Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ме сакаш ти со зборови а туѓа си со години,што сум ти ајде сега кажи ми?
 
оу. шо така ти текна? поради ветеното или..? ќе се видеме у вторник. и интересира ме како ќе поднесеш некои работи...
 
Прв пост за тебе на темава. Заслужи повеќе низ годиниве, ама денеска направи нешто што ме испровоцира да напишам пост за тебе.

Дојде во мојот живот кога ретко кој очекуваше многу од тебе, кога сите гледаа на тебе со недоверба...
Со текот на времето ми прирасна за срце, и секој ден го живеам само за да дојде сабота/недела, да те видам пак. Со мене си во добро и во лошо, се бориш за наше добро и не се предаваш никогаш. Имавме светли моменти, имавме подеми и падови кои повеќе се твои, но секој од нив го чувствувам како мој. Некој не би можел да ја сфати мојата љубов кон тебе. Имам плачено со тебе, се имам радувано со тебе, и едноставно не знам каков би ми бил животот доколку си одиш од него.

Те сакам и ќе те сакам засекогаш, великану, Френк Ламард.

lampard%20100-thumb.jpg
 
Почнувам се повеќе да им се радувам на подлите луѓе, нивното постоење конечно го сфатив како можност, ние доблесните, да се истакнеме во толпата. ТИ, некогаш се во мојот свет, денес човек без концепт и идеја, ми стана референтна точка за работите кои навистина не сакам да ги постигнам во животот.

Јас знам дека вредам за секоја трошка човечки напор која води кон зголемување на мојата среќа.

И јас знам што ќе направам...

Ќе свртам нов лист и ќе почнам од почеток!
 
Ех само колку бев слеп,колку работи ми се правеле пред очи,а јас упорно ти вервав...сега веќе незнам дали да ти вервам нити како да се понашам према тебе,дали како кучка или како личност што ми значела некогаш??? :tapp::uvo:
 
I would give up forever to touch you, cause I know, I know that you feel me somehow...
I want you, I want you so bad...
 
Неможам да престанам да те сакам, едноставно си повеќе од прекрасна, повеќе од убава. Секој момент поминат со тебе за мене е совршенство, никогаш не сум се почувствувал здосадено од твоето присуство или да речам изгубено време. Дај не се разболувај сега жити мене:)
Те сакам.
 
1001...
Знаеш дека те сакам, знаеш дека мислам на тебе, но незнаеш дека ме плаши сето тоа..
Незнаш много тога..
 
So, here we go. Или ке ме блокираш од мсн и од целиот твој живот, или ке си честитаме празници од се срце... :vozbud: What is your choice? :back: Ах, who gives a fuck... Пишам ти тоа па што ке биде, нека биде. :)
 
Еве си завршува и оваа година, а што да кажам кога во неа влезе официјално дури на крајов!? Се' во свое време е зацрткано, иако некои работи не сакаме да бидат зацртани.
Јас не сум тој што одлучува како да ја менува судбината. Овој последен пост (секогаш велам дека е последен, ама не е) во 2008 година ќе го посветам на сите девојки кои влегле во мојов живот, а некои дури и излегле. Не се тие ни малце важни колку што ми беше (си) ти.
Но сепак, еве влегуваме во 2009 година, а со тоа почнува мојот процес на децентрализација. Ќе видам дел од огранокот да префрлам во подолу рангираните функционални делови.

Сепак, подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка.
Доста ми беше од кревање на прсти за да го дофатам гулабот, сега ќе оставам шанса на врапчињата кои сами слегуваат во рака. И тие се до некаде амбициозни, и кога ќе размислам подобро, не се сепак на изглед толку напуштени. Во сите има некоја волшебност, сфатив дека оние најубавите гулаби најмногу серат. Има одредени од тој вид птици што сепак ќе се спуштат подолу овде кај обичната маса.
Јас бирам, не мислам повеќе за да не испадне погрешни одлуки донесувам. А донесов доста потешки изминатиов период.
 
Стварно ми е жал што нема да славиме заедно нова година... Ама добро, кај го добивам ова, не се бунам :) Подобро него тоа што беше...
Се надевам дека со плановите за зимово нешто ќе испадне... Ако не Нова година бар тоа :) Ако не испадне ни тоа, барем се надевам дека нема да идеш нигде (што е тешко, ама после ова се' што се случи, не губам надеж!) па ќе можеме пак да бидеме повеќе заедно...
Мило ми беше што те видов денес... Убаво си поминав... И сакам пак да те видам... А тоа којзнае кога ќе биде... До Нова година не верувам, после тебе ќе те нема... Како и да е, ќе мислам на тебе...
Се надевам убаво ќе си поминеш за Нова година и дека после тоа нема да се искршиш учејќи да бордаш, па ако биде нешто од плановите, ќе бордаме заедно :) (Дај боже!)
И не ти го кажувам тоа... Незнам зашто неможам, стварно не ми е јасно... Можеби дека се помирив со фактот дека треба да чекам, а сепак не требаше.... Знаев дека ќе испадне вака глупаво... Можеби само потсвесно се чувам за у случај пак да решиш нешто такво... А можеби и само имам изгубено навика... Ги немам кажани тие зборови многу одамна... А не ги кажувам за без везе, знаеш... Како и да е, сега ми е битно што си тука, а за тоа, сигурна сум дека ќе се врати кај и да е...
:back:
 
Некогаш те сакав бескрајно многу и бев слеп и не ги слушав други што ми збораа,ама на крајот испадна дека сите беа во право...Искрено сега незнам дали те сакам или дали воопшто ќе те сакам некогаш..било поминало и никогаш повеќе!!!!:nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom