Во што веруваат атеистите?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.378
Поени од реакции
24.089

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Сега за сега во никој,прават храмови а во иднина сатаната ќе го слават
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Како што ти го славиш сатаната нели? За нас и богот и ѓаволот се прикаски и непостоечки. Ти можеш да си го величаш колку сакаш
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Како што ти го славиш сатаната нели? За нас и богот и ѓаволот се прикаски и непостоечки. Ти можеш да си го величаш колку сакаш
Бркај работа бе .НЕВЕРНИК ЕДЕН
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Оди бе у црква покај се и не глуми верник, од тебе верник не бидува
Немам грешна душа да одам во црква па да се покајам.
Во црква одам само за Божиќ и Велгден
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Немам грешна душа да одам во црква па да се покајам.
Во црква одам само за Божиќ и Велгден
Според црковната догма секој е грешник и има душевна мана... Исто како скиентолозите што проповедаат дека секој има дефектен дух на вонземјанин во себе. Се разбира тука е нивната религија да ти го реши „проблемот“.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Атеистите веруват дека се настанало од ништо (според некои правци на атеизмот не е ништо, туку вечната материја)

Атеистите веруваат дека слепата материја си се самоорганизирала со помош на слепите и самосоздадени сили (догма 1), и дека потоа некако, тики така (хокус покус), безживотните хемиски соединенија оживеале - Абиогенеза. (догма 2), па потоа во нив спонтано си се самосоздававале огромен број на нови генетски информации одговорни за нови органи, за сетила, за мозок итн и така настанувале различните животински видови и човекот - Дарвинизам (догма 3) итн.

Атеистите веруваат во релативен морал. Според нив и моралот е човечка измислица, како и поимите „добро“ и „зло“. (догма 4).

Aтеистите веруваат во материјализам. Веруваат дека се што постои е само материја или енергија: атоми, атомски честички, молекули и ништо друго. Веруваат дека човекот се состои само од видливата и самоорганизирана материја т.е. дека нема нешто такво како „дух“ во него. Според нив дури и вашата свест и вашите мисли се продукт на одредени реакции меѓу атомите и молекулите во вашиот мозок. (догма 5).

Атеистите веруваат и во натурализам. Тие не прифаќаат натприродни закони, натприродни феномени, енергии и сл. Според нив природните закони се единствените кои управуваат со структурата на нашиот универзум. (догма 6)

Атеистите веруваат дека со телесната смрт престанува и постоењето на човекот. Смртта е апсолутен крај. (Изведена догма од претходните 6).

Атеистите веруваат дека ткн. „смисла на животот“ е субјективна и индивидуална категорија. Веруваат дека животот, иако краткотраен, сепак е нивна апсолутна сопственост, дека секој може да си живее како што сака, да прави што сака, бидејќи нема да одговараат пред никого по смртта. (догма 7)

Итн.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Атеистите веруваат дека ткн. „смисла на животот“ е субјективна и индивидуална категорија. Веруваат дека животот, иако краткотраен, сепак е нивна апсолутна сопственост, дека секој може да си живее како што сака, да прави што сака, бидејќи нема да одговараат пред никого по смртта. (догма 7)

Итн.
А каква може да биде? Објективна?! :tapp:
Па нормално дека животот е апсолутно моја сопственост, чива да биде?! И нормално дека ќе го живеам како што ми е волја! За да одговараш пред некого, треба да се согласиш на неговите услови или предходно да бараш нешто од него! Во спротивно, врз основа на што да одговараш?! И не се ни обидувај со онаа смешна аналогија за грнчарот и грнето. Компарација помеѓу свесно - живо битие и обичен објект е смешна безсмислица.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Атеистите веруват дека се настанало од ништо (според некои правци на атеизмот не е ништо, туку вечната материја)
Атеистите никаде не тврдат дека знаат што се случило пред настанокот на универзумот, ниту дека знаат точно како настанал универзумот. Очигледно имаш проблеми околу разбирањето на поимот теорија.

Атеистите веруваат дека слепата материја си се самоорганизирала со помош на слепите и самосоздадени сили (догма 1), и дека потоа некако, тики така (хокус покус), безживотните хемиски соединенија оживеале - Абиогенеза. (догма 2), па потоа во нив спонтано си се самосоздававале огромен број на нови генетски информации одговорни за нови органи, за сетила, за мозок итн и така настанувале различните животински видови и човекот - Дарвинизам (догма 3) итн.
Веќе долги години никаде низ светов во дебати кои ги водат сериозни и едуцирани луѓе не се дебатира валидноста на Дарвинизмот. Штета е што форумов е толку назад. Еволуцијата е теорија која модулира со секое ново парче евиденција и никој не тврди дека истата нема препреки.

Атеистите веруваат во релативен морал. Според нив и моралот е човечка измислица, како и поимите „добро“ и „зло“. (догма 4).
Moралот е генетска карактеристика. Ниеден едуциран атеист не го тврди ова.

Aтеистите веруваат во материјализам. Веруваат дека се што постои е само материја или енергија: атоми, атомски честички, молекули и ништо друго. Веруваат дека човекот се состои само од видливата и самоорганизирана материја т.е. дека нема нешто такво како „дух“ во него. Според нив дури и вашата свест и вашите мисли се продукт на одредени реакции меѓу атомите и молекулите во вашиот мозок. (догма 5).
И покрај тоните евиденција за ова ти се осудуваш да негираш? Не ми кажувај дека веруваш и во телепатија и телекинеза...

Атеистите веруваат и во натурализам. Тие не прифаќаат натприродни закони, натприродни феномени, енергии и сл. Според нив природните закони се единствените кои управуваат со структурата на нашиот универзум. (догма 6)
Атеистите не прифаќаат натприродни објаснувања затоа што се недоволно експлицитни и неконзистентни.

Атеистите веруваат дека со телесната смрт престанува и постоењето на човекот. Смртта е апсолутен крај. (Изведена догма од претходните 6).
Со оглед на тоа дека досега е дебанкиран секој обид да се докаже спротивното, атеистите не веруваат во реинкарнација, задгробен живот и слично.

Атеистите веруваат дека ткн. „смисла на животот“ е субјективна и индивидуална категорија. Веруваат дека животот, иако краткотраен, сепак е нивна апсолутна сопственост, дека секој може да си живее како што сака, да прави што сака, бидејќи нема да одговараат пред никого по смртта. (догма 7)

Итн.
Првично постојат закони и устав, човекови права и слично кои не дозволуваат да атеистот прави "што сака." Ти спомнав погоре а веројатно и на друга тема дека е евидентирано дека моралот и алтруизмот се еволутивни генетски карактеристики и апропо ова е смешно да се смета дека Бог е единствениот извор на морални вредности на планетата.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеистите веруват дека се настанало од ништо (според некои правци на атеизмот не е ништо, туку вечната материја)
Болдот неточен, стварање од ништо има само кај бог. А материјата дека е вечна е факт.

Атеистите веруваат дека слепата материја си се самоорганизирала со помош на слепите и самосоздадени сили (догма 1), и дека потоа некако, тики така (хокус покус), безживотните хемиски соединенија оживеале - Абиогенеза. (догма 2), па потоа во нив спонтано си се самосоздававале огромен број на нови генетски информации одговорни за нови органи, за сетила, за мозок итн и така настанувале различните животински видови и човекот - Дарвинизам (догма 3) итн.
Пак ќе повторам тика така, хокус покус, нека биде и бидна и слично има во прикаските за бог (оние еврејските народни прикаски, ака стар завет)

Атеистите веруваат во релативен морал. Според нив и моралот е човечка измислица, како и поимите „добро“ и „зло“. (догма 4).
Aтеистите веруваат во материјализам. Веруваат дека се што постои е само материја или енергија: атоми, атомски честички, молекули и ништо друго. Веруваат дека човекот се состои само од видливата и самоорганизирана материја т.е. дека нема нешто такво како „дух“ во него. Според нив дури и вашата свест и вашите мисли се продукт на одредени реакции меѓу атомите и молекулите во вашиот мозок. (догма 5).

Атеистите веруваат и во натурализам. Тие не прифаќаат натприродни закони, натприродни феномени, енергии и сл. Според нив природните закони се единствените кои управуваат со структурата на нашиот универзум. (догма 6)

Атеистите веруваат дека со телесната смрт престанува и постоењето на човекот. Смртта е апсолутен крај. (Изведена догма од претходните 6).

Атеистите веруваат дека ткн. „смисла на животот“ е субјективна и индивидуална категорија. Веруваат дека животот, иако краткотраен, сепак е нивна апсолутна сопственост, дека секој може да си живее како што сака, да прави што сака, бидејќи нема да одговараат пред никого по смртта. (догма 7)

Итн.
Сосем неточни тврдења. Повеќето атеисти не веруваат во ништо. Со верувањето се „занимаваат“ верниците. Итн итн.....
 
M

Muranyi

Гостин
Зошто е толку тешко верниците да прифатат или во најмала рака да го земат како можна претпоставка,еве,како што пиша членот Атеист,дека материјата е вечна,а вечноста на Бога ја прифаќаат безусловно?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зошто е толку тешко верниците да прифатат или во најмала рака да го земат како можна претпоставка,еве,како што пиша членот Атеист,дека материјата е вечна,а вечноста на Бога ја прифаќаат безусловно?
А зошто пак на атеистичките верници им е толку тешко да прифатат или во најмала рака да го земат како можна претпоставка дека Бог е вечен, а вечноста на материјата ја прифаќаат безусловно?
Одговорот и на двете прашања е вера. Тоа е темелната појдовна точка од која што тргнуваат и теистите и атеистите.

Сепак има еден проблем со вечноста на материјата и универзумот. Познато е дека во ѕвездите водородот неповратно се троши, а со тоа и ѕвездите согоруваат. Ентропијата се зголемува, потенцијалната енергија преминува во работа, универзумот се стреми кон топлотна смрт. Доколку минатото на универзумот е бесконечно, тоа значи дека топлотната смрт на универзумот би требало да се десела во минато бесконечно време. Но не е така, ѕвездите се уште светат.

Единствен разумен приговор на ова е теоријата за пулсирачки универзум, која воопшто не е теорија, туку само научно-фантастична замисла. Не може да се нарече ни хипотеза, затоа што не содржи ниту еден елемент од класичниот научен метод.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom