Глупости. Ваквите лица кога се во цутот на младоста и кога се образуваат се сместени во установи чии услови се подоле од најпрекатастрофални, нема ниту доволно места за да им се обезбеди потребната нега и образование, и мислам дека повеќе ќе им значи ако малце ги средеа установите и им ги подобреа условите за живот и образование, поработеа на нивната личност и покрај нивниот инвалидитет се потрудеа максималното да го извадат од нив. Не дека не постојат луѓе кои се залагаат за тоа, ама па овие ваквите со бесплатен паркинг можеа да им обезбедат по некоја бесплатна книга на Браево писмо по факултетиве, маки мачат за литературата од факултет децава (тука да ги спомнам тие напуканите професори со авторски права што се плашат да не им ја ископира некој книгата па 1.000 денари помалку да им е целиот ќар, а од друга страна организираат прослави по повод ден на слепи, ден на аутистични, ден на даун синдром итн.)
Вака ич не им прават добро според мене, точно е дека е доста човечно да им се даде предност и помош во некои работи бидејќи не секогаш се самите сто посто способни за се, ама со некои вакви „добра“ уште повеќе ги двојат ваквите лица.