Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Те сакам , те сакам се повеке и повеке .Со секој нов ден те сакам повеке и знам едно дека ужасно ми недостасуваш.Фала богу само што не сум станала опсесивна и љубоморна(како што гледам другите станале).Едвај чекам да дојде петок те сакам мило:back:
 
Само јас и ти бејби и зуењето на кулерот. Oh how romantic.
Ми недостигаше ќутењето со тебе.
И зошто си замина? Врати се. :cry:
 
Секогаш верував во твојата злоба и бескрајното користољубие,а да не зборувам пак за самобендисаноста,а друга страна пак како феномен и несигурноста.Сите поминуваме низ кризи и сите се трудиме да се пронајдеме себе си низ даден период во животот,но само слабаците поседуваат силна желба за самосожалување и туѓа потврда...знаеш,кој како ќе си ги прими нештата,никој не е виновен за никого...Верувам во промени,верував и во твојата,ама очигледно дека секогаш трае 1 час...не поднесувам лабилни мочковци,а не се поднесувам ни себе кога давам 493590 шанси! Доста е да му се невиди...а у осталом секогаш сум имала план Б...за среќа!:kez:

Јооој колку се чувствувам евентуално просто што пишав на темава после 390535309 години,ама подобро него ли да се истресам некаде,па да ми е криво!
 
Ми фалиш..иако си далеку..сепак те чуствувам до мене..
И едвај чекам да дојдеш и гушкам најсилно и да ти кажам колку само ТЕ САКАМ!
 
Ти се ближи роденденот.....и незнам дали треба и дали си заслужил да ти пишам порака? Ни ти не ми го честиташе мојот роденден и ме остави да бидам тажна цел ден...знам дека си машко, и мојата порака ќе ти го напали егото твое...ќе мислиш дека се уште сакам да ми се вратиш и дека се уште те сакам.......не е така..веќе незнам ни јас што чувствувам за тебе после толкавата болка која ми ја остави кога си замина.....Нема да ти пишам...не си заслужил..а дали сум човек и добра личност? Па зар ќе бидам ако ти честитам роденден? Па зарем треба да ти докажувам преку пораки дека сум добра личност? Зарем треба да користам повод за да ти пратам порака?
НЕ!
Не заслужуваш! НЗнам дека нема да ти биде сеедно и ќе ја чекаш пораката целл ден......чекај ја.......можеби и ќе ја добиеш! :vozbud::pos2:
 
Те сакам ,Те сакам највише!! Ми фалиш премногу...Едвај чекам да дојде недела да те изнагушкам :back:
 
Секој ден се повеќе и повеќе ме разочаруваш.
Ама штом ти е убаво така-терај.
 
Незнам што да кажам,толку измешани чувства но едно се издига над сите,те сакам.Знам дека не е истото т.е дека и ти не го чувствуваш истото кон мене но јас неможам да те заборавам.Не е како кај другите,овојпат е поинаков.Незнам што е поинакво но така е.Те сакав,те сакам...
 
Кога одиш по улица и сфаќаш дека лисјата пожолтеле и секое има различна боја и се пронаоѓаш во секое едно, во нивните бои, шумови, лузни е најубаво.
И кога не може да седиш во едно место, бидејќи така ти се мотаат милион мисли и спомени и гласови и толкувања на тие гласови е најубаво.
И кога шеташ низ Партизанска и сфаќаш дека луѓето те гледаат чудно пошто се смееш на ништо, а тие се слепи и не гледат зошто е најубаво.
И кога ги прашуваш луѓето што кажале по четврти пат зошто ти летаат мислите на друго место, а тие се смеат на твојата расеаност е најубаво.
И кога сакаш да му кажеш на цел свет што ти се случува за да знаат колку си среќен зошто си убеден дека твојата радост е заразна е најубаво.
И кога не сакаш да знае никој што ти е, зошто кога си ти мислиш дека е совршено, а кога зборуваш се гледаш во трето лице наеднаш се изгледа нелогично глупаво е најубаво.
И кога имаш толку дилеми во себе, ама за едно си сигурен дека ништо не е сигурно а ти сепак си среќен, е најубаво.
И кога ти е страв дека утре се ќе е готово, па стануваш ненаситен, од мирисот од вкусот, стануваш свесен за секундата е најубаво.

И никој не може да ми докаже дека да си сакан е подобро од колку да сакаш. И ниеден Марфиев закон не може да ми докаже дека љубовта е сурова, зошто тогаш се е најубаво. Саканите не го добиваат тој луксуз.

Awwwwww:pipi:
 
И по толку време, премногу време... Боли тоа што не можам да посегнам по тебе а камо ли да те допрам...
Згрешив, премногу згрешив. Со тоа што те повредив тебе, се повредив себе. Си направив лузна на срцево. Лузна која ќе ја носам засекогаш, и која ќе ме потсетува на тебе, твојот лик и мирис, поглед и допир. Единствен.
Проклето боли во бестрага...
Нека боли, се` додека ти си среќен.
 
знам, знам дека ти е криво и дека се каеш што веќе не си покрај мене. залудно е сега да се криеш и да бегаш. соочи се обиди се...знаеш дека ја сум тука секогаш, посебно за тебе. знаеш дека сеуште те сакам и дека пламенот од нашата љубов сеуште гори...го разгори ти вечерва со твојата прегратка. силно ме гушна ме припи до тебе и не можеше да ме пуштиш. ах тие погледи, не ме оставаат да спијам оваа ноќ, ме демнат како сенка...ќе дојде нов ден и ќе донесе нова радост, насмевка на моето срце. само сакам да те видам. доволни ми се твоите очи, тој твој мил поглед ах.....ја сега сфаќам дека неможам без тебе...тешко ми е знаеш...те сакам миличок мој...те сакааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Оној кој е во потрага за конечно да ја пронајде личноста за која отсекогаш сонувал дека е негова сродна душа, знае дека сексуалната енергија се појавува на површина многу пред да се случи физичкиот чин СЕКС. Најголемото задоволство не е сексот како пенетрација, туку страста... Кога страста е несопирлива и исполнувачка - сексот стапува на сцена за да го доврши танцот...
 
Е многу ми се свиѓаш...се надевам дека нема да ме разочараш!:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom