Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Дождливите ноќи ме потсеќаат на љубов... те барам во нив..
Есен.
мирис на дожд.. слатко од смокви ... да, има и ореви и лешници.
Отворениот прозор од мојата соба го пушта свежото ветре да продре
длабински во просторијата.
Го осеќам како нежно го гали мојот разголен врат.
Како да си тука до мене, па чекам да почнеш да го бакнуваш.
Тебе те нема.
Ја нема ниту месечината, ниту ѕвездите, ниту шепотот од твоите усни.....
Сакам утрово да се разбудам покрај тебе.
Но ноќва само ќе те сонувам.
Те љубам најмил мој!:back:
 
Порано мислев дека љубовта се состои од карање, од солзи, лутење, молк...
На таква љубов бев научена, толку знаев... Мислев дека повредувањето е составен дел од процесот. Ми беше нормално да се лутам за глупости, да плачам и да се осеќам безвредно.
Во мојата природа беше да наоѓам начини да те оттурнувам од себе, да создавам кавги..
Сакав да најдам начин да ме отсакаш, да ме повредиш. Да си докажам на себе дека се она во што верував е вистина, да те ставам во кошот на себични луѓе, кои ме повредиле...
Можеби и сакав да те тестирам, колку си спремен да се бориш за мене... Не знам...

Вечерва, сфатив колку си ги променил моите верувања, моите желби.. Вечерва знам дека она чувство што го имам кога сум со тебе, мојот внатрешен мир што се создава во моментот кога ќе те здогледам, помислата дека со тебе можам да споделам се... знам дека е љубов.
Вечерва замислував колку би било убаво, по исцрпувачкиот ден, да дојдам во наш дом, да го кажам познатото „хани, ам хоум„ и да легнам во твоја прегратка... најбезбедното место на светот... Знам дека така ќе ми помине уморот, ќе ми се врати силата и се ќе биде волшебно.
Не знам која магија ја поседуваш во себе да така делуваш на мене, само знам дека е убаво...

Не знам колку време ќе трае нашето, на кој начин ќе заврши..
Единствено знам дека дури и да не бидеме заедно, ќе ти бидам благодарна што ме научи што е љубов. Вистинската форма на љубовта. Што ми ја покажа убавата страна на луѓето, што ми даде надеж...

Вечерва, знам дека те сакам со секоја клетка од моево тело.
 
Се секаваш ли на еден месец пред Нова Година кога почна да ме шмекаш (:...
Eх тогаш морам да признаам дека те сметав за вообразенко но како поминуваше времето ти се вовлече во моја кожа и ми беше убаво.
За толку кратко време без прашање се насели во моето срце и си остана таму.
Ми беше убаво секогаш кога те гледав од стрaна,па после знаеме што се случи и двајцата :back:
Секогаш кога те гледав ми донесуваше срекни моменти.
Огромна насмевка.
Се чуствував ко тинејџерка ама океј,оправдано...
То се вика љубов.
И да ме прашаа пред неколку дена дали чуствувам нешто за тебе сеуште ке им одговорев,но денес и самата не знам.
Ме збуни до толку што си заборавив името :pos:
 
Стварно те сакам.

Можам да кажам дека ти верувам и без да помислам дали е тоа така или не бидејќи се што правиш го правиш тоа за нас. Како што проаѓа времето нашава врска е се појака и нејќам више да кажам дека е тоа врска туку ти си мој доживотен партнер :) што знам... врска ми делува смешно и детски, нашето е реално, врска може да се има со било кого но ова нашето е многу повеќе од тоа.
А и да не ја тупам веќе јасно е ко ден дека сум твој.
 
Види сега,многу те сакам и ти знаеш за тоа.
Едвај чекам да дојде утрешниот ден и...понатаму јас и ти знаеме што ке се случи :pipi:
 
Очигледно е дека пак тие мој "филмови" уствари ќе бидат вистина ! Ама овој пат нема предвреме да зборувам за нив, едноставно I will keep quiet, и баш ме интересира како ќе се одвиваат настаните :wink:
 
Еве ме пак по 3 пат на темава ама морам да ти кажам ова.

Можеби сум комплицирано будалесто девојче кое грешело во минатото и незнаело што сака,но денес сум свесна дека ти си оној кој навистина го заслужува моето срце без никаква конуренција.
Можеби и не те сакам онака како што навистина заслужуваш но барем те сакам.
Ти благодарам за секој изминат ден,за секоја минута,час секунда во која ми носеш радости.
Покрај тебе јас не знам што е зборот страдање и солзи.
Покрај тебе знам што е срека,што е љубов.
Кога сме заедно посакувам да замрзне времето и така да спијам во твоите прегратки.
Кога си на работа посакувам да долетам кај тебе и да му кажам на твојот шеф да те отпушти само да бевме заедно по цел ден:pos:
Не знам што би правела да не постоеше ти.
И ајде доагај си да гледаме заедно Сурвајвр и оваа вечер .
Те сакам.
Запомни.
 
Ги сакам малите но големи нешта кои ги правиш за мене,за нас. И ги сакам изненадувањата кои на крај излегуваат како јас да сум ги приготвила :) не расипав јас ништо,едноставно околностите го прават тоа да биде позабавно и незаборавно. Па и не е интересно ако оди се по план нели : :)
Го живеам клишето според скептиците за љубов,а реалноста за мене.
Колку е само поубаво кога испишуваш приказна во нова,поубава тетратка,без траги од невештата гума,без извиткани корици,без чкртаници и дотерувања,лесна,едноставна а толку возбудлива.

толку време помина,а ми се чини како да ги живеам минутите а не месеците...
 
Сакам да ти кажам дека...ми значиш многу и те сакам превише ама некоаш претеруеш многу незнам што да праем со тебе дали да го продужим тоа што е започнато или да го прекинем додека не станало полошо?...Незнам више што да праем сакам да сум со тебе ама незнам т.е не сум сигурна дали и ти го сакаш истото...увек кој ќе те прашам ми викаш дека ме сакаш и дека сакаш да си со мене...Ти си у врска со мене да, ама дали таја врска е како некоаш? Дали таја врска може да продужи без карања и препуцавања кој за кого појќе напраел? Дали уште ме сакаш како порано? Дали можеш да ми пружиш малку љубов и разбирање како некогаш и да бидеш со мене кој ми е најтешко? Незнам стварно незнам...Ја се прашуем ама дали некој може да ми даде одговор на све ова...Да можеш ти ама не таке како ти што знаеш да се ваѓаш на финте пошто стари са и ме нервираа многу... Увек едно исто и исто...Се надевам дека ќе можеш да ми го дадеш тоа што го барам од тебе дека не е многу, малку е и дека не ти треба многу нешто за тоа туку само добра воља друго ништо...:smir:
 
Те поздравија стиховите на песнава...

Се трудам да те симнам
од срце и од усна...
под насмевка ја кријам
осаменоста ко лузна

Твојот лик над мојта тага
ко облак уште кружи
од сонце облеан ги става
во сенка сите други

Ти немаш право да прашаш
како ми е без тебе
и дали сум сама
Оваа рана на душа
ќе ми ја зашие време
и ќе заборавам

Кон тебе сакам да сум ладен
ко тогаш ти со мене
љубовта што ми ја даде
на врв од игла ќе ја збере
и се што нема да ти кажам
пак од внатре ќе ме сотре...

Е така. Зборови се излишни...Песните увек најубаво ги доловуваат емоциите, зар не?
 
Тешки денови беа за мене изминативе, ама знам дека си тука со мене и знам дека секогаш можам да се потпрам на тебе.
Се грижиш за мене, посебно деновиве кога сум болна. Иако сум цела скисната среќна сум што успеваш да ме развеселиш, да ме насмееш, барем за миг да се почувствувам поубаво.
Секој миг поминат со тебе е преубав, онака си летам, како детенце од 15-16 години:) убаво е знаеш?
Фала ти што постоиш и се надевам дека и во иднина ќе биде многу поубаво.
Фала за секој миг и за секоја секунда, минутка, што си ја одвоил за мене....иако и ти сам си бил со фрки преку глава.
Те сакам, сериозна сум, само тоа сакам да го знаеш.:back:

П.С. Се надевам ќе заборавиш на сите караници, и нема да се лутиш што на моменти сум инат и тоа голем, ама што да праам, ај ќе пројде:) т.е нема да е интересно без нив....знаеш како викавме кога одевме во градинка???-кој се кара, тој се сака:)
 
Се чуствувам празно. Со тебе сум али како да не сум..Многу те сакав али сеа не знам ни јас самата дали се сакам, бев луда по тебе..али ти уби се со твојата вообразеност и гордост. Реков ќе ме бараш ти мене т.е ќе ја бараш онаа девојка која до пред некое време ќе направеше се за тебе. Али сега кога размислувам и поарно да не ме бараш, нејќам да го преживувам истото. Зошто сите бе мажи сте исти зошто????? Кога имате некоја која ве сака се правите јаки фраери..а послем кукате?????? Еееееееееееееееееее да се врати 31.12. денот кога почнавме нешто ...колку сакам да се врати, да се чуствувам сакана и важна за тебе, ех........ама нема. се тешам дека кругот ќе се сврти, али шо оти се сврти..немам срце да те повредам...таква сум.и ке останам таква...
 
Двајцата Хемичари... има ли подобра комбинација што си помагаме еден на друг секогаш ама баш секогаш? Си свикуваме еден на друг, пазариме заедно, памтиш дека и самата кажа дека нормални биле расправии помеѓу партнерите кога ги виде тие сопрузите кога се расправаа :) а плус старите викаа меѓусебна Хемија е потребна за двајца да успеат.... ај да се потрудиме формулата да ја пронајдеме :)

Довербата е мајка на меѓусебната хемија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom