- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.784
- Поени од реакции
- 27.699
Ова е ветено лани на избори.Ако е преку докапитализација, добро е за сите. Ама дури не се случи, јас скептик сум.
Зголемување на капиталот на ЕЛЕМ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот четиригодишен период направи многу за финансиско зајакнување и зголе-
мување на инвестициите во најголемата енергетска компанија во земјата – Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Денес,
од финансиски и технички аспект, ЕЛЕМ е една од најсилните компании и најголем инвеститор во земјата.
И во претстојниот четиригодишен период, Владата на ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи на финансиско зајакнување
на ЕЛЕМ, со крајна цел да се обезбедат долгорочни средства за инвестиции и зголемување на домашното производ-
ство на електрична енергија.
Во таа насока, во следниот четиригодишен мандат, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира активности за привле-
кување на домашни и странски инвеститори кои ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ преку купување на нови акции и
приватизација на најмногу до 49% од сопственоста во ЕЛЕМ. Проектот ќе биде воден од светски реномирани консул-
тантски куќи, во целосно транспарентна постапка, со меѓународен јавен повик до потенцијалните инвеститори (со
објава во реномирани странски и домашни весници). Рок за завршување на докапитализацијата е декември 2013
година.
Со тоа, ќе биде задржана доминантна државна сопственост над ЕЛЕМ, а ќе биде обезбеден доволен капитал за
реализација на сите планирани и идни проекти на ЕЛЕМ. На тој начин ќе го зголемиме домашното производство на
електрична енергија и ќе овозможиме поголемо учество на ЕЛЕМ на регионалниот Балкански енергетски пазар.
Овој процес на докапитализација ќе го реализираме само доколку условите под кои инвеститорите се подготвени да
вложат во ЕЛЕМ се поволни за граѓаните на Република Македонија. Во спротивен случај, ќе изнајдеме алтернативни
начини на финансирање на планираните проекти.
Настрана политичките просерување што ги има во текстот, поентата е дека нема да го продадат управувачкиот пакет на акции. Не смеат да променат ниту збор од ова што го ветиле, за нивно добро.