Ја отворив темава и просто застанав, незнаев шо да пишам!
Знајш како? Тешко е да се кажит, уште потешко е чувството, ама ми се чинит никоаш во мојов живот не сум била поочајна, не сум била поомаловажена, никогаш не сум се чувствувала како марионета на неговите раце и очи, никогаш не сум била покорена и симната од мојот трон, се досега. Тешко е да знаеш дека никој не те чека некаде, тешко е да знаеш и дека никој не се радува на твојата насмевка, тешко е и да знаеш дека работиш на дугме, како прва помош во неговите очајни моменти. Свесна сум, знам дека мислиш дека незнам што се случува, ама јас гледам, очајно и безпомошно како ме исцрпуваш, ја дотрошуваш и последната надеж за малку среќа. И незнам кој по ред пост во оваа тема во кој пишувам декс се откажувам од тебе, дека не смеам да се замарам со твоите манипулации, незнам кој по ред пост во оваа тема во кој залудно се обидувам да се излажам себеси дека не ми значиш повеќе. Уште потешко ми е што те гледам секој божји ден, секој божји ден се присетувам на најубавата вечер во мојот живот, секој божји ден се молам да те замразам ,или бар да не те сакам како што те сакам, да не ми е тешко како што ми е тешко, да си бар некаде далеку, од моиве очи! И да, мака ми е шо денеска не ти реков чао ко си ојде, ама ќе ми поминит и то! Бар си се тешам со то шо знам дека сум инаетчивка, дека до крај ќе дотуркам вака, дека ќе успеам да поминам преку тебе, дека еден ден во твоите очи ќе видам само личност која некогаш одамна ми била цел свет, некој кој бар за кратко ми створил несоница, зошто јавето ми било поубаво од сонот, и некој кој ме терал да заспијам, зошто и најлошиот кошмар бил побезболен од суровото јаве. За тебе толку! А ќе го спомнам и него! Дека ми недостига, дека можеби ми предизвикува убаво чувство во време на мојот очај, или можеби без разлика на очајот, се раѓа нешто ново во моево срце. Или можеби повторно се лажам, како и многупати до сега.
I don’t miss him, I miss who I thought he was.
И за крај. Ај извреѓај ме, кажи ми дека не ти требам, кажи ми дека сум грда и глупа, излажи ме ако сакаш, само напрај во моиве очи да бидиш никој и нишо!
Морам и стиховиве од песнава да ги ставам овде, најпогоди ми се за во моментов, а моментов, подобро и да помине, да заспијам и да не мислам..
да си руку икад подигао на ме, имала бих за крај добро оправдање
да си разочарао ме бар, идеш ко да ни је твоја ствар, точку стави бар на крај!
Да си црни лопов, било ми би драже, ставила бих оков на срце кад каже
али од те ватре нити дим, па те лако замрзим, да за тобом не жалим,
да те лакше преболим
Дај ми разлог један да ме ниси врједан, да ми није жао што си отишао
да не стојим сама отворених рана, покиданих дана, жељна љубави
што си мени некад душо дао ти!
И сосем за крај, да не прам километарски пост
Не ме пушташ да заминам, не ме сакаш ни крај себе. Ти значам и не ти значам...
Изгубен си во глата, ој барај се во START и после во Search! :uvo:
