Само накратко. Условите после втора светска јасни се нели? Се она што го гледаш во Македонија, секое патче и институција било изградено во тоа време. На таа „лоша“ инфраструктура се шлепаме до ден денес. Зошто Германија се развила иако била најголем губитник, веројатно знаеш дека е поделена на Америка, Франција, Англија и ДДР (советски сојуз). Да не објаснувам во тоа време и денес кај се парите. После следи студената војна во чие време е исто лошо да се завртиш на било која страна по пари. Плус Југославија е плански систем и не се приклучува кон ниеден блок официјално кокетирајќи со Советски сојуз и Америка.
Таа инфраструктура е лоша у споредба со инфраструктурата у Западна Германија. Тие автопатишта шо ги имаат у споредба со овие шо ги имаме, смешни се дури.
Дека Америка помогнала у градбата, да, помогнала. Ама понудила помош и тука, која не ја прифатиле. Од причини дека ќе им се мешале у економијата. Оти и се мешале у економијата на ЗГ, денес е ваква каква шо е, далеку посилна и од Америка дури.
За квалитетот на производите во однос на она што денес се пласира на нашиот пазар не ни треба да зборам. Горење е од таа доба фирма, до ден денес важи за квалитет. Само што неможеш да си го дозволиш. Муабетот ми е дека луѓето купувале квалитет имале стандард за да го купат.
Горење од пред 20 години не е истата Горење.
Лош квалитет на струја, вода и телефонија.Ова ме потсети на изјава на вемеро, во време на сдсм македонците 5% само користеле интернет, а денес 60%.
Кредитирање од кое до ден денес ги чувствуваме последиците е исто како изјавата дека големата економска криза сеуште не е помината.
И мене ме потсети, ама е така. Сите социјалистички држави се познати по тоа уствари. По лошиот квалитет на струја, вода, канализации. Шо е тужно.
Медиумска слобода и економска слобода во социјализам баш и не идат заедно. Додај ја и религијата. Нешто налик денешниов систем капитализам не оди заедно со пари кај народот и класна еднаквост и силно контролирани медиуми за ширење пропаганда. Секој систем си има свои карактеристики. Во кој систем подобро се живее треба народот да се праша. Во последно време гледам дека народот ширум светот не е нешто импресиониран од системов. Во делот лична состојба и сигурност сум убедена дека било подобро од денес. Не располага Југославија со зачувани статистики од поголеми рамки да го споредиме криминалот и убиствата, дали можеби орки се шетале низ главен град со арапски знамиња, дали на народот му било страв да шета по улици и слични прашања со многу јасни одговори. Стравот го чува лозјето велат старите. А лична слобода во смисла се што сакам да кажам не било можно се разбира во склоп со системот. Исто како во денешниот каде можеш вака да си збориш што ќе ти текне, а кога треба да извадиш некој прљав веш имаш место во идризово од десет години.
За богатењето на богатите и сиромашењето на сиромашни ќе пишам подоле.
За тоа дека во капитализмот нема пари населението, баш и не можам да се сложам. Да би немало пари, во најкапиталистичките земји не би имало најголеми плати и најквалитетен живот баш на средната класа. Швицарска пример. Дури и Словенија е у топ економии со многу квалитетен живот на средната класа. Капитализмот ја создаде средната класа на светско ниво. Ама ги создаде и богатите, кои ете, имале муда да ги инвестираат средствата, место да ги потрошат.
Разликата меѓу средната класа која ќе стане богата и средната класа која ќе остане средна класа е во тоа шо едните кога ќе земат кредит, го трошат, а другите го инвестираат.
Разлика во ментален склоп.
Од пред некое време сум на мислење дека овој денешен систем нема да оди долго. Ако планскиот и социјализмот беа нефункционални економски, денешниов пазарен капитализам неефикасно ги распределува приходите со што се создава голема класна разлика и во самите земји и помеѓу земјите. Богатите богати, сиромашните цел живот сиромашни. Потребно е да се менува, впрочем државата (со нејзините институции) е создадена за услуга и добробит на населението. Не гледам ништо од тоа. Со војни се земаат пазари (Украина 70мил народ). Не оди на добро.
Сите сме на мислење дека ќе биде така. Само шо единствената разлика е дека богатите остануваат богати, а сиромашните сиромашни само оти прераспределбата на богатството ја вршат државите.
Еве еден многу прост пример како богатите кај нас у времето на Груевски станаа 5 пати побогати, кои доколку би постоел класичен капитализам, или слободен пазар у кој државата не би се мешала, не би се десило истото.
Скопје 2014 чини 500 милиони евра. Народни пари. Кои завршија у 3-4 фирми. Бетон, Жикол, и ваљда една две други.
Да истите не беа собрани од даноци и останеа кај граѓаните, се работи за пари на 500.000 семејства, у просек по некои 1.000 евра, кои семејството ќе ги трошеше по маркети, ќе си купеше клима, или ќе одеше 3 дена у Дојран. Истите пари ќе завршеа кај мали бизниси, кои ги создава средната класа.
Ако сакаме да опстои средната класа, и дури и да се богати, а не да се одржува како во социјализмот, единствено бива ако државата не ни ги зема парите и да ги дава во рацете на богаташи со јаки фирми.
Доколку тие пари се распределуваат во малите бизниси, ние волонтерски да го правиме тоа, средната класа ќе јакне.
Најголем противник на средната класа е државата.
И примерот со Скопје 2014 е за Македонија.
Проблемот е шо во секоја развиена држава постои тендерисување на богатите фирми.
Затоа веќе не постојат држави со слободни пазари. Корпоратизам - да, слободен пазар и капитализам - не. Прераспределбата у западните држави не се чувствува толку сериозно, оти и да ти земе држават 30 посто од платата, пак останува за тебе. Ама тука да ти земе 30 посто, тоа се многу пари за македончето.
http://en.wikipedia.org/wiki/Agorism
Јас не сум југоносталгичар не верувам во повторно обединување на овие народи, ниту пак можам да живеам во таков систем. Али сум страшно разочарана од придобивките на нашата земја по осамостојувањето до денес. Немам ни коментар да опишам колку лошо го доживувам системот денешен во Македонија. Само ми текнува администрација и мрак пред очи. Додека живее македонецот во таков систем, дотогаш Југославија ќе биде подобра. Зошто и не се многу далеку со стандард и слободи.
Се слагаме тука.