Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ај бе важи, ако не на сите да им се извинам шо после десет години на филмски маки со секакви примероци на идиоти, најдов некој со кој уствари не ми смета да губам време.
Извини бе свету, извини многу.


Пичка ви мајчина на сите.

Драга Кајгана е затворена, морав некаде.
И плус,можност да му кажам дека тој е моја крвна група
 
Шта речи, чим почнав со вакви песни..... очај :rolleyes::unsure: убо си кажвит типов, само што не ломам чаши, остало је све истина...:facepalm:
 
You say I'm crazy
'Cause you don't think I know what you've done
But when you call me baby
I know I'm not the only one
And I know.....
 
Деновите како овој, ме потсетуваат на тебе. Од никаде доаѓаш, се протнуваш во мисливе, ја обземаш мојата свест, не ми дозволуваш да мислам на друго ништо. И да, ме правиш тажна, како тмурново време кое го обвиткало градов. Не сакам да мислам повеќе на тебе, не ми требаш за да зборувам повеќе за тебе. Ја уби цела моја надеж која ја гаев, ми удри шлаканица кога посакав нешто повеќе од тебе. Не вистинска, таа немаше да боли вака. Колку и да сакав да бидеш дел од мојот живот, сега веќе знам оти тоа не е можно. И онака си волк самотник, не знаеш да се врзиш кон никој. Не знам зошто и помислував на тоа, не знам зошто и се надевав оти некогаш би можеле да се сплотиме ко едно. Нема повеќе повторување на епизодите, јас не сум доволно силна за да издржам такво нешто. Бевме, видовме, продолжуваме секој по свој пат. Еден ден можеби и ќе те сретнам пак, може и ќе се каам за одлукава, но денес знам оти ова е тоа што ми е потребно сега.
А ти... Ти пиле воопшто и не си свесен што сѐ си пропуштил во животот...
 
Последно уредено:
Ми здосади од твојот хистеричен карактер, од твоето лигавење.. Нашиот однос може да се опише со коцка мраз..
Можам веке сам да си признаам дека не е тоа што беше, дека со тебе сум поврзан само физички, тоа емоционалнота веке тони во вода, чисто сумњам дека некогаш пак ке исплива на површина.
да не се лажеме веке.. :unsure:
 
Одлично, такви денови ни се потребни се повеќе и повеќе.

П.С Ти благодарам на убаво изненадување. :rolleyes::love:
 
Знам дека еден ден ќе имаш убав живот, и ќе бидеш Сонцето на нечие небо. Ама не, не сакам да бидеш мое Сонце!
Ќе си ја најдам јас мојата Месечина.
И да, ние припаѓаме заедно, ама не во овој живот.
 
Го знаеш чувството кога газиш по мраз и се плашиш дека можеш да се лизнеш, да паднеш и да се скршиш цел?
Епа јас баш така се чувствувам без тебе.
Не знаев дека така се осеќам се дур не те гушнав и бацив на ареодром и се си дојде на свое место. Стигнав до безбедното место после лизгавиот пат и конечно може да се опуштам.
Едвај чекам да те видам пак, да може смешниве муабети по телефон да си ги правиме гушнати.
Те сакам!
 
И ете, пак мислам на тебе. Кога врне дождот досаден, страшно ме потсеќа на тебе.
И повторно ги слушам оние песни, што страшно ме потсеќаат на тебе. И знам, не ми вети ништо, не ми должиш ништо, а и јас не сакам ништо од тебе. Само тебе те сакам.
И сето она што сакав да го имам со тебе, да го доживеам со тебе, јас го доживувам со друг е така да знаеш!
Но не сакам да ти биде криво, затоа што мене ми е.
Криво ми е за се она што сакав да бидеме и да имаме, а знам дека никогаш повторно нема да биде...
И се лутам сама на себе си, кога некогаш од инат пред луѓе ќе речам нешто лошо за тебе. Знам јас, а знаеш и ти, не си толку лош колку што сакаш да бидеш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom