Во што веруваат атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата МАЈОР
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе интересна мисла ми ''блесна'' читајќи ги коментарите од атеистите или ''неверниците'' како што сакам ја да ги наречам, од темата за ''Чудото во Св.Димитрија''..таму сум баниран па морав друга тема да отворам за да прашам...
Атеистите не веруваат во Господ,во чуда уште помалку,ги негираат сите ''божји знаци''...ги исмеваат верниците ..и имам некое чувство дека тие не веруваат во ништо освен во самите себеси..А добро,нели мислите дека има и некој над вас?
Одговорот дека верувате во науката ми е некако излишно, мада има смисла..но моето прашање е кој ја создал науката како таква...,физиката,хемијата и сл.. ? :)

Атеист е спротивно од теист.... и во контекст на темава - негација на божјото(надприродното) постоење.
Но... да ти сум најискрен.. со оглед на тоа како го имаш формулирано насловов, а и прашањево кој ја создал науката.... тешко дека некој атеист ке се спушти толку ниско за да ти одговори детално.... :rolleyes:
 
Божјите знаци за кои ти зборуваш се субјективно мислење па не е во ред твоето мислење да го наметнуваш како супериорно во однос на мислењето на атеистите или агностиците. Во целава оваа работа сите сме рамноправни, и атеистите, и агностиците и верниците се додека не се појави виша сила и да ни ја објасни вистината. Или да појаснам, иако не звучи баш најдобро - сите ја зборуваме вистината бидејќи за секој од нас вистината е различна. Јас како агностик имам право да кажам дека не верувам во тоа што се случило во црквата а твое е да го почитуваш туѓото мислење без да навредуваш на суптилен начин како што правиш сега (демек ние не веруваме во себе а ти веруваш)
 
Многу долго образложение може да добиеш. Јас само во кратки црти ќе напишам некој друг нека ти дообјасни:
- Кога се работи за болест, не веруваат во фразата " господ да ти помогне", веруваат во медицината и докторите.
- Веруваат во теоријата на Чарлс Дарвин, не веруваат дека светот настанал од Адам и Ева.
-Веруваат во Ајнштајн , Њутн, Питагора- каде има теореми и закони кои ги побиваат религиозните учења.
- Веруваат дека "вчерашното чудо" е резултат на хемиска реакција.

И гледај сега кога зборуваш за атеистите во глобала има два-три типови неверници.
-Што прекинале да веруваат од одредена причина
-Што никогаш не верувале
-Што веруваат во некоја нова вера, односно преминале од една во друга (за овие општо познато кај христијаните дека се атеисти, сатанисти) - да напоменам зборувам кај неедуцираната маса а тоа е 80% од населението.
 
Атеист е спротивно од теист.... и во контекст на темава - негација на божјото(надприродното) постоење.
Но... да ти сум најискрен.. со оглед на тоа како го имаш формулирано насловов, а и прашањево кој ја создал науката.... тешко дека некој атеист ке се спушти толку ниско за да ти одговори детално.... :rolleyes:

Ова го сваќам како титула да имаат, па понизно е.. или дечко ти си верник аут си , втора лига си :pos:
Нејќам детално објаснение од некој атеист,нити пак многу сум навлезен у тие води верници-агностици-атеисти..него чисто онака ме интересира.. Верникот верува во Бог и смета дека он му е заштитник и за добро и за зло..и кога е среќен или несреќен он го повикува Бог.. а атеистите немаат таков ''луксуз''.. Еве пример,атеист е смртно болен на постела,осеќа дека му се ближи крајот..на кого се моли,на кого го искажува стравот и стравот од тоа што ќе биде со него после смртта.?..верникот се знае,верува дека Бог ќе му суди..
 
Немаат они надеж сум имал прилика да разговарам со многу такви кога ке ги погледнес во очите гледас темнина ладна дупка една голема празнина луѓе без надеж ,очајни а за тоа несе ни свесни.....
 
Ова го сваќам како титула да имаат, па понизно е.. или дечко ти си верник аут си , втора лига си :pos:
Нејќам детално објаснение од некој атеист,нити пак многу сум навлезен у тие води верници-агностици-атеисти..него чисто онака ме интересира.. Верникот верува во Бог и смета дека он му е заштитник и за добро и за зло..и кога е среќен или несреќен он го повикува Бог.. а атеистите немаат таков ''луксуз''.. Еве пример,атеист е смртно болен на постела,осеќа дека му се ближи крајот..на кого се моли,на кого го искажува стравот и стравот од тоа што ќе биде со него после смртта.?..верникот се знае,верува дека Бог ќе му суди..

Не втора, дива... него ти викам, прашањево ти е реторичко... Не се осеќај навреден или понижен.. дискутирај опуштено.. предвреме знај дека овие теми се етикетирани како места за препуцавање.
Јас сум атеист, и не можам да разберам зошто ти веруваш во задгробен живот и судење пред Бог..... едноставно не можам.
Глупо е да пишам овде, ама во себе си викам... добро бе овај стварно веруват во ова!? Те читам на други теми, се смеам ова она, и наеднаш овде глеам леле овај е верник. :facepalm:
Највероватно и ти истото го мислиш за некој атеист, ко мене, и се чудиш на ова јас што го пишувам.
Секој верник има право да верува исто колку секој неверник што има право да неверува...
И ај сеа најди ти НЗС...
А за тоа.. на кого се моли тој смртно болнен.... вервиме... на се живо и диво... И да не се залажуваме дека, ако е верник - полесно ќе му е :tapp: Тешко кутар тој...
 
Ова го сваќам како титула да имаат, па понизно е.. или дечко ти си верник аут си , втора лига си :pos:
Нејќам детално објаснение од некој атеист,нити пак многу сум навлезен у тие води верници-агностици-атеисти..него чисто онака ме интересира.. Верникот верува во Бог и смета дека он му е заштитник и за добро и за зло..и кога е среќен или несреќен он го повикува Бог.. а атеистите немаат таков ''луксуз''.. Еве пример,атеист е смртно болен на постела,осеќа дека му се ближи крајот..на кого се моли,на кого го искажува стравот и стравот од тоа што ќе биде со него после смртта.?..верникот се знае,верува дека Бог ќе му суди..

Цитро, прашањата кои ги поставуваш, немаат заеднички одговор.
За разлика од сите православни, кои сега за Велигден ќе фарбаат јајца, атеистите немаат заеднички правила, заеднички начини на однесување, ниту пак, имаат систем на вредности. Секој е за себе, секој со свои ставови, свои желби, свои вредности. Само едно е заедничко - неверувањето во постоење на Бог.

Треба да навлезеш малце повеќе, за да ти стане јасно ;) . Мене не ми е никој заштитник. Како што твојот Бог не помага на мали деца, болни од леукемија. Е***е заштитникот... уствари не. Патиштата Божји се чудни, нели?

Не ми треба таков луксуз, да живеам како што не сакам, за некого што не го познавам, и за кого не постои доказ дека вистински постои. Па дури и да постои, не дава валидни докази, за неговата ,,добрина,, ,,љубов,, и ,,милост,,.

На пример, кога сум била хоспитализирана (и не сум знаела, што може да ми биде дијагнозата), сум се надевала (молела, на твој јазик) дека докторот е стручен доволно, искусен доволно, и дека ќе најде решение за мојот проблем.
Во ниту еден случај, ни како дете, ниту сега, не сум очекувала помош од виша сила.
И посебно, затоа што, не чувствувам потреба од истата.
 
Иначе интересна мисла ми ''блесна'' читајќи ги коментарите од атеистите или ''неверниците'' како што сакам ја да ги наречам, од темата за ''Чудото во Св.Димитрија''..таму сум баниран па морав друга тема да отворам за да прашам...
Атеистите не веруваат во Господ,во чуда уште помалку,ги негираат сите ''божји знаци''...ги исмеваат верниците ..и имам некое чувство дека тие не веруваат во ништо освен во самите себеси..А добро,нели мислите дека има и некој над вас?
Одговорот дека верувате во науката ми е некако излишно, мада има смисла..но моето прашање е кој ја создал науката како таква...,физиката,хемијата и сл.. ? :)

Како атеист верувам во истото што веруваш ти и останатите, освен религија, Господ, библија, црква. Самиот збор ти кажува. И незнам која е поентата да се отвараат 30,000 теми наменети токму за атеистите, кога одговорот го имаш во секоја тема поединечно.

Верникот верува во Бог и смета дека он му е заштитник и за добро и за зло..и кога е среќен или несреќен он го повикува Бог.. а атеистите немаат таков ''луксуз''.. Еве пример,атеист е смртно болен на постела,осеќа дека му се ближи крајот..на кого се моли,на кого го искажува стравот и стравот од тоа што ќе биде со него после смртта.?..верникот се знае,верува дека Бог ќе му суди..
Па сигурно нема да се молам на Господ ако ми отчукува часовникот, ќе сакам да бидам покрај најблиските во тие моменти и нема да трошам време да се исповедам за гревови кога можам да се заблагодарам и да побарам прошка од оние што објективно биле присутни во мојот живот.
 
Иначе интересна мисла ми ''блесна'' читајќи ги коментарите од атеистите или ''неверниците'' како што сакам ја да ги наречам, од темата за ''Чудото во Св.Димитрија''..таму сум баниран па морав друга тема да отворам за да прашам...
Атеистите не веруваат во Господ,во чуда уште помалку,ги негираат сите ''божји знаци''...ги исмеваат верниците ..и имам некое чувство дека тие не веруваат во ништо освен во самите себеси..А добро,нели мислите дека има и некој над вас?
Одговорот дека верувате во науката ми е некако излишно, мада има смисла..но моето прашање е кој ја создал науката како таква...,физиката,хемијата и сл.. ? :)
Друже кој ја создал не знам и најверојатно не бил тоа еден човек низ вековите и милениумите се градела и надградувала науката.

Повеќе ме интересира дефиницијата за „чудо“?!

