Љубена - ова е последно нешто што ќе го напишам за тебе. И очекувам да е и последната помисла на тебе. Честито нова врска! Не ти требаше многу време за да ме замениш, и мило ми е поради тоа. Се надевам дека ќе биде исто толку посветен на тебе, како што бев јас...се надевам дека исто ќе те буди наутро, и дека исто ќе ти помага околу животот, ќе ти ја дава душата повеќе од мене... А и сама си свесна дека никој нема да го постигне тоа. Еден ден, ќе се сетиш на мене. Ќе ти фали се што ти имав дадено. Сакам да се сетиш, и сакам да патиш. Да ме осетиш мене, и мојата агонија.
Искрено, жалам по тоа што, сакајќи да те пронајдам тебе, се изгубив самиот. И многу околу мене. И во овие моменти, кога го типкам постов, те мразам и се мразам себеси. Го колнам денот кога те запознав, и ја колнам целата наша врска - мојата врска, таа во која само јас давав. А не добивав ни фала. А не го ни барав, пошто мислев дека не ми е потребно.
Те сакав како што не сум сакал никоја пред тебе. Знам дека знаеш, јас само да си кажам. И да потенцирам - те сакав. Минато свршено време. Нешто, за кое ќе се трудам така да остане, да не ми пофали, да не ми притреба. Да не патам повеќе, поготово сега. Ја сфатив твојата љубов - и твоите зборови. „Ти ветувам“, „Те сакам...само тебе“, „Извини“... Извини!? Ти не го знаеш ни значењето на тој збор бе! Ти си родена да повредуваш, си повредила многу пред мене, и ќе продолжиш така. И не се извинуваш, само ствараш поле за наредно повредување. Барем јас тоа добро го знам...знаеш и сама.
Па барем да кажеше сама, не вака да испаѓам будала и да разбирам од други, јеботе. Ама да, ти немаш храброст ни за тоа. Како што немаше храброст да ми раскиниш во очи. И дај молимте, ќе сме разговарале наредна недела? Шо, ќе се осигураше дали ти е убо со него или не, па ќе одбереше? Епа видиш, не ти успеа планот. Јас повеќе не ти сум на мени. За тебе, јас сум мртов. И кога ќе поминеш на улица, и кога ќе ме сретниш, и кога ќе се чукниме некаде во гужва - не ме познаваш! Кире Мали не постои за тебе.
Zevsus напиша:
Најзаљубен:Kire Mali 1911
И ова повеќе нема да биде точно. Никогаш! Доволно се упропастив досега, доволно шамари изедов овојпат. Ќе потрошам малку време за повторно да се пронајдам себеси, Кире Мали, каков сите го знаеја и сакаа. А потоа, ќе се развивам. Ќе се јачам, и ќе се трудам да успеам. И да бидам најбесчувствителното копиле, кое некогаш постоело. Е, ако те сретнам тогаш - ќе ти ја раскажам целата наша една година...Најусраната година. А се надевам дека нема да те сретнам. Никогаш повеќе.
Успех во врската, успех во животот. Пријатно.