- Член од
- 31 јануари 2012
- Мислења
- 75
- Поени од реакции
- 89
Овцата е диво животно, во ист ранг со мечката, волкот, лисицата, па и верверицата.
Такви сознанија за природата добиваат македонските првоодделенци кои за предметот Запознавање на околината учат од истоимениот учебник издаден во 2008 година од издавачката куќа Топер.
На 65. страница од учебникот, како што може да видите од фотографијата, во групата животни за кои првоодделенчињата треба да покажат со што се хранат, во групата на дивите животни се ставени и овцата и гуската, иако овците, освен муфлоните, се припитомени пред илјадници години, а и има барем неколку раси гуски кои се припитомени и се чуваат поради јајцата, месото и пердувите.
Зошто цели 4 години не е корегирана грешката и не е направено ново издание, па наставничките на љубопитните првооделенчиња четири учебни години мора да им кажуваат дека е тоа грешка, крајно време е да одговорат надлежните... заради идните генерации и заради уморните учители, кои постојано мора да објаснуваат дека е направена грешка.
извор: плусинфо мк