Целта може исто така да биде сфатена во предизборна насока.
Во врска со Љубиша Георгиевски мислам дека нема потреба да се дига прашина, човекот јасно се изјасни и ја објасни таа “бугарска“ етикета која со децении некој се обидува да ја етаблира, оваа негова изјава беше чинам во неговото гостување во ЕВРОЗУМ на Канал 5 минатата година.
Штета што неможам да ја приложам, па да се расчистат некои работи.
Доколку нешто ви значи, ќе ви постирам друго интервју,кој како сака може да го интерпретира:
Тука мора да се спомене еден феномен. Поделбата на Македонија 1913 година одигра извонредно штетна улога во свеста на Македонецот. Зошто?
Затоа што ја прекина нормалната комуникација - политичка, културна, економска - меѓу Македонците.
Го прекина процесот на создавање на
единствена македонска историја на целиот македонски простор.
Македонските прогресивни сили ги врза за прогресивните сили на земјите во коишто опстојуваа.
Тие почнаа да ја прифаќаат политичката определба и филозофија на земјите меѓу кои Македонија беше поделена.
Јас верувам во национален имунитет на Македонецот. И ова е само една привремена појава во македонскиот национален корпус која мора да се одболедува, а која по мене има своја историска димензија.
Таа тргнува оттаму што предците на голем дел од луѓето што ја застапуваат пробугарската опција, работеле во бугарски институции и оттаму ја црпеле својата егзистенција. Тие минале низ егзархиските институции и нивните наследници го носат тоа чувство. Од друга страна, голем дел од нив биле репресирани од страна на минатиот систем, па нивното сегашно дејствување е резултат и на извесен отпор.
Иван Катарџиев
Од неодамна е припадник на СДСМ. Со академик Катарџиев разговаравме за една од најболните точки на македонското минато и сегашност - бугарофилството
