ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 39 18,8%
  • Не

    Гласови: 140 67,3%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 29 13,9%

  • Вкупно гласачи
    208
Вчера Левица по подолго време беше ставена во дефанзива со оркестриран синхронизиран напад од двете партии, и дпмне и сдс симултано. Беа впрегнати во погон сите расположливи информациски медиуми во служба на информацијата пренесена на парламентарна говорница дека „Апасиев свесно соработувал со Заев за време на парламентарните, со цел откинување на гласови од дпмне“.

Некој добро го подучил Зоки како да се носи со незгодни прашања. Не знам дали ги има некој забележано ама на прашања од ваков тип одговара со контра прашања кои што обично или завршуваат со контра спин, некоја доволно глупо ретардирана констатација за која што ќе се пишува, наместо за оригиналното прашање, чија што првична намера била да го дискредитира политички и човечки, а наместо тоа, завршува некаде таму во заборав, се губи цела поента.

Пример кога ќе го прашаат дали бугарите биле фашисти, овој одговара со контра прашање во стилот - а дали нив некој ги прашал дали сакаат да бидат фашисти? - на што веднаш се надоврзуваат провладините експерутки со божемно објаснување на тоа што пресветлиот и премудар лидер сакал да каже, при што иницијалното прашање оди во п.м а Зоки го краде шоуто.
Слична работа му се случи и на Апасиев вчера. Овој го прашува Заев дали се обидувал да купи пратеници, очекувајќи дека ќе го стави во мат позиција, заборавајќи дека пред него стои лик со „образ ѓон“ кој што му враќа реторички и истовремено спинерски, од каде што во јавноста се создаде впечаток дека Заев ја финансирал кампањата на Апасиев, дека тој е негов пајташ и одработува за него. На сето ова се надоврзуваат провладините медиуми, медиумите под контрола на Мицковски заедно со непријателските крила на Левица, за да денес Левица биде принудена да излегува со соопштенија во јавност правдајќи се и давајќи објаснувања што тоа Заев од говорница сакал да каже.
 
Не знам зошто некој верува на човек кој пред цела јавност се колнеше во своите родени деца дека нема да го смени името на државата за да потоа го смени. Човекот кој вчера рече дека Бугарите биле администратори а не окупатори за да денес рече дека биле окупатори а не администратори. Мислам, жити се, треба да се објаснуваме кој е Зоран Заев?

Сепак несомнено е дека Заев заврши голема работа. Симпатизерите на ДПМНЕ знајно или незнајно ја вршат валканата работа на СДС. Можеби се синхронизирале, можеби сметаат дека борејќи се со Левица ќе се здобијат со гласачи, можеби па навистина се до толку краткогледи и не само што работат бесплатно за СДС туку и сосема непотребно ги рушат мостовите со Левица. Кога ќе има избори и ако успеат да се докопаат до мандат, многу веројатно ќе треба да прават коалиција со Левица за влада. Баш слична и сосема непотребна хајка направија со "Левица обезбедува кворум" што искочи дека е тотален фејк њус. Ај можеби Левица ќе собере поени бидејќи Курто и Мурто заедно ги напаѓаат ама јадење бурек против Левица никако не им е во корист на ДПМНЕ, мислам дека беспотребно излегоа како најголеми губитници. Можеа здружено да го нападнат Заев за : историја, Бугарија, образование, купување пратеници, Макпетрол ама ете изгледа поважно им е да се пресметуваат со Левица отколку со СДС.
 
Никој веќе не им верува на спиновите на СДС и ДПМНЕ. 30 години поминаа, а државата гледаме до кај е благодарение на двете банди. Рејтинзите им се на историски ниско ниво. Никогаш не биле под 20% и двете партии. Што повеќе се конфронтираат со Левица и се отклонуваат од нив, толку повеќе неопределени им се лепат на левичарите, со помислата дека навистина не се ни со ВМРО ни со СДС. После дуплирањетоа на рејтингот на Левица 4-5 месеци после избори и потенцијалните 100К гласачи кои ги имаат веќе несомнено е дека тргна бранот и вакви селски заврзламии нема да ги отклонат од нив тие гласачи, ниту па новите. Единствено што им преостанува е или да ги уништат преку судовите или да направат изборен фалсификат.
 
Не знам зошто некој верува на човек кој пред цела јавност се колнеше во своите родени деца дека нема да го смени името на државата за да потоа го смени. Човекот кој вчера рече дека Бугарите биле администратори а не окупатори за да денес рече дека биле окупатори а не администратори. Мислам, жити се, треба да се објаснуваме кој е Зоран Заев?

Сепак несомнено е дека Заев заврши голема работа. Симпатизерите на ДПМНЕ знајно или незнајно ја вршат валканата работа на СДС. Можеби се синхронизирале, можеби сметаат дека борејќи се со Левица ќе се здобијат со гласачи, можеби па навистина се до толку краткогледи и не само што работат бесплатно за СДС туку и сосема непотребно ги рушат мостовите со Левица. Кога ќе има избори и ако успеат да се докопаат до мандат, многу веројатно ќе треба да прават коалиција со Левица за влада. Баш слична и сосема непотребна хајка направија со "Левица обезбедува кворум" што искочи дека е тотален фејк њус. Ај можеби Левица ќе собере поени бидејќи Курто и Мурто заедно ги напаѓаат ама јадење бурек против Левица никако не им е во корист на ДПМНЕ, мислам дека беспотребно излегоа како најголеми губитници. Можеа здружено да го нападнат Заев за : историја, Бугарија, образование, купување пратеници, Макпетрол ама ете изгледа поважно им е да се пресметуваат со Левица отколку со СДС.
Постои една теза околу Левица која што последниов период максимално ја експлоатираат и СДС и ДПМНЕ, а тоа е: чија креација е Левица, чиј човек е Апасиев. На таа карта вчера изигра Заев и го разбуричка талогот на сомнежи кај некои поединци, јас би ги нарекол „плашливи гласови“ кои што водени од негативните искуства од минатото имаат изгубено доверба во било кој политички субјект, тешко е да ги убедиш да излезат на гласање поради страв да не бидат повторно изиграни.
Очигледно е дека кај нас во политичкиот живот во сенка се замешани доста странски интереси и финансиери. За тоа особено сведоци бевме изминатите неколку години. Народот е сомничав, а таквите сомнежи мислам дека и во иднина ќе се подгреваат и од двете партии.
Мислам дека во Вмро ценат дека опасноста од постоењето на Левица е поголема за нив од интересот за коалицирање. Посебно од последните анкети каде што Апасиев се покажа како сериозен политички играч во очите на јавноста, а Левица реална алтернатива за она што Вмро требаше да биде а не е, а тоа е вистински застапник на македонските национални интереси.
 
Најголемиот и најважниот тест за ВМРО ќе биде пописот..Ако ВМРО јавно не повика на бојкот туку ја тера сегашнава теза дека само нема да ги признаат резултатите ( што значи дека приќутно одобруваат да се спроведе ) нема да дојдат на власт најмалку во следниве 20 години. Левица најдобро ќе знае да го искористи тоа и верувам дека ќе водат кампања за бојкот на пописот со што ќе ги добијат симпатиите кај огромен броој македонски гласачи.
Вмро мора да сватат дека со ваквата апатична политика, би рекол и аматерска не тераат никаде, туку само ствараат одбивност кај народот. Дали ќе ја сменат стратегијата во следниот период времето ќе покаже
 
Последно уредено:
Што мислите зошто Грујо го избра Мицкоски пред Поповски, Николовски и уште неколку потенцијални кандидати? @Inglourious Basterd твоето мислење посебно ме интересира. :D
Грујо кадар ретко промашувал и не дека од прва не заклучил дека е лош избор. Дали е заради лојалност или за да го контролира, зашто друго објаснување тешко дека има?
 
Ако вака го контролира, си ебала мајката таа контрола. :D Немам логична претпоставка најблиску му е дека или му било наложено, или од истата причина заради која Фергусон го избра Мојс. За да покаже колку бил битен.
 
Или можеби знаел кои во ДПМНЕ се луѓе на (тогаш веќе избрканиот) Мијалков, па го одбрал овој кој никој не го сака.
Мицко ти е тип на човек кој секогаш го бираш последен на маалски фудбал, колку да пополнува место.
 
@Scirea па и не баш. Мијалков најмногу агитираше за Мицко пред конгресот. Заедничка одлука е таа на Груевски и Мијалков(или на Груевски поддржана од Мијалков-сеедно). А и тоа е интересно прашање. Дали братучедите се скарани или глумат лудило. Веројатно второто.
 
Кога би имал моќ би ги укинал за 15 секунди...џабе трошат CO2 у овие времиња на "тн. загадување" Ја сум све онаа што не е вмро а богами ни сдс...гомно партии кои не заслужуваат ни 10 секунди да им посвети историјата...
 
Грујо кадар ретко промашувал и не дека од прва не заклучил дека е лош избор.
Грујо го избрал.
Грујо не промашувал кадар.
Мора Мицковски да има скриена вредност некоја.

:pos:

Грујо е обичен сељак, шабан, што како малку кој направи штета на државата и партијата. Не е безгрешен у никој случај.
 
Toa дека направи штета на Македонецот за личен бенефит и власт потполно се согласувам, но далеку е Груевски од глуп. А посебно е далеку од глуп во кадровската и организационата политика. Тука мислам дека тешко во овие 30 години некој да направил таква способна екипа како Грујо, која го ровареше секое селце. Бејли и калето успеа да ги победи на избори со се снимени разговори, пржински договори и хистеришања секој ден.
Околу овој трупов што го избра, мислам дека беше посаден ваков нехаризматичен и (политички)глуп лик чисто за да го контролира, но се случи затворска казна и бегство, па сега партијата е во катастрофална ситуација.
 
А можеби и никој паметен не сакаше да влези на тоа место, затоа што знаеше како ќе заврши.

Иначе Грујо се покажа како голем нарцис, така да беше прилично наклонет кон субмисивни типови кои ќе му се пикнат во г'з. Тоа што беше добро во ДПМНЕ беше од пред 2008 година. После тоа сето беа утки во кадровската политика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom