Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Се сеќавам кога бев малечка бевме на одмор во Дојран и не сакав да излезам од вода, за да ме натераш да излезам седнуваше до мене на брегот ми велеше "Дојди ќе ти раскажам приказна" и ми ја раскажуваше легендата за Дојранското езеро по незнам кој пат.
Ми недостигаш премногу те молам биди силна и врати се каква што те паметам. Ти се мојата најдобра другарка, мојот живот.
А јас сум уморна од надевање. Оваа беспомошност ме гуши. Би си го откорнала моето срце и би ти го дала тебе ако е тоа потребно. Само те молам врати се, ми требаш бескрајно, ми треба твојата насмевка, поддршка а и твоите критики кога грешам. Биди силна, разбуди се да ти го слушнам гласот барем на телефон. Бори се не дозволувај да те изгубам без тебе ќе исчезнам.
Се би дала да можам да ти го кажам ова. :cry:
 
Во врска со љубовта: Сакам да СИ кажам дека... It takes an year to reconise an idiot. (literaly)
Или јас сум идиотот што ми требало толку (?)
Супер.

Најверојатно и сум во погрешна тема..
Life goes on.
 
Да посакуваш да ја заборавиш љубената личност е исто како да се обидуваш да запамтиш некој кој никогаш не си го сретнал!
Љубовта значи да земаш и даваш, да патиш и надеваш, да плачеш и радуваш, да страдаш и тагуваш! Љубовта не е чудо, но прави чуда. Љубовта е тиранин кој никого не поштедува! Може да се роди од љубопитство, а да трае од навика... Таа ти дава крила - таа ти ги поткршува, таа е благородна, но на крај реалноста се погрижува да минеме низ тешки патишта! Љубовта се храни со надежи. Подобро е да љубиш и изгубиш отколку никогаш да не љубиш! Љубовта е една долга можност за болка... А првата воздишка на љубовта е последна на разумот и мудроста!
Еден ден ќе се сретнеме повторно и тогаш ќе ти ги подадам своите раце како на стар пријател. Ќе ја уништам болката од нашето минато... И знај, ќе лажам кога ќе речам дека не се грижам за ништо, дека сум среќна и дека повеќе не те сакам... Прости ми затоа што сеуште ќе те сакам и паметам...!!! <33
 
Сакам да ти кажам;-Tи благодарам...ти си знаеш за што:back:
 
Љубов4е мое,желче мое зелено со кафеавки точкички еден ден ќе те стигнам и јас.Од полжавчето Пере.:back:
 
Никогаш се немам почуствено толку осамено како синоќа...Околу мене, како за инает, сите ја искажуваа својата љубов спрема некого, а јас како да не сум од овде збунето гледав што се случува, додека ти беше далеку од мене.

Мислев дека нашата љубов може да издржи многу повеќе отколку кавгите за истите работи кои се повтарат одново и одново. Не знам што ќе се случи со нас, но верувај дека уште се надевам дека се' ќе биде како порано.Не знам што очекуваш од мене кога знаеш дека многу работи не зависат од мене, како што мислиш ти.

И покрај се' што ни се има случено во изманитатиот период, сфатив дека не можам без тебе. Ти си дел од мене без кој се чуствувам празно и не сакам да те изгубам...Се надевам дека не е предоцна...
 
Обично не дремам овде. Зошто не ни имав потреба да си кажам...
Но сега е друго. Сосема поинакво. Ми тече носот и сакам да си до мене. Јадеше чипс прееска и ми брбореше по телефон, најспонтано на свет, и те сакам кога си таков, искрен, смешен, некогаш кенкав, среќен, комуникативен, тажен, весел, гладен и нестрплив, најаден и убав...
Што ми е мене!?
Ај ќе ти се јавам и ќе ти кажам дека те сакам.
И онака ова ми боде очи од што е жуто:baeh:
 
Понекогаш многу малку е потребно за некоја личност да се забележи и да ви стане драга. Некои работи едноставно треба да се случат, за да сфатиме дека некоја личност сме ја сакале многу повеќе отколку што сме мислеле...

секој некогаш
некого,
ќе засака​

те сакам, иако не и ти мене:pipi:
 
Уште ја чекам пораката.
Абре кој будала седи пред пс цел ден и чека порака?
Јас?! А не, не, не грешка си.
Добра ноќ.
 
Уште песните да не ги доживувам толку емотивно и се ќе биде супер....слушнав некој песни кој буквално ме вратија на местото и моментот кога ми ги пееше. Го видов твојот лик и искреноста на него кога ги изговараше тие зборови.....ах овие сеќавања....да можам само да ги избришам и конечно да дишам чист воздух без духовите од минатото кој се уште ме прогонуваат и ме тераат да се сеќавам на тебе...:kesa:
 
Љубов !
Божице моја зошто?
Зошто не ми ја дадеш енергичноста која ја имав пред две години?Зошто не ми ја вратиш вербата? Зошто вака ми правиш ?
Кажи божество зошто сурово си поигруваш со мене, зошто ме додведуваш до работ и ме тераш да гледам во бездната каде престојувааат лудилото, болката и деструкцијата. Каде темнината владее?
Зошто не ми ја дадеш мојата среќна приказна, ама тогаш ќе ми биде досадно . Тогаш нема да лутам низ разни места , нема да се рушам и создавам одново и одново. Тогаш ќе застанам и конечно ќе се одморам. Љубов дај еднаш направи да се вљубам во некој кој е заслужен и со кој ќе има среќен крај а, не демони и тажни прикаски.
Ти простувам се, затоа што ми прати барем еден кој е болно инспиративен. Барем поради тебе имам сили да продолжам да ги истражувам најтемните катчиња на себе си .Инспирацио до кога ќе ме растргнуваш, до кога ќе ми даваш тажни приказни за пишување.До кога ќе ме држиш во болна неизвеснот. Се трудам да те заборавам ама секогаш твојот лик ме опседнува.
Ми требаш ....
 
Ти паднаа клучевите...
Не ти ги подадов..извини...-_-
Следниот пут и картата ќе ти ја куцнам у жутата коцка (?!).
И глеј седни 4 реда позади, кај шо не седиш до мене па и со грб да сум ти свртен да не те глеам.

А, да, и тапа ти е телефонот, не ти работи копчето Play...може еден ден ќе ти биде исприќа у случај да не ми се јавуеш долго време.

Како и да е, следниот пут у тројка (автобус, перверзњаци едни), без разлика што вели возачот ќе ти дадам од кикиритките. Вреди да се жртвувам нели?! -_-
Чистокрвна ново лисичанка си жими се...
 
Не ми се верува колку ми се гадиш
Што видов во тебе?
Понекогаш се чудам колку идиот можам да бидам
И уште колку вака?
Одиш по врвца која може да се скине во секој момент
 
Баш беше фенси кога кај Ромео и Јулија си се напишав сама себе, не? -шмизл
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom