Пак јас...
Јас, со мојве глупи патетики... ама ко не можам нишо да преземам, бар да си се искажам.
Шо е проблемов со мене?
Пак плачам. Плачам и појма неам зш.
Никоаш, ама баш никоаш не сум се осеќала вака до сеа. Јес да поплачвев и се лигаев ама то беше нишо во споредба со ова. Ама тоаш цело време им кењав на овие околу мене.
Сеа си плачам и сама си се мачам. И како и сè друго... и то не знам зш.
Можда зш најногу им се жалам на некој непознати.
Ко почнав да пишам со тебе, негде септември беше, токму тебе ти се жалев за тогашната ситоација.
Не ни си помислив дек некош ќе те запознам, а камо ли ова сега...
Те сметав за совршен соговорник и незнаејќи те, ама баш сè ти кажвев. И да, исто битен момент, зборвеше и ти.
И така до нова година. Од тоаш сè појќе и појќе нашиве муабети се сведвет на
нишо.
Ко шо си кажа сам...
statusQuO напиша:
Конечно сфатив дека веќе немам муабет со тебе...се ти иам кажано...за некое чудо и ти....
Но малце не чини тоа...ама незнам што да направам...само сакам да те видам...тој поглед ке ти каже се...
ми фалиш...
Ама грешка си... Јас иам за шо да прам муабет само шо веќе ја изгубив желбата.
И одамна ти кажав. То шо ти го кажвиш не е ни блиску до то шо го покажвиш.
Немој сеа да ми речиш дек то шо сум Охрид а ти Скопје не те остават да ми покажиш како се осеќаш.
Колку шо знам јас и по телефон се прајт муабет. Колку шо знам јас и на мсн се прајт муабет. Слободно мојш да зборвиш нешо и ти, не е забрането.
И стварно не знам како то немаш шо да ми прајш муабет. Нели ко се сакат сè се мојт? И после јас сум била контрадикторна.
Ако чекаш така, то глеање се сведвит на еднаш месечно. И помалу можда.
Во меѓувреме постојам јас, само да ти кажам.
Толку, доста беше пишење.