Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

  • Креатор на темата Креатор на темата smizlicka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
сонце преубаво ми е, не знаеш колку многу..одамна не сум била толку среќна, одамна не ми било вака-секој ден поубав од претходниот:pipi: кога некој би ми рекол да издвојам посебно убав ден, верувај дека не би можела затоа што секој ден поминат со тебе е посебен.можеби звучам излитено и можеби ова е клише, ама нема зборови со кои би искажала како ме правиш да се чувствувам..толку сакана, среќна, исполнета...на плажа, додека шетаме, на кафе, дома или на плажа, битно ми е само да сум со тебе:pipi: ах, те сакам најнајнајнајнајнајмногу на целиот свет:back:
 
Мило, фала ти за прекрасниот ден, прекрасниот разговор, за ручекот (страшен готвач си, морам да признам :)) и за то шо се грижеше цел ден за мене и за болното ми стомаче. :) Не можам да опишам колку сум среќна покрај тебе.
Те сакам најпренајмногу прцле мое.:back:
 
I believe in you :back:

p.s.
If you need a shoulder or if you need a friend
I'll be here standing until the bitter end :pipi:
 
Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

О лулу.
Знаеш зошто сега овде ќе ти зборам изгледајќи како дебил што се обраќа на купче воздух замислувајќи дека добива лик?
Ај мисли? Па токму затоа што никогаш нема да прочиташ, фала богу.
Еве наскоро 500 рандом вљубени мушички, песимисти, луѓе шо ја утнале темата, луѓе шо сакаат да бидат читани на оваа тема за да си докажат дека се среќни, и разно разни џаболебарски дебили ќе го скролаат постов составен само од мое благопријатно чешање едно два и пол саати.
А ти се разбира никогаш не би го отворил ова место кое се наоѓа отприлика на крајот на твојот свет, и не би кликнал токму тука. Еве ТУКА. (е ако у некаков чуден случај, читаш, поздрав до тебе сонце :):))
Леле каква привидна слобода! Да се искажеш, да вреснеш, а пламенот да не се помести, привидно глув. Ма интернетот е тој што вистински ми го разубави животот, ќе го кажам тоа на анкета еден ден, жими кабелов!
Види, се грижам.
Се грижам така милозливо понекогаш, што ми иде еднаш неделно да те замотам у јорган и да седнам одозгоре, за да имаш малце поинакво време за себе. Мозокот функционира поинаку кога е присилен. Оди подлабоко сфаќаш, на пример, елаборира тези за мистерии од најтежок степен, -како заглавив со ненормалнава???
Нашата слика е чудна. На површината има некакви крвави светки кои се убедени дека всушност носат гламур.
Можеби тоа се само невроните на шизофреничарите ко мене.
Не се обожавам поради сето комплицирање на наједноставните факти кое можам да го спроведам со едно трепнување на око, тотално ослободена од совеста која во нормални услови би го тешела страдалникот кој бил осуден да ме слуша а у паузите крволочно би се дерела по мене.
Но ми бега низ прсти кога проверувам дали претекло кафето, се случува.
И доволен е допир, 3 збора, или насмевка која според широчината се граничи со идиотизам, за веднаш да запрам и да го сменам правецот за 5467 степени, уф тоа ми е најоргазмичниот тек на настани кој можам да го смислам.

И ти го знаеш тоа.
Затоа олесни си го животот и почни да го применуваш.
Ем ќе ти ги спасам нервите на кои им фалеше само уште мојот зачин, ем ќе заштедиме на цигари.
Едноставно е лепото.
Не сакам некои работи сама да си ги давам.
Моментот во кој си суровиот ти сам со себе во туѓо око е луксуз кој секогаш најмногу еден човек во животот може да ти го даде.
Понекогаш не сакам сама да запрам.
Понекогаш сакам да ме запре туѓа рака.
 
Многу ми е криво што испадна овака...:kesa:
Навистина не мислев ништо лошо,немаше никаква потреба на нервоза :(
Навистина многу ТЕ САКАМ...
 
Денес повеќе од било кога ми недостигаш...

И денес повеќе од било кога ми е страв од самата себе...

ОМГ...Се враќам

И повторно...Се плашам како мало дете
 
Зарем е можно волку да сакам?
Сум мислела дека за никого никогаш нема да го правам она што сега го правам за тебе. Се што сакам е да бидам со тебе, и ќе те чекам да знаеш, ама стварно. Фала ти за се
:back:
 
ТЕ САКАМ!!!:back:
 
Дека ке те убијам затоа што морам да мислам на триста други глупости само да не мислам на тебе во моментов.
 
Љубов, страст, бакнежи, допири, прегратки, галење, смеење, лежење, шепнување секое утро и секоја вечер "те љубам"...
Вака ќе ти изгледаат наредните 12-13 дена.
 
Заминувам... на одмор. Ќе ме чекаш? Тебе ти зборам, ти што ми го правиш секој ден прекрасен, секоја ноќ бессона, секој момент волшебен. Знам дека ќе ме почекаш. СИлна си... Можеш... Знај дека мислам на тебе.
 
Ја се вратив ама тебе те нема, епа јбг :helou: трк на забар за подршка :bip:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom