Не можеше да се соочиш со вистината... Дека и нашата врска е дел од реалноста, а не од некоја љубовна бајка, со среќен почеток и крај, полна идеалност и хармонија... Да, и ние имавме се тоа, на моменти дури и повеќе... Затоа пред да дојде нашиот крај, недоразбирањата за нас беа нешто непознато... Можеби токму тоа толку те исплаши, те спречи да дадеш се од себе да ги надминеме... Но ако некогаш се предомислиш, јас ќе бидам тука, сакајќи те подеднакво, на старото место и адреса. И се друго ќе остане непроменето, а посебно моево срце, кое и натаму ќе чука за тебе, и за спомените од тебе...