моите мисли, а наместо тебе му дозволувам нему да ги окупира...
 
Ти кажав се, а ти ме лажеше...
Сега после толку време сеуште мислам на тебе понекогаш. Ти и да сакаш уште утре да ми се вратиш јас нема да те примам во срцево мое. Ти си веќе таму.
 
Епа го прочитав :). И уживам во патувањето, уживам у праење глупости понекогаш, само ќе уживам уште повеќе кога ќе те фатам за рака и заедно ќе одиме покрај зелената зграда :).
 
Денеска си ми попотребен од било кога, а ти си така далеку.
Ми фали твојата прегратка, твоите милувања по мојата коса и твоите нежни бакнежи.
Ми фалат нашите разговори кои траеја со часови...
Сакам да си до мене, проклето многу сакам да си тука!!!
 
Ќе се појавам, кога најмалку ќе ме очекуваш, иако можеби ќе насетуваш пред тоа дека нешто се „крчка“. :)
Девојко, јас сум се’ уште далеку од последниот „крик“ за нас двајца... Само ќе ми треба малку време за да закрепнам, а ти да си ги средиш мислите. А потоа, се знае, започнува новиот поход и борба за твоето срце, во кое секогаш се чувствував(м) како дома... Бидејќи заедно со моето чукаат како едно.
Дури и да изгорам во таа борба, барем ќе знаеш дека сум дал се’ од себе, воден од љубовта која ја чувствувам кон тебе. А дотогаш... Биди ми жива, здрава и насмеана, љубов моја. :*
 
Ми се враќа за се што сум грешел во љубовта.Мислам дека полека се растура кулата од карти што полека ја создававме.Само се прашувам дали ти си свесна за ова што ни се случува, дали си свесна дека се чувствувам како вишок, дали си свесна дека со уцени нема далеку да стигнеш со било кој и да си, дали си свесна дека ми ги врзуваш рацете и дека сум немоќен,истоштен,едноставно не можеш да ме погледнеш и да видиш дека сум изморен од твоите гадости и од таа твојата другарка(ако може така да се нарече)? Само се прашувам до кога би траело се ова да видам дали можам да издржам,да видам дали можеш од корен да се смениш или засекогаш ќе останеш таква каква што си СМРДЛА!? Не можам ама никако не можам да те сфатам дека ако ми се понашаш арогантно, ако ми се правиш горда и јака пичка мислиш дека ќе постигнеш нешто а? Во последно колку што и ми се понашаш ми се врти една ебена мисла во глава, а тоа е дали сеуште ме сакаш? Дали сеуште гори нешто во тебе како што гореше порано? Не сме веќе како тоа што бевме порано пораки фрчеа,седење навечер на клупи,куп заебанции се ова ми недостига со тебе ама тоа беше порано минато време... Дали ме сакаш сеуште?
 
Срце си значи, те обожавам ;) само продолжи така и се ќе биде у ред .

се гледаме во најскоро време :coffee:

ПС едвај чекам летото да почне :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom