Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
изгубив надеж за тебе и паралелно и желба за со друга. јебеш га ме знаеш дека се фокусирам секогаш на едно единствено.
а само колку си одговаравме, едноставно бев природен со тебе и не внимавав што зборував, а ти сеуште ме провоцираш со твојата обичност, во паралелен универзум некаде си лежиме онака ти си кажуваш шеги, јас ти ги финиширам со мојот глуп брутален хумор
 
''Што човек ти разбудил оди па преспиј го''...Ова од некаде го слушнав ама и самата се уверив колку само вистина има во него...и после цели 10години некои луѓе можат да направат да затрепериш,да почуствуваш како целиот стомак ти се превртува,да се вратиш години наназад да погледнеш што се си имал но и што се си пропуштил.Ќе те натераат да посакаш да се вратиш и да живееш одново и одново во минатото само за да бидеш опкружен од нив.И сфаќаш дека годините минувале една по друга а патиштата ни оделе во спротивна насока а баш и неможам да кажам дека се трудевме да го смениме тоа,едноставно ќе си речеш ''ах да,тогаш бевме деца,се сакавме'' или можеби ''беше детска љубов,ме заборавил,помина долго време'' но кога повторно ќе се судрат погледите,како оние детските со безгрижни очи што беа пред 10години сфаќаш дека сепак длабоко некаде во нашите срца ја памтиме секоја ситница.А врмето,е времето не е на секој добар пријател.И нам не ни беше,некако одеше против нас,но сепак ќе речам: ако треба да се случи,ќе се случи.
И за крај,фалиш човеку,фалиш,и тоа многу.
 
Кога љубовта ти станува само апстрактен поим, потрага по неименувана девојка по улиците на Брно, свирките во Брно, Мага, Мага, кортасаровата Мага. Има нешто убаво во тоа да трагаш по нејзините движења, нејзиниот глас, нејзината обичност ( но, обично како небото што те радува, како сонцето што те потсетува на детство, на првата љубов, на книга ( една ) што живее во тебе, на замисла за една ноќ со многу ѕвезди ), и само еден физички допир - дланка во дланка. Брно е и тажно место, прекрасно, среќно. Наскоро заминувам, не знам дали ќе се вратам повторно, но копнежот се` уште постои. Да бев малку похрабар или веројатно не толку глупав колку сум за тие работи, бар ќе го знаев твоето име.

Секако, ова не знам колку може да се нарече љубов, ама е некој наивен копнеж, налик на детскиот копнеж кон убавото.
 
Не знам како е лесно на човек да каже : Батали, не вреди кога не знае како вистинсќи се чувствуваш?
Истите тие луѓе се оние кои кога би го имале истиот или сличниов мој проблем се оние кои дупло повеќе ќе се замараат околу решението.
А јас се уште те сакам и после се. Не знам како ми успева да имам се уште надеж. Можеби затоа што секогаш сум се борела, и сум сакала но вака како тебе никој никогаш.
И ти си овде, повторно присутен во мојот живот, но овој пат исто ко што беше на почеток, како едно обично фб пријателче кое едвај чекам да се вклучи и да поработам на она.. да се врати маѓијата и страста која ја имавме, и љубовта секако.

И ќе продолжам да ти кажувам дека те сакам. Не ми е гајле што ќе мислат останатите околу тоа. Јас знам што чувствувам. И ништо да не се случи, и да бидам со друг еден дел од мене секогаш ќе припаѓа на тебе.
 
Знаеш што подготви се доаѓам за 2 ипол дена и уште нешто ќе ти признаам подобро готвиш од Мајка ми!!! е така да знаеш. :) и чекам да ми направиш омиленото јадење кога ќе дојдам. :D ова не ти го кажувам, туку ако го прочиташ тука да си знаеш :p ај сега одам да возам до 2 ч вечер.
 
Ме нервираш кога не ми кажуваш некои работи, ко да ми требаат клешти за да ти извлечам зборови... А знам дека не си добро, ама и незнам како да ти помогнам кога не ми го кажуваш ни проблемот...
Мил мој... те сакам !
не поминува ни секунда да не помислам на тебе... и се е поврзано со тебе во овој мој свет !
Само ти биди ми добро, тоа ми е единствена желба, имај насмевка на лицето, биди среќен па макар јас да не бидам повеќе дел од твојата среќа...колку и да ме боли, нека биде така !
 
Последно уредено:
Chekam da mi se javi, dur go motam djointot.
 
Последна вечер те држев во прегратка, никогаш нема да те заборавам и нема да си простам што те изгубив.
Секој маж има во животот една незаменлива жена, ти беше таа за мене
 
Ми беше мило што го слушнав твојот сонлив глас. После толку време.. И ти собра храброст да свртиш неколку бројќи. Мора да признаам дека не го очекував тоа .:pos: Ама како и секогаш, ти си полн со изненадувања. Продолжи така.
 
Ве читам и размислувам. Некои се среќни, некои се жалат за љубовта од пред неколку години, некои посакуваат дати да им се вратат, некои посакуваат тие да се вратат..И читам и си мислам, како бе пет години поминале, десет, не си го заборавила, не си ја оставил во минатото?

А потоа ми текнува на мене. На тоа дека дури оваа лето мрднав. И го поместив газот од тоа минатотот. Дури ова лето го стаив крајот. После четири години.

И ќе кажеш колку многу се четири години, а не се. Еве ги, трепнав и поминаа.
И потоа ми текнува дека и јас сум во тие луѓе. Во оние за кои годините се само брчки, бројки и болести, но не играат никаква улога во тоа да заборавиш некој.


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom