- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.579
- Поени од реакции
- 10.608
Вчера Левица по подолго време беше ставена во дефанзива со оркестриран синхронизиран напад од двете партии, и дпмне и сдс симултано. Беа впрегнати во погон сите расположливи информациски медиуми во служба на информацијата пренесена на парламентарна говорница дека „Апасиев свесно соработувал со Заев за време на парламентарните, со цел откинување на гласови од дпмне“.
Некој добро го подучил Зоки како да се носи со незгодни прашања. Не знам дали ги има некој забележано ама на прашања од ваков тип одговара со контра прашања кои што обично или завршуваат со контра спин, некоја доволно глупо ретардирана констатација за која што ќе се пишува, наместо за оригиналното прашање, чија што првична намера била да го дискредитира политички и човечки, а наместо тоа, завршува некаде таму во заборав, се губи цела поента.
Пример кога ќе го прашаат дали бугарите биле фашисти, овој одговара со контра прашање во стилот - а дали нив некој ги прашал дали сакаат да бидат фашисти? - на што веднаш се надоврзуваат провладините експерутки со божемно објаснување на тоа што пресветлиот и премудар лидер сакал да каже, при што иницијалното прашање оди во п.м а Зоки го краде шоуто.
Слична работа му се случи и на Апасиев вчера. Овој го прашува Заев дали се обидувал да купи пратеници, очекувајќи дека ќе го стави во мат позиција, заборавајќи дека пред него стои лик со „образ ѓон“ кој што му враќа реторички и истовремено спинерски, од каде што во јавноста се создаде впечаток дека Заев ја финансирал кампањата на Апасиев, дека тој е негов пајташ и одработува за него. На сето ова се надоврзуваат провладините медиуми, медиумите под контрола на Мицковски заедно со непријателските крила на Левица, за да денес Левица биде принудена да излегува со соопштенија во јавност правдајќи се и давајќи објаснувања што тоа Заев од говорница сакал да каже.