Зарем сериозно некој верува во ср*ања(извини на речников) како икони што се чистеле сами.
И зарем тоа е чудо?
Па еве ако чистењето на иконите ги излекува болните и нахрани гладните јас секој ден ќе ги бришам од утро до мрак.

Еве моја дефиниција за чудо(да не се повторувам од другата тема ми е )

[Чуда се случуваат секоја секунда во Македонија само што луѓето се слепи за да ги видат.
Чудо е како четири члена фамилија со 10.000 денари плата успева да го преживее месецот.Нив ги има се повеќе и повеќе во земјичкава наша напатена ,а пак оние што живеат од социјално за нив може да се каже дека се чудо над чудата ,а икони што сами се чистат не можат ни вода да им носат на горе наведениве.

Ама јеб*га кај нас медиумиве не се интересираат за вистински чуда.:facepalm:]

За мене чудо е кога во Македонија помлад човек ќе стане во автобус и ќе каже повели чичо седни ,а стариот ќе каже фала сине сполај ти за добро нека е .

А кај нас ситуацијата е што бе јас на старец да му станам ма кој го е*бе ,а пак старите мрчатори со надмен тон види ги дечишта невоспитани никој не станува.

Вакви чуда можам 1 милион да ги наредам ама јеби*га иконите се поинтересни.

П.С Не го оспорувам постоењето на виша сила-Бог дури и сам верувам во такво нешто ,но мислам крајно време е луѓето во Македонија и пошироко да размислуваат со своја глава и по илјадити пат да не земаат ништо здраво за готово.
Толку од мене;)
 
Атеистите веруваат во фактот дека нема задргробен живот или семоќно битие/битија.

Тоа сме што сме во овој момент и нема ништо друго.Дали е малку тешко да се живее со фактот дека има крај,апсолутно ДА но сепак фактот дека си бил доволно среќен да има почеток е утешителен.

Се што останува е да се надеваме дека ќе поживееме доволно долго пред да се најде лек за крајот.
 
ајде малце насловот формулирајго, пошто мешаш неверници со атеисти.
ти на пример како ептен побожен припадник на ортодоксната христијанска релгија или по наши на православието, си ама ептен неверник во очите на муслиманите и во глобала на скроро сите други религии, пошто само една е права сите други се ветер и магла.
да биди работата потрагична ти како претпоставувам припадник на МПЦ во очите на другите православни цркви кои не ја признаваат како таква си неверник. или некој понавлезен во тоа подобро би ти објансил.
и искрено мене не ми е јасно како може некој да се оттуѓи од својот народ само заради верата. секако мислам на јован вранишковски или како беше.
од друга страна не ми е јасно како можеш некого да мразиш само ради тоа што е друга вера.
е тука веќе се атеистите.
немаат исти вредности како тебе, малце еволуционо се понапредни или поцивилизирани ако веќе така сакаш.
за нив делбата на луѓето само по вера е чиста глупост.
како да делиш некој по нешто, кога и тоа нешто нема никаква логика. зошто нема логика нема да објаснувам си имаш таму еден куп теми , сигурен сум дека ако бараш ке најдеш нешто.
додека ти во иконите кои ете светнале АЛЕЛУЈА , воопшто не се ни сомневаш дека некој можи прави дубара, дека можи е само една проста хемиска реакција или ете било што кое ако денес науката не може да го објасни, ке го објсани еден ден, ти упорно бараш чудо. не проверуваш, не се ни трудиш. така рекле некој и ти слепо веруваш во тоа. со такво размислување нема напред.
нема наука ,нема технологија, и би немало скоро се што денес ти го земаш како здраво за готово.
само замисли наместо да одиш на лекар за една обична инфекција ти цело време чекаш господ да ти поможи.
оти??
оти некој рекол дека е семоќен и дека ако си добар верник сигурно ке ти поможи, а ако не ти ги ислуша молитвите, и умриш тогаш сигурно ке одиш во рајот.
е за некој тогаш ке бидеш голем верник, но за некој само наивен кој си ги фрли чевлите многу млад.
е за разлика од тебе или од другите големи верници, некој не чекаше некој од горе да му поможи, некоја виша сила или така нешто.
седнал размислил се помачил, го воочил проблемот барал решението за истиот и го нашол. ти тоа го викаш лек и благодарение на тој лек ти сега наместо да се дружиш со севишниот продаваш демагогии во што верувале неверниците.
значи во глобала верникот наместо да се помачи да го најди решението одлучува мозокот да го пушти на пасење пошто веќе бог смислил се и тој немора што тука да се замара. и најлесно е наместо да се прашаш зошто е тоа така, да речиш необјасниво е, мора да е чудо или знак.
 
Пример ја ти веруем у пари.

images
A во оваа веруваш или не :tapp:

1000_denari,_1996-_lice.jpg
 
A во оваа веруваш или не :tapp:

Да ти кажам, могуќе е да си ја закачам на ѕид. Кога ќе ја имам, многу свети работи ми се случуваат, а душава ми е исполнета....
Oh my, it's a miracle!!!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom