Понекогаш те посакувам, ама онака... до коска. И не можам да ти одолеам кога ќе видам како си скроена, токму онака како што сакам јас. Знам дека малку одвеав со паметот, но хеј... барем никој сеуште не ми препишал дијагноза за тоа ниту пак ти при очи се правиш слепа кога си со мене... туку го знаеш тоа и го решаваме чекор по чекор.
Сериозно, ти реков дека ќе средам, кога не сум исплонил што сум кажал? Ти за тоа време играј си мачка и глушец, и немој да се плашиш ако еден ден веќе глувци немаш. Ќе смислиме нова игра, јас ќе бидам во неа и повредени нема да има бидејќи се игра со двајца, а ние немаме намера да удираме под појасот, никогаш и сме немале, колку и да мисли некој поинаку.
Сонце малечко... способно за се` на светот... Ќе умрам до септември, но како Дедо Мраз кој секоја година одново се појавува да подели подароци на децата кои биле умни, така и јас ќе наминам со еден подарок. Копчињата од дебелиот црвен костум, на твојот под. :back: