Во кој период сакате да живеете?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martyr
  • Време на започнување Време на започнување
Со овие години што сум во моментов еве може и 5 години помлад, да се наоѓам во периодот на 80тите негде поточно 84-5та отприлика, зашто според мене најквалитетната музика е од тој период и наредните 10тина години што ќе следат :) Уфф ќе се истурам од одење на концерти на најдобрите бендови на сите времиња! А да, и најквалитетните филмови се негде во тој период според мене, тоа е мотив плус :)
 
Времето на славната Мак фаланга... :) Може и периодот за време на Илинденско востание...
 
Искрено кажано ми се свиѓа периодов во кој живеам :D
 
Со овие години што сум во моментов еве може и 5 години помлад, да се наоѓам во периодот на 80тите негде поточно 84-5та отприлика, зашто според мене најквалитетната музика е од тој период и наредните 10тина години што ќе следат :) Уфф ќе се истурам од одење на концерти на најдобрите бендови на сите времиња! А да, и најквалитетните филмови се негде во тој период според мене, тоа е мотив плус :)
А 1969? Не сакаш да си 20тина години тогаш и да живееш некаде во Англија? Легендарниот Woodstock? :)

Јас би сакал да сум роден некаде 1950. Да можев да отидам на Woodstock, да ги слушнам Led Zeppelin, Jimi Hendrix, The Doors, Quicksilver Messenger Service, Mott the Hoople, Slade, Pink Floyd...ај да не набројувам долга е листата:) После ќе сум можел да уживам на 35-36 години во гранџот:) Абе милина.
 
Добро е и тогаш, али повеќе фактори одлучуваат за мојот избор на 80-тите и 90-тите :)
 
Едно 2000 години уназад а може и унапред
 
Па што знам. Сакам во повеќе времиња. Како на пример во времето на Аце или пак во времето на Римската Империја или пак Југославија.
 
Арно ама никогаш немало перфектно време за живеење па дури ни блиску до тоа...врти сукај секогаш е ке е на експоататори и експоатирани...само методот на експлоатација се менува
освен кај племињата..каде што речиси и нема услови за скромен живот(по денешни стандарди(па и не баш по денешни стандарди зошто ова инфо. технологијата е премногу(за племињата)))
 
Во време на втора светска војна, илинденско востание, во време на Југославија, во време на Римско царство, среден век, во време на Александар Македонски и во камено време.
 
Би сакал да живеам во многу периоди. Би сакал да живеам во времето кога Александар бил господар на целиот тогашен свет :D Би сакал да живеам во времето на Исус...да видев дали навистина има таква моќ. Би сакал да живеам во времето на викинзите. Би сакал да живеам во осумдесетите кога во светот беше рок и метал музиката ин. Би сакал да живеам во иднината бидејќи понекогаш си мислам "Како нашите родители живееле без компјутери и мобилни"...ако живеев во иднината ќе си мислев ако нашите родители живееле без (некои рандом направи, откритија и.т.н.) :)
 
Римската империја и времето на Калигула
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom