Aтеистите веруваат во материјализам. Веруваат дека се што постои е само материја или енергија: атоми, атомски честички, молекули и ништо друго. Веруваат дека човекот се состои само од видливата и самоорганизирана материја т.е. дека нема нешто такво како „дух“ во него. Според нив дури и вашата свест и вашите мисли се продукт на одредени реакции меѓу атомите и молекулите во вашиот мозок. (догма 5).
Атеистите веруваат и во натурализам. Тие не прифаќаат натприродни закони, натприродни феномени, енергии и сл. Според нив природните закони се единствените кои управуваат со структурата на нашиот универзум. (догма 6)
Атеистите веруваат дека со телесната смрт престанува и постоењето на човекот. Смртта е апсолутен крај. (Изведена догма од претходните 6).
Атеистите веруваат дека ткн. „смисла на животот“ е субјективна и индивидуална категорија. Веруваат дека животот, иако краткотраен, сепак е нивна апсолутна сопственост, дека секој може да си живее како што сака, да прави што сака, бидејќи нема да одговараат пред никого по смртта. (догма 7)
Итн.