Внесување храна во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата Audiofil
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.961
Поени од реакции
7.150
Дали некој скоро бил со кола во Хрватска и преку која граница за да каже повеќе информации во врска со одлуката за забрана за внесување на месни и млечни производи од трети земји во кои спаѓа и Македонија?Редовно одам во Словенија на одмор секоја година со автобус и од кај нас си носам пакувано козјо сирење,пилешко вакумирано,кафеави маслинки,риба сардина и досега и кога ги проверуваа торбите не прравеле проблем хрватите но нареден пат планирам со кола да одам па да знам дали да носам или не:
 
Имам пријател кој возеше со кола за Италија и на Хрватска граница му најдоа ајвар, мајвар, пршута и мораше да плаќа 3000 евра казна.

Штосот бил кога ќе те прашаат што имаш да пријавиш да наброиш точно што имаш, во тој случај најлошо што можело да биде е да ти ги одземат.

Ама ако те прашаат а ти потврдиш дека немаш ништо за пријавување а те претресат и ти најдат недозволени артикли, многу строги биле казните.
 
Back
На врв Bottom