Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Јас сум ја прочитал Библијата и никаде не пишува дека Велики Петок треба да е неработен. Пишува само дека Недела е ден за одмор. Дури и Сабота треба да е работна.ОК, не ми требаше некоја егзактност за тоа колку атеисти утре ќе го празнуваат Велики Петок. Онака чисто интуитивно ми беше прашањето.
Муабетот ми е дека јас познавам доста момци/девојки што џигерот ми го извадиле како тоа господ не постои, верата е бул шит, биле атеисти и слично, а јас ниту сум ги прашал ниту сум посакал да ми објаснуваат за тоа. Еден од нив денес не пропушти да ми се испофали колку убаво ќе му дошло што ќе споел денови и ќе заминел за Банско. Па прашањето ми беше што мислите колку од атеистите (Македонци) утре нема да одат на работа заради Велики Петок. Веројатно овој мојов пријател не е единствениот пример.
Најпринципиелно, утре секој вработен што нема да оди на работа поради Велики Петок „де факто“ се декларира за православен христијанин (иако можеби и не е крстен). Согласен